Маричиќ: Северна Македонија останува на европскиот пат


Не смееме да го изгубиме овој моментум за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, изјави денеска во Брисел вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на брифинг со претставниците на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан/ проширување (КОВЕБ/КОЕЛА), каде информираше за процесот на европската интеграција на земјата, за динамика на […]

Во Јужна Кореја работниците сѐ повеќе се заменуваат со роботи


Во Јужна Кореја во јануари беше усвоен Закон за работни односи, со којшто им се дозволува на судовите да ги казнуваат директорите или високите менаџери на компании доколку работниците бидат повредени или убиени на работа. Новиот Закон предвидува и затворски казни, па ги принуди компаниите да вложуваат во роботи и да ги заменуваат луѓето со […]

Промовиран проектот на ГИЗ – „EU4Business: Поддршка на регионалната економска интеграција“


Од денеска започнува да се спроведува проектот на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) – „EU4Business: Поддршка на регионалната економска интеграција“, кој има за цел да ја зајакне регионалната економска интеграција меѓу членките на ЦЕФТА преку поддршка на спроведувањето на Акцискиот план за заеднички регионален пазар. Министерот за економија Крешник Бектеши на промоцијата на проектот […]

Последната соработка на Карл Лагерфелд  ја слави ЛГБТ модата – Арчи Алед-Мартинез ја имаше таа среќа


Франција- За неговата прва соработка со друг бренд, шпанскиот дизајнер на машка облека Арчи Алед-Мартинез не може да поверува на својата среќа што е со Карл Лагерфелд, дизајнер кој е клучен во разгорувањето на неговата страст за модата во Aughts. „Јас само ја споделувам неговата визија или неговиот начин на гледање на облека или производство […]

Се дигитализира вработувањето во хрватската администрација


Хрватскиот министер за правда Иван Маленица реши да го прекине вработувањето „преку врски“ во јавната администрација, па објави тендер за набавка на опрема со која целосно ќе се дигитализира овој процес, што практично значи дека во иднина кандидатите за државни службеници ќе бидат избрани од робот. Според загрепскиот Јутарњи лист, за тендерот веќе се пристигнати девет понуди. Владата одлучи […]

Струјомерите ќе мора да се „читаат“ најмалку четири пати годишно


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ќе предложи измени на правилата за снабдување со електрична енергија со кои Електродистрибуција ќе биде обврзана најмалку квартално, односно еднаш на три месеци да ги чита броилата на потрошувачите на електрична енергија наместо еднаш годишно, како што е сега. Ова е договорено на денешната средба меѓу претседателот […]

Писателката на „Како да го убиеш својот сопруг“ осудена за убиство на сопругот


  Судија во Орегон ја осуди Ненси Крамптон Брофи, романтична писателка која очигледно го претскажала нејзиното злосторство во есејот со наслов „Како да го убиеш сопругот“, на доживотен затвор за смртта на нејзиниот покоен сопружник. Крамптон Брофи (71) минатиот месец беше прогласена за виновен за убиство од втор степен. Поротата откри дека таа го застрелала […]

Презентирана нова високотехнолошка економска развојна зона – Скопје 3


Технолошко индустриска развојна зона – ТИРЗ, денеска ја презентираше новата економска развојна зона – Скопје 3. Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, на денешната прес-конференција, изјави дека новата технолошко индустриска развојна зона ќе има нов концепт на работење со целосен фокус на високите технологии. – Целта, и тоа студијата го покажа, е, да генерираме инвестиции некаде […]

СЗО и УСАИД обезбедија биомедицинска опрема за унапредување на грижата за пациентите со Ковид-19


Со поддршка од Светската здравствена организација обезбедени се монитори за пациенти, маски за кислород и машини за позитивен притисок на дишните патишта (BiPAP) на две нивоа за што поуспешно справување со Ковид-19. Биомедицинската опрема, во вредност од 6.244.000 денари е набавена со поддршка од УСАИД и ќе овозможи унапредување на третманот и грижата за пациентите […]

Месната индустрија бара да продолжи ослободувањето од царина на свинското месо за преработка


Групацијата на месопреработувачи и месни индустрии преку Стопанската комора на Северна Македонија бара продолжување на мерката за ослободување од царина за замрзнато свинско месо наменето за преработка. Претставници на Групацијата денеска јавно побараа средба со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, за да ги образложат барања за продолжување на оваа мерка. – Во спротивно на […]

