Ламбе Алабаковски е на слобода, одземен му е пасошот


  БИТОЛА – Ламбе Алабаковски, од денеска е на слобода, но остана без пасошот како мерка на претпазливост што ја одреди  Кривичниот совет  на  Основниот суд во Битола, потврдува за медиумите правниот застапник на поп пејачот, познатиот битолски адвокат Дарко Стефановски.  Алабаковски по признавањето на делото беше притворен во затворот „Црн Мост“, па пуштен во домашен […]

Нова закана од Москва: Европа „ќе исчезне“ ако ѝ даде ракети на Украина


  Русија предупреди дека Европа ќе „исчезне“ во нуклеарна апокалипса во најновата закана за судниот ден на Кремљ ако биде снабдена со ракети. Вјачеслав Володин, претседателот на Државната дума, се нафрли откако поранешниот министер за надворешни работи на Полска Радослав Сикорски рече дека западните сојузници би можеле да испратат повеќе оружје во опколениот Киев. Сикорски […]

Уганда открила големи наоѓалишта на злато


Уганда откри неколку големи наоѓалишта на злато и планира да соработува со кинеска компанија, изјави портпаролот на Министерството за развој на минерали, Соломон Мујита. -Наоѓалиштата содржат вкупно 31 милион тони златна руда од која, според некои проценки, може да се извлечат 320.000 тони чисто злато, рече Мујита вчера. Владата се согласи со кинескиот партнер да […]

„Гаспром“ го намали снабдувањето со гас преку „Северен тек 1“ за Германија


Рускиот енергетски гигант Гаспром го намалува својот максимален волумен на испорака на гас преку гасоводот Северен тек 1 Балтичко Море до Германија за 40 проценти, наведувајќи го како причина доцнењето на поправките од страна на Сименс, соопшти денеска компанијата. Единицата за компресор за гас не била навреме вратена од поправка. Како резултат на тоа, сега може да […]

Бектеши открива дека имало неоправдано зголемување на цените и за 80 отсто, бара солидарност од сите


Мерките секогаш ги носиме во консултација со Стопанските комори. Не е фер кон потрошувачите во текот на 24 часа да има зголемување на цените од 80 проценти кога нема зголемување на оперативните трошоци, ниту пак на суровините, изјави на денешната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши. – Цените на суровините државата ги следи при влезни фактури од страна на […]

Грковска: Естонското искуство во делот на дигиталната трансформација е од големо значење


Продлабочувањето на меѓусебната соработка, особено во делот на естонското искуство во процесот на дигитална трансформација на општеството беше тема на разговор на денешната средба во Талин меѓу вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска и амбасадорката за дигитализација во естонското Министерство за надворешни прашања, Неле Леоск. На состанокот, информираат од владината Прес-служба, се разговараше […]

Руска уметничка објавила цртежи за драмата „Вагинални монолози“, обвинителот бара три години затвор за неа


  Јавниот обвинител за време на рочиштето во Централниот окружен суд во рускиот град Комсомолск-на-Амур побара уметничката и ЛГБТ активистка Јулија Цветкова да се осуди на три години и два месеци затвор. Ова го соопшти нејзината мајка Ана Ходирева. Цветкова е обвинета за дистрибуција на порнографија преку Интернет поради објавување цртежи на вулвата за познатата […]

Иконому: Грчката Влада ќе работи да се постигне целта до 2033 година Западен Балкан да биде дел од ЕУ


Се надеваме, посакуваме и грчката Влада ќе работи во насока да се постигне она што го кажа премиерот, до 2033 година Западен Балкан да биде дел од европското семејство, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по завршувањето на Самитот во Солун во петокот, како […]

(Видео) Пронајдени 15.500 стебла марихуана во штипско Карбинци во вредност од над 5 милиони евра


Полициски службеници од Одделот за сузбивање на сериозен и организиран криминал – Сектор за криминалистички истраги и Единицата за недозволена трговија со дрога, во координација со СВР Штип, во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Општина Карбинци ги лишија од слобода Н.С. (56), А.Н. (37) и М.С.(36), сите од село Карбинци, бидејќи кај нив […]

Битиќи: ФИТР ќе биде прва акредитирана институција кон Зелениот климатски фонд од Западен Балкан


Заврши вториот проект за подготвеност за Зелениот климатски фонд со кој се поставуваат темелите за климатски активности предводени од државата во иднина. Завршниот настан беше организиран од кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). За време на настанот, како што информираат од кабинетот […]

