Доделени наградите на  „Синедејс“


 

Со проекција на филмот „Нема да си сама“ во режија на Горан Столевски и со доделување на наградите заврши 21. издание на Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“.

Под слоганот „Од високо подобро се гледа“ и годинава фестивалот на нестандардни простори за проекции низ Скопје обедини повеќе од 15.000 вљубеници на европскиот филм. Беа прикажани 50 филмови, а куриозитет беше ексклузивната Гала селекција, на која беа прикажани филмовите од неодамна завршениот Кански филмски фестивал.

– Го отворивме и затворивме фестивалот со две македонски режисерски имиња, Даријан Пејовски и Горан Столевски. Имавме ексклузивитет со проекции на канските филмови. Ни гостуваа регионални и европски режисерски имиња како гости. Полни проекции и работилници. Вака сумирани резултатите ни дозволуваат да бидеме презадоволни од овој „Синедејс“ и веднаш да се впуштиме во подготовка на новото 22 издание со овој стандард пред нас, кој ни покажува дека ние тимот на МКЦ можеме и знаеме,  вели Маргарита Арсова, координаторка на „Синедејс“.

 

На затворањето на фестивалот беа доделени наградите во двете фестивалски програми-  официјална селекција и SEE (South Eastern Europa) селекција. Во официјалната селекција, златната ѕвезда ја доби „107 мајки“, во режија на Петер Керекеш, сребрената ѕвезда за најдобра режија ја доби филмот е  „Оркестар“, во режија на Матеуж Лузар, а сината ѕвезда за најдобро сценарио ја доби Александра Терпинска за филмот „Други луѓи“. Специјално прзнание и е доделено на Наталија Теодосиева за улогата во „Мими“ на Даријан Пејовски.

Во SEE (South Eastern Europa) селекција, специјално признание му е доделно зн режисерот Иван Бакрач за филмот „По зимата“, а наградата „Златно сонце“ за најдобар филм ја доби „Вера сонува за морето“ на Калтрина Красниќи.