Поевтинува мазутот


  Малопродажните цени на бензините и на дизелот не се менуваат, а  цената на Мазутот М-1 НС од ноќеска на полноќ се намалува за 1,078 денари за килограм и ќе изнесува 52,649 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во […]

Османи ги осуди дипломатите што се вклучија во политичкото сценарио


Министерството за надворешни работи ги осудува насилните и несоодветни постапки на дел од учесниците во синоќешните протести. -Почитувајќи го правото на сите граѓани самостојно и слободно да го изразат своето негодување или револт преку протест, сметаме дека нема оправдување за ширење говор на омраза, извикување на навредувачки пароли и поттикнувањето тензии, како и прибегнување кон […]

Казахстан понуди повеќе нафта за ЕУ, Русија им го затвори нафтоводот


  Рускиот суд нареди „привремено затворање“ во средата (6 јули) на нафтениот терминал Новоросијск, кој е клучен за извозот на казахстанската нафта, само два дена откако претседателот Касим-Жомарт Токаев му кажа на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, дека неговата земја е подготвена да испрати повеќе нафта за ЕУ. Според извештаите во печатот, рускиот суд […]

МВР бара помош од граѓаните за идентификација на насилниците


МВР апелира до граѓаните, доколку било кој препознае некого од хулиганите, како што е лицето на снимката кое го фрли молотовиот коктел спрема полицијата и објектот на Собранието, да го пријави тоа на телефонскиот број 192 или во најблиската полициска станица. Без разлика дали пријавата е анонимна или не, полициските службеници ќе постапат и, доколку […]

Србија има 38,1 тони златни прачки, Македонија 6,9 тони, а Словенија 3,2


  Србија е водечка земја во регионот во однос на златото депонирано во трезорот на централната банка, покажуваат најновите податоци. Кинескиот рударски гигант „Зијин“, кој управува со најголемиот рудник за бакар и фабрика за топење во Србија, продаде 5,74 тони злато на Народната банка на Србија во последните три и пол години, објави компанијата. „Зијин“ […]

Македонските ракометари останаа без медал на Медитеранските игри во Алжир


Македонската ракометна репрезентација не успеа да се закити со бронзен медал на Медитеранските игри во Оран, Алжир. Попладнево избраниците на селекторот Кирил Лазаров загубија од селекцијата на Србија со 34:29. Македонците добро го почнаа натпреварот и веќе во 15. минута имаа водство со 9:6. Следуваа минути на Србите кои најпрво го изедначија резултатот (10:10) во […]

Што е скандалот „Пинчер“, кој може да го урне Борис Џонсон


  Британскиот премиер Борис Џонсон е на удар на критики за неговото постапување со случајот против Крис Пинчер, пратеник обвинет за сексуално недолично однесување. Заменик-шефот на парламентарната група поднесе оставка на 30 јуни по наводите дека пипкал двајца машки колеги во еден лондонски клуб во пијана состојба. Во текот на викендот, се појавија други обвинувања […]

Милион муслимански верници на аџилак во Мека


Саудиска Арабија – Милион муслимански верници се собраа денеска во светиот град Мека во Саудиска Арабија, со цел да учествуваат во аџилакот. Пандемијата од коронавирусот изминатите две години значајно го ограничи пристапот до едно од најголемите муслимански светилишта. Министерството за аџилак на Саудиска Арабија издаде дозволи за еден милион аџии од земјата и од странство да […]

Во Гостивар казнети 30 патници за неносење заштитни маски во јавен превоз


Полицијата открила 30 лица кои се превезувале со јавен превоз и немале заштитна маска, како мерка за спречување на ширење на Ковид-19. Тие ќе се соочат со парична глоба од 20 евра во денарска противвредност. Од СВР Тетово информираат дека вчера од 12:00 до 15:00 часот на поширокото гостиварско подрачје е спроведена акциска контрола во […]

На ОЈО му фалат обвинители, нема многу заинтересирани


Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција треба да има 20 обвинители, така што, ние сме шест помалку. Тоа не влијае многу врз работата затоа што колегите даваат максимум од себе, се останува и после работното време затоа што има и многу судења, истрагите ги водат обвинителите, со големи напори од страна на […]

