ГЕРБ со иницијатива за гласање недоверба на владата на Кирил Петков


Заменикот-претседател на ГЕРБ, Томислав Дончев, на денешната прес-конференција соопшти дека неговата партија ќе иницира гласање за недоверба на владата на бугарскиот премиер Кирил Петков. Како што јави дописникот на МИА од Софија, гласањето во 47. Народно собрание на Бугарија против премиерот Кирил Петков, според Дончев, ќе биде поради неуспехот на финансиската политика. Ова поглавје од […]

Владата донесе одлука за ограничување на маржите на основните прехранбени производи


Владата на Република Северна Македонија на денешната 52 седница донесе Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со која се определува највисоката трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало, соопшти владината прес-служба. Со оваа одлука, која е донесена по претходна консултација со бизