Доделени наградите на  „Синедејс“


  Со проекција на филмот „Нема да си сама“ во режија на Горан Столевски и со доделување на наградите заврши 21. издание на Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“. Под слоганот „Од високо подобро се гледа“ и годинава фестивалот на нестандардни простори за проекции низ Скопје обедини повеќе од 15.000 вљубеници на европскиот филм. Беа прикажани […]

Концерт на камерниот ансамбл „Нов здив” во Охрид


Камерниот ансамбл на Филхармонија – „Нов здив“, вечерва, во 21 часот ќе настапи во црквата „Св. Софија“ во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Станува збор за настан во организација на Филхармонија, кој се реализира како дел од програмата на најстариот фестивал во земјата. На програмата се „Verklärte Nacht“ за гудачки секстет од Арнолд Шенберг, „Омен“ за соло […]

Изложба на слики од Башким Меџити во Куќата на Робевци


Самостојната изложба на слики од Башким Меџити ќе биде отворена вечерва од 20 часот во галеријата во Куќата на Робевци. Како што информираат организаторите, ќе бидат изложени 20-тина дела работени во последната година во техника акрил на платно. Башким Меџити е роден на 16 јули 1965 година во Гостивар. Дипломирал на Факултетот за ликовна уметност […]

Предлог-преговарачката рамка пред пратениците, дебатата продолжува денес


Во Собранието вчера започна дебатата по Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за старт на пристапните преговори на земјава со Европската Унија, со обраќање на премиерот Димитар Ковачевски, кој порача дека овој европски предлог за деблокирање на нашиот евроинтеграциски процес и за старт на преговорите на земјава со ЕУ на вистински начин ги отсликува нашите […]

Зголемен бројот на активни ковид-случаи во земјава, најавен состанок на Комисијата за заразни болести


  За 45 проценти е зголемен бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјава од понеделникот до вчера, иако нема пријавени починати лица во текот на оваа недела. Се очекува денеска Комисијата за заразни болести да одржи состанок на којшто ќе дискутира за состојбата со корона вирусот во државата. Согласно последната статистика од Институтот за […]

Каков татко таков син: Таткото на Илон Маск има тајно второ дете со поќерката


САД- Уникатниот пристап кон растењето на неговото семејство се чини дека е наследно Во вторникот, таткото на Маск, Ерол Маск (76), откри дека пред три години имал второ дете со својата поќерка Јана Безуиденхаут (34) – и го дал најморничавото објаснување зошто. „Единственото нешто за кое сме на Земјата е да се репродуцираме“, изјави Ерол […]

Радев почнува консултации со партиите од бугарскиот Парламент


Бугарија– Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска ќе има консултации со претставници на пратеничките групи во 47. Народно Собрание, пред да го врачи третиот мандат за формирање нова влада во рамките на актуелниот парламент, јави дописникот на МИА од Софија Радев пред два дена, по враќањето од посетата на Црна Гора, рече дека ќе има […]

Сончево со мала до умерена облачност и умерен ветер од северен правец


  Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ=8 Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и умерен ветер од северен правец. Минималната […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 15 јули 2022 година, 191-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 174 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 10 минути, а ќе зајде во 20 часот и 8 минути. Денов трае 14 часа и 58 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее […]

На Европа ѝ треба Марио Драги да остане премиер


  Со оглед на тоа што премиерската функција на италијанскиот премиер Марио Драги е на работ на колапс, Европската унија можеби ќе изгуби еден од последните возрасни луѓе во просторијата. Драги (74) е заслужен за спасувањето на еврото за време на финансиската криза и одигра клучна улога во стабилизирањето на третата по големина економија во […]

Солидарноста е најсилна од кога и да е: Интервју со Артур Жмијевски и Павел Алтхамер, уметници од Полска


  Полските  уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхамер, едни од најзначајните европски уметници од својата генерација, две недели беа ексклузивни гости на Музејот на современа уметност во Скопје. Не како публика, туку како креативци кои секој ден создаваа   уметнички слики на картон со акрилна боја и колажи од стари историски книги, мапи, карти, атласи, постери, образовни […]

Фон дер Лајен твитна на македонски: Ве сакаме во ЕУ!


По денешната посета на Скопје, средбите со функционерите и обраќањето во Собранието пред пратениците, каде упати барање да се прифати францускиот предлог, за да може земјава да ги почне преговорите со Европската унија за членство, претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, на твитер напиша и порака на македонски јазик. Во Твитер статусот на претседателката […]

Ивана Трамп, првата сопруга на Доналд Трамп почина на 73-годишна возраст


Поранешната сопруга на Доналд Трамп, Ивана Трамп, почина на 73-годишна возраст, соопшти семејството. „Нашата мајка беше неверојатна жена – сила на работа, спортист од светска класа, сјајна убавина и грижлива мајка и пријател. Ивана Трамп беше борец. Таа избега од комунизмот и ја прегрна оваа земја. Таа ги научи своите деца на храброст и цврстина […]

На протестите пред Собранието приведени десет лица


Вкупно десет лица се приведени денеска поради фрлање тврди предмети кон полицискиот кордон пред Собранието за протестите против предлог-преговарачката рамка. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, покрај веќе објавените, за фрлање на тврди предмети кон објектот на Собранието, приведени се и М.М. (34) од село Глуво, Д.П. (45) од Скопје, Н.А. (63) и […]

Русија ги одзеде лиценците на две бугарски и една чешка воена фабрика


Русија ја прекинува важноста на сертификатите издадени на три претпријатија за поправка на авиони – две во Бугарија и едно во Чешка.   Станува збор за бугарските „Терем – Летец“ и „Авионамс“, како и за чешкиот „Лом Прага“, пренесува Еуроњуз Бугарија.   Како што јави дописникот на МИА од Софија, според портпаролката на руското Министерство […]

Италијанскиот претседател Матарела не ја прифати оставката на премиерот Драги


Италијанскиот претседател Серџо Матарела не ја прифати понудената оставка на премиерот Марио Драги. Тој побара од Драги да се обрати во Парламентот за да ја процени актуелната политичка ситуација. Италијанскиот премиер Марио Драги претходно најави дека вечерва ќе поднесе оставка до италијанскиот претседател Матарела, откако неговата партија од владејачката коалиција не учествуваше на гласањето за […]

Доларот посилен од еврото, прогнозите за европската валута не се добри


  Денеска, за прв пат од 2002 година, заедничката европска валута вредеше помалку од доларот, а во споредба со истиот датум минатата година еврото загуби 20 отсто од вредноста. Ако се погледне периодот од почетокот на оваа година, еврото падна за околу 14 отсто во однос на доларот, пишува регионалниот бизнис портал СЕЕбиз. Еврото денеска […]

Цената на гасот во Босна и Херцеговина се зголемува за повеќе од 23 отсто по барањето на „Гаспром“


Во Федерацијата Босна и Херцеговина цената на гасот ќе се зголеми за 23,3 отсто, откако руски „Гаспром“ тоа го побара од „Енергоинвест“, компанијата која ја снабдува оваа енергија во Босна и Херцеговина. Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина во четвртокот ја прифати информацијата за поскапување на гасот почнувајќи од третиот квартал годинава, информираше министерот […]

Данела Арсовска експресно го разреши директорот на Зоолошката градина


Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска експресно го разреши директорот на скопската Зоолошка градина Кристијан Стаменов по монструозната вест дека заклал десет коњи што биле запленети од дрвокрадци – за да ги храни со нив лавовите. Во соопштението на Град Скопје стои дека културни, образовни и научни, се основните дејности на ЗОО Скопје, а нејзина основна […]

Зоолошката градина претворена во кланица, за два дена убиени 10 коњи


Нејасно е од каде потекнуваат овие животни кои вчера и денеска се убиваат во Зоолошката градина во Скопје. Директорот на ЗОО, Кристијан Стаменов, тврди дека им биле доделени од страна на Агенцијата за одземен имот, додека директорот на Агенцијата, Фатон Асани, тврди дека во последниве пет години, откако е тој директор, не се случило да […]