Протестот на возачите на ЈСП се откажува, добија покачување од 2.800 денари


Фото: Б. Грданоски

Возачите од ЈСП „Скопје“ го откажаа протестот кој го најавија минатата недела поради ниските плати и тешките услови за работа. Како што велат од трите синдикати и кабинетот на в. д. директорот Александар Стојковски, постигнат е договор за зголемување на платите за 2.800 денари од јунската плата која се исплаќа во јули.

 

„Од наредната плата секој вработен во претпријатието независно на работната позиција и статус на вработување ќе добие покачување за 2.800 денари. Со оваа одлука нема да бидат опфатени вработените кои добија покачување со Законот за минамална плата“, стои во известувањето од директорот Стојковски.

 

Стојковски вели дека и покрај тешката состојба во која се наоѓа претпријатието, заедно со Град Скопје работат на подобрување на условите за сите вработени.