Што е скандалот „Пинчер“, кој може да го урне Борис Џонсон

Пратеникот на конзервативците Крис Пинчер бил познат како сексуален предатор кој напаѓа мажи. Борис Џонсон знаел, но сепак го именувал на важна функција во февруари


Последното обвинување за крис Пинчер беше дека пијан во затворен клуб сексуално им здодевал на неколку мажи

 

Британскиот премиер Борис Џонсон е на удар на критики за неговото постапување со случајот против Крис Пинчер, пратеник обвинет за сексуално недолично однесување. Заменик-шефот на парламентарната група поднесе оставка на 30 јуни по наводите дека пипкал двајца машки колеги во еден лондонски клуб во пијана состојба. Во текот на викендот, се појавија други обвинувања за сексуално вознемирување против Пинчер.

Политичката криза се разви во вторникот вечерта, неколку минути откако премиерот во интервју за Би-Би-Си призна дека направил „лоша грешка“ со назначувањето на Пинчер во февруари оваа година и покрај тоа што бил свесен за обвинувањата за недолично однесување против него. Признавањето дојде по неколкудневните промени во одговорите на Даунинг стрит за тоа што знаел Џонсон за репутацијата на Пинчер кога бил именуван.

Налетот на оставки е најновата контроверзност што го мачи британскиот премиер по „партигејт“ – скандал за собирите на број 10 за време на заклучувањето од корона вирусот. Тоа доведе до барање за недоверба што Џонсон го преживеа. Сепак, неговата Конзервативна партија претрпе два неуспешни порази минатиот месец и сега оставките повторно ставија знак прашалник за иднината на премиерот.

Кои се многуте обвинувања против Крис Пинчер?

Имаше две жалби против 52-годишниот пратеник поради неговото однесување во клубот Карлтон во лондонски Пикадили на 29 јуни. Двајца мажи го обвинија дека пијан ги пипкал. Откако ова прашање беше пријавено и испитано од шефот на владата на ОК, Крис Хитон-Харис, Пинчер поднесе оставка.

Извинувајќи се за своите постапки, парламентарецот рече дека „премногу испил“ и „се засрамил себеси и другите луѓе“.

Сепак, Пинчер е сериски престапник. Во текот на викендот се појавија низа понатамошни обвинувања за сексуално вознемирување заедно со сугестии дека политичарот стекнал одреден степен на озлогласеност меѓу неговите колеги, пренесува „Индипендент“.

Во 2017 година поранешниот професионален веслач и активист на ториевците Алекс Стори го обвини дека Пинлер му се нафрлал. Тогаш Пинчер ги негираше наводите и истрагата спроведена од партијата подоцна го ослободи од неправилности.

Во јули 2019 година, тој беше вратен во владата од Џонсон, а потоа стана министер за домување. Тој беше назначен за заменик-шеф на парламентарната група од Џонсон во февруари оваа година.

Според извештајот на „Сандеј тајмс“, друг маж од ториевците ја известил канцеларијата дека Пинчер извршил несакана додворувања. Други конзервативни пратеници, исто така, рекоа дека е покрената загриженост за неговото однесување

По неколку менувања на ставовите, премиерот се обиде да ја расчисти целата контроверза.

Запрашан дали е грешка да го назначи Пинчер во владата, Џонсон рече: „Мислам дека тоа беше грешка и се извинувам за тоа. Во ретроспектива, тоа беше погрешна работа“.

„Им се извинувам на сите кои беа тешко погодени од тоа. Сакам да објаснам апсолутно дека нема место во оваа влада за некој што е предатор или кој ја злоупотребува својата позиција на моќ“, рече тој додека зборуваше за новинарите.