Малолетен скопјанец силувал другарка


Вчеравечер во 00.45 часот во Полициската станица Центар, 43-годишна жена од Скопје пријавила дека врз нејзината малолетна ќерка била извршена обљуба од нејзин малолетен другар. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Горивата со исти цени, само мазутот поевтинува


Малопродажните цени на бензините и на дизелот не се менуваат, а  цената на Мазутот М-1 НС од ноќеска на полноќ се намалува за 1,078 денари за килограм и ќе изнесува 52,649 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек […]

На Миконос позитивни 64 отсто од тестираните


Грција – Стапката на позитивност, односно процентот на позитивни резултати од направените тестови и оваа седмица е висока на голем дел од грчките острови, над 40 отсто на Миконос, Парос, Санторини и Милос, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција за стапката на позитивност во […]

Исланд прв го ратификува членството на Шведска и Финска во НАТО


 Исланд е првата земја од НАТО што го ратификуваше членството на Финска и Шведска во Алијансата –  исландскиот парламент однапред даде согласност во јуни, објави финскиот портал за јавен сервис „Иле“. Откако исландскиот претседател Гудни Торлациус Јоханесон потпиша денеска, документите за ратификација беа испратени до американскиот Стејт департмент. Одлуката за ратификација на протоколот на Северноатлантскиот […]

На средбата на работните групи се изнеле повеќе идеи, разговорите продолжуваат


  Разменивме идеи околу тоа како може во наредна фаза и Собранието и Владата да се постават за европскиот предлог. Иако имавме различни ставови по многу прашања, духот беше конструктивен и мислам е добро да има вакви средби, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, по денешната средба на партиските работни групи во Клубот на […]

Македонскиот – национален, официјален или само јазик за преведување во ЕУ?


  Еден од аргументите против францускиот предлог за преговорите со ЕУ е дека не е точно тврдењето на Владата оти македонски јазик е гарантиран со Преговарачката рамка, бидејќи неговиот статус се утврдува на крајот, со отворање на Поглавјето 34, што сега не е дел од документите што ги презентираше Брисел. Станува збор за поглавје кое […]

Франција сака да го ре-национализира гигантот за електрична енергија ЕДФ


Француската премиерка Елизабет Борн денеска нагласи дека Франција има намера да ја ре-национализира фирмата за електрична енергија ЕДФ со цел енергетска безбедност на државата. – Денеска ви потврдувам дека државата има намера да држи 100 проценти од капиталот на ЕДФ. Со тоа ќе му се овозможи на ЕДФ да ги зајакне своите капацитети за да […]

Модниот бренд C&A ја напушта Србија?


Модниот синџир C&A се подготвува да ја напушти Србија, откако државата открила дека тие шверцувале кинеска роба и со тоа го оштетиле српскиот буџет за шест милиони евра, објавија денеска српските медиуми. Од Царинската управа на Србија за „Данас“ велат дека минатата година откриле злоупотреби кои со години ги вршеле вработени во странска модна компанија, […]

Во Сарај се отвора дисперзирана паралелка на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ за основно музичко образование


Државниот музичко балетски училишен центар „Илија Николовски – Луј“ чии простории се наоѓаат во центарот на Скопје, од учебната 2022/23 година ќе има дисперзирана паралелка за основно музичко образование во општина Сарај. Паралелката се отвора по барање и на иницијатива на родителите и училиштето, со согласност од Министерството за образование и наука и општина Сарај […]

„Бунт на куклите“ на Фестивалот на новореставрирани филмови во Болоња


На отворањето на Фестивалот на новореставрирани филмови „Il Cinema ritrovato” во киното „Џоли“ во Болоња беше прикажан македонскиот кусометражен, осумнаесетминутен игран филм од 1957 година „Бунт на куклите“ во режија на Димитрие – Рули Османли, а по сценарио на Љубе Петковски, кој воедно е и директор на фотографија, соопшти Кинотеката на Република Северна Македонија. „Бунт […]

Гасот и нуклеарките сега се „зелена енергија“: Европарламентарците гласаа за одлука што ќе ја обликува климатската политика