Бектеши: Ќе има мерки и казни против сите кои што ја злоупотребуваат ситуацијата со енергетската криза


Ја следиме состојбата на терен со цените и на енергенсите и на основните прехранбени производи. Ќе има мерки и казни против оние фирми кои ја злоупотребуваат ситуацијата со енергетската криза, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Најави дека Министерство за економија веќе работи на дизајнирање на мерки за поддршка кои ќе бидат насочени кон […]

Адеми: Лажните вести за францускиот предлог не смеат да надвладеат


Нема време за лажни вести. Не смее лажните вести да преовладуваат, туку вистината да преовлада. Затоа сме денеска тука да разговараме со аргументи. Нема штета од дискусија, разговори, преговори, објаснувања и дообјаснувања со сите засегнати страни, изјави координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми пред денешната средба на партиските работни групи во Клубот на пратеници. […]

Во првите пет месеци од годинава извезени стоки во вредност од 3,356 милијарди евра


Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари – мај годинава изнесува 3.356.208.000 евра и бележи пораст од 18,8 проценти во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, пак, изнесува 4.973.195.000 евра, што е за 29,6 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната […]

Оптимистички очекувања за туристичката сезона, најавени гости и од скандинавските земји


Се уште не е букирана целата сезона, но очекуваме позитивни резултати, подобри од 2021 година, оцени денеска Туристичко-угостителската комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори. Како што беше речено на прес-конференција, се враќаат туристите од Холандија и Полска, Турците се редовни преку целата година, а веќе се најавуваат и гости од скандинавските земји. -Сезоната е […]

КЗБ: Почнува вакцинација со четврта доза против Ковид-19


Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ги разгледа заклучоците од Националната комисија за имунизација, во врска со почеток на вакцинација со четврта доза на вакцина против Ковид-19. Четврта доза може да примат лицата над 18 – годишна возраст, кои примиле три дози вакцина против Ковид-19. Граѓаните од денеска можат да се обратат во вакциналните […]

И Македонија ќе увезува работници од Турција? ТУК бара државата да овозможи вработување на 5.000 келнери, рецепционери …


Вкупно 5.000 келнери, садопери, рецепционери и собари од Турција можат веднаш да дојдат во земјава и да почнат со работа во нашите угостителски објекти, доколку државата им овозможи брзо вработување, под истите услови кои важат за македонските граѓани – само со лични карти и евидентирање без многу формалности, соопшти денеска Туристичко-угоститеката комора (ТУК) при Сојузот […]

„Идентитетол Форте“ – Уметничката акција го прикажува апсурдот во кој е заглавена Македонија


Утрово во центарот на Скопје вниманието на граѓаните го привлече уметничка инсталација „Идентитетол Форте“. Како што појаснија креаторите на оваа идеја, инсталацијата во форма на кутија со лекови е креирана да го прикаже апсурдот во кој е заглавена Македонија. „При секоја криза во Македонија елитите веднаш посегнуваат кон приказните за загрозеност на идентитетот, иако со […]

Европската комисија одобри 11 милијарди евра за Бугарија до 2027 година


  Европската комисија во средата го одобри договорот за партнерство со Бугарија во вредност од 11 милијарди евра (21,5 милијарди лева) за периодот 2021 – 2027 година. Бугарија ќе има пристап до над 16 милијарди евра од ЕУ за 7-годишниот период. Договорот за партнерство е основата врз која започнува работата на оперативните програми. Тој ја […]

ДЗС: Лани запишани 51.510 студенти


Во академската 2021/2022 година во државава се запишале вкупно 51 510 студенти, што претставува зголемување за 1,2 проценти во однос на претходната академска година. Бројот на запишани студентки е 29.823 или 57,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Најголем број студенти (82,6 проценти) се запишале на државните високообразовни установи, додека 16,8 проценти се запишале […]

Почина генералниот секретар на ОПЕК


Генералниот секретар на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) Мохамад Баркиндо почина на 64-годишна возраст, соопштија денеска нигериските власти. Портпаролот на нигериското Министерство за нафта потврди дека Баркиндо починал во Абуџа, еден ден по средбата со нигерискиот претседател во главниот град на земјата. Не е познато што ја предизвикало смртта на генералниот секретар на […]