Ивана Трамп, првата сопруга на Доналд Трамп почина на 73-годишна возраст


Поранешната сопруга на Доналд Трамп, Ивана Трамп, почина на 73-годишна возраст, соопшти семејството.
„Нашата мајка беше неверојатна жена – сила на работа, спортист од светска класа, сјајна убавина и грижлива мајка и пријател. Ивана Трамп беше борец. Таа избега од комунизмот и ја прегрна оваа земја. Таа ги научи своите деца на храброст и цврстина , сочувство и решителност“, се вели во соопштението на семејството Трамп, кое го сочинуваат нејзините три деца и десет внуци.

Во изјавата за својата платформа Truth Social, Доналд Трамп се сеќава на Ивана како „прекрасна, убава и неверојатна жена, која водеше одличен и инспиративен живот“.

„Нејзината гордост и радост беа нејзините три деца, Доналд Џуниор, Иванка и Ерик“, напиша тој.

„Таа беше толку горда на нив, како што сите ние бевме толку горди на неа“.

Ивана Трамп беше првата сопруга на Доналд Трамп. Заедно имаа три деца: Доналд Џуниор, Иванка и Ерик Трамп.

Ивана, која е родена во Чехословачка, се омажи за Трамп во 1977 година. Тие беа во брак до 1992 година.