Русите контролираат 80 отсто од Северодонецк


  ЛВОВ – Северодонецк, главниот фокус на борбите во источна Украина во последните недели, сè уште не е блокиран од руските трупи иако тие контролираат околу 80 отсто од градот и ги уништија сите три моста што водат надвор од него, изјави официјален претставник во вторникот. „Сè уште има можност за евакуација на повредените, комуникација […]

Пратениците од опозицијата и од власта расправаат дали ребалансот на Буџетот ќе помогне во кризата


  Во собраниската Комисија за финансирање и Буџет денеска продолжи расправата за ребалансот на Буџетот за 2022 година. Пратениците од власта остануваат на ставот дека со овој ребаланс на Буџет фокусот се става кон потребите на фирмите, да се обезбеди нивна ликвидност, но и да се одржи социјалната сигурност на граѓаните. Според пратеничката од СДСМ […]

Масовна крводарителска акција во „Алкалоид“ по повод Светскиот ден на крводарителството


Со масовен настан за крводарување по повод 14 јуни – Светскиот ден на крводарителството – „Алкалоид“ ја продолжува петдецениската традиција на организирање крводарителски акции со вработените во компанијата. Под мотото „Дарувај крв, спаси живот“, 130 алкалоидовци изразија волја за крводарување во рамките на колективната акција, која се одржа во Центарот за едукација и за обуки […]

Нови 66 случаи на КОВИД-19 од направени 983 тестови, оздравени 115 лица


Во последните 24 часа регистрирани се нови 66 случаи на КОВИД-19, од направени 983 тестови. Оздравени се 115 пациенти, а не е пријавено ниту едно починато лице, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.   Од новите случаи, во Скопје се 50, Битола и Охрид по 5, Македонски Брод 2, Прилеп […]

Воведувањето четири блок тарифи за скапа струја не е противуставно, велат Зибери и Бислимоски


Народниот правобранител Насер Зибери и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски сметаат дека не се противуставни предложените измените на тарифниот систем за универзалниот снабдувач и воведувањето на четири блок тарифи за високата дневна тарифа на електричната енергија, односно за скапата струја. – Нашата земја и по Устав е дефинирана […]

Руски компании го преплавија Балканот, најмногу ги има во Црна Гора и во Србија


Ужасите на војната поттикнаа бран бегалци од Украина, а Обединетите нации проценија дека повеќе од шест милиони луѓе ја напуштиле земјата, главно жени, деца и нерегрутирани мажи. Од друга страна, неофицијални проценки велат дека околу пет милиони граѓани на Руската Федерација ја напуштиле земјата, пишува Ал Џезира Балканс. Прашањето е: што е со стекнатото знаење, […]

Маржата на лебот, шеќерот и зејтинот најмногу 5 отсто, на брашното, млекото и јајцата 10 отсто


  Владата на денешната седница на предлог на Министерството за економија донесе Одлука за определување на највисока трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало, информира министерот за економија Крешник Бектеши. „Во консултација со бизнис заедницата и по координација со надлежните институции донесовме одлука според која започнувајќи од утре, заклучно […]

Протестот на возачите на ЈСП се откажува, добија покачување од 2.800 денари


Возачите од ЈСП „Скопје“ го откажаа протестот кој го најавија минатата недела поради ниските плати и тешките услови за работа. Како што велат од трите синдикати и кабинетот на в. д. директорот Александар Стојковски, постигнат е договор за зголемување на платите за 2.800 денари од јунската плата која се исплаќа во јули.   „Од наредната […]

Полициска акција во Идризово – пронајдени дрога, оружје и други забранети предмети


Рано утрово полиција упаднала во најголемиот затвор „Идризово“. Од МВР соопштија дека при претресот, во затворот биле пронајдени дрога, оружје и други забранети предмети. Во соопштението на МВР се вели: На 14.06.2022 полициски службеници од Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Оддел за криминалистичка полиција и Оддел за специјални полициски операции -Единица за […]

Обвинителството побара дополнителна тимска реобдукција на телото на починатиот кај струмичко Ново Село


Основното јавно обвинителството – Струмица издаде наредба за дополнителна тимска реобдукција на телото кое беше пронајдено на 7 овој месец во местото Ореш, во атарот на струмичко Ново Село, бидејќи обдуцентите и по неколку денови не можеле да се произнесат за причините заради кои настапила смртта, информираа денеска од Јавното обвинителство. Во информацијата стои дека […]