Членовите на Европскиот парламент денеска со мнозинство гласови одлучија нуклеарната енергија и природниот гас да се означат како „зелена“ енергија, што, како што пишува Вашингтон пост, е внимателно следена одлука која може да ја обликува климатската политика во наредните години. Во прашање е климатската рамка позната како „таксономија на ЕУ“, која има за цел да […]

Работните групи ја почнаа расправата за францускиот предлог


  Како што беше најавено, денеска попладне во Клубот на пратениците започна средбата на работните групи на политичките партии за разгледување на француски предлог со кој би се тргнало бугарското вето за почеток на преговори на Македонија со Европската унија. Се очекува на средбата партиските претставници да ги изнесат своите ставови и забелешки за предлогот. […]

АЕК на јавен состанок ќе додели одобренија за 5Г


Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) на јавен состанок закажан за 11-ти месецов ќе додели одобренија за 5Г. Воведувањето на 5Г во државава и доделувањето на одбренијата за 5Г се дел од агендата за првиот јавен состанок на АЕК за годинава. На дневниот ред се и теми за роамингот во Западен Балкан и напорите за обезбедување […]

ССМ ќе поднесе колективна тужба за неусогласување на колективните договори со Законот за минимална плата


Сојузот на синдикати на Македонија ќе поднесе колективна тужба за неусогласување на колективните договори согласно со Законот за минимална плата. Тужбата, како што денеска изјави претседателот на ССМ, Дарко Димовски, ќе биде поднесена пред домашните и странските судови. – ССМ ќе поднесе колективна тужба пред домашните судови и пред Советот на Европа по основ на […]

Приведен инспектор од УЈП кој побарал и зел мито


Приведен е Ј.К.(63) од Скопје, вработен како инспектор во Управата за јавни приходи. По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, тој денеска е лишен од слобода затоа што во својство на службено лице, во текот на мај и почетокот на јуни, постапувајќи по налог за контрола на […]

Албанија ги укинува царините за стоки со Северна Македонија, Србија и Косово 


Албанската Влада денеска одлучи да ги укине царините за стоки со потекло од Северна Македонија, Србија и од  Косово, кои минуваат преку албанските гранични премини, пренесува Јуроњуз Албанија. Како што се наведува во извештајот, оваа одлука е донесена врз основа на решеноста на земјата да учествува во иницијативата Отворен Балкан и одлучната помош што земјите-членки мора […]

Ивановски четвртфиналист на јуниорскиот Вимблдон


 Калин Ивановски се пласира помеѓу осумте најдобри тенисери на јуниорскиот дел од Грен слемот Вимблдон. Македонецот попладнево со 2-1 го победи Едас Бутвилас од Литванија кој важеше за осми носител на турнирот. Во меч што траеше два часа и три минути, Ивановски го загуби првиот сет со 4:6, во вториот возврати со 7:5, а во […]

Промовирана апликација „Bebbo“ за поддршка на родители на деца до шестгодишна возраст


Апликацијата на УНИЦЕФ „Bebbo“ наменета за поддршка на родителите на деца до шест годишна возраст, но и за време на самата бременост денеска беше официјално промовирана. Имено, мобилната апликација нуди сеопфатни и проверени информации и интерактивни алатки со одговори на најразлични прашања поврзани со здравјето и развојот на децата. Апликацијата е достапна на македонски и […]

Европскиот парламент со резолуција побара Србија да го признае Косово


  Членовите на Европскиот парламент (ЕП) усвоија резолуција во Стразбур во која се наведува дека напредокот на Србија кон ЕУ директно ќе зависи од зајакнувањето на владеењето на правото, нормализирањето на односите со Косово и усогласувањето со европската надворешна и безбедносна политика, што вклучува воведување санкции против Русија. Резолуцијата, врз основа на извештајот подготвен од […]

Нови 266 случаи со Ковид-19, активни се 1.273 случаи


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 953 тестови, а регистрирани се нови 266 случаи со Ковид-19 и 119 оздравени пациенти. Од вкупниот број позитивни (266), регистрирани се 64 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно регистарот на умрени лица со […]