Двесте јуниори на „Спорт лајф’се прошетаа и забавуваа во ЗОО паркот на Скопје


За околу 200 деца и исто толку родители, во организација на „Спорт лајф“, се одржа едукативна и забавна програма во ЗОО паркот во Скопје – „Sport Life Јуниор“ ден.   Со водич од зоолошката градина, децата на вработените во „Спорт лајф“ обложувалници, имаа можност да се запознаат и да научат интересни работи за животните од […]

Германски закон ќе ги подобри правата на работниците и во македонски компании


Од 1 јануари 2023 година Германија воведува закон за корпоративна должна одговорност на брендовите односно на германските компании кои произведуваат преку синџир на добавувачи, со што законски се регулира унапредувањето на условите за работа и правата на работниците во компании во земјите со кои тие соработуваат. Новата легислатива во Германија ги обврзува германските компании на […]

Индија ја подмладува армијата, воведува измени во начинот на регрутирање војници


Индија планира драстично да го промени начинот на регрутирање војници за својата армија. Шемата за регрутација денеска ја соопштија министерот за одбрана Рајнат Синг и тројца армиски началници, појаснувајќи дека војниците ќе бидат регрутирани за период од по четири години, а четвртина од нив после отслужувањето на воениот рок ќе бидат воведени во активна служба. […]

Војвотката од Корнвол, Камила воведена во британскиот „највозрасен ред“ на витештвото


Англија– Војвотката од Корнвол, Камила слави свечен настан заедно со британската кралица Елизабета Втора и нејзиниот син-престолонаследник, принцот Чарлс. Имено, вчера, кралицата формално ја воведе војвотката (74) во „највозрасниот ред“ на витештвото во Обединетото Кралство – Редот на жартиерот. Во чест на оваа пригода, Бакингемската палата објави нов портрет на Камила заедно со Чарлс (73) и […]

Нова можност за компаниите да учествуваат во истражувањето на плати, додатоци и надоместоци „КонкурентнаПЛАТА“


Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) и годинава го спроведува националното истражување на плати, додатоци и надоместоци „КонкурентнаПЛАТА “ и ги повикува сите заитересирани компании за учество во истражувањето да се пријават најдоцна до 17 јуни на е-пошта [email protected]. Целта на истражувањето е да даде релевантни информации за цената на трудот за профили на вработени […]

Српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ нуди над 61 милион евра за „Будванска ривиера“ и „Свети Стефан“


Компанијата MKG Properties, која е дел од МК Групацијата, во сопственост на познатиот српски бизнисмен Миодраг Костиќ, се очекува да објави проспект за преземање на преостанатите акции на хотелите „Будванска ривиера“ и „Свети Стефан“ по вкупна цена од 61,5 милиони евра. потврдија за „Дан“ од повеќе извори блиски до берзата. Проспектот за преземање на преостанатите […]

Присила Присли објаснува зошто Грејсленд на Елвис е втор најпосетуван дом во Америка (фото)


САД- Поминаа 40 години откако палатата Грејсленд во Мемфис, за прв пат ги отвори вратите за јавноста, означувајќи им на низата љубопитни посетители дека можат да ѕирнат во приватноста на домот на рок легендата Елвис Присли. И покрај изминатите четири децении, неверојатно, немаше осека во постојаниот проток на љубопитни туристи. Луѓето сè уште лудуваат по […]

Бугарија контрапродуктивно ги брани своите интереси, вели белгискиот професор Детрез


  Едноумието за македонското прашање во Бугарија е задушувачко. Секој што има поинакво мислење е „национален предавник“ или „колаборационист“, вели познатиот историчар од Белгија, професорот Рајмонд Детрез во разговор за бугарската редакција на Дојче веле. Детрез кој е основач на Центарот за југоисточно-европски студии на Универзитет во Гент, Белгија, и автор на повеќе книги посветени […]

Полицијата го пронајде жителот на општина Старо Нагориане кој беше пријавен дека се оддалечил од домот


Полицијата го пронајде 47-годишниот жител на Општина Старо Нагоричане, кој пред повеќе од еден месец беше пријавен дека се оддалечил од домот, соопшти денеска СВР Куманово. – Вчера во 20:00 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го пронашле Б.П. (47) од село Ругинце, општина Старо Нагоричане, за кој на 11 мај годинава беше пријавено […]

Пред крај изградбата на ѕидот на турско-иранската граница


Турција речиси ја заврши изградбата на ѕидот на границата со Иран, се наведува во извештајот претставен на парламентарната поткомисија за миграција, јави весникот „Милиет“. Досега Турција има изградено ѕидови со вкупна должина од 1.079 километри долж нејзините копнени граници за да спречи илегален влез на мигранти, особено преку нејзините источни граници. Во голема мера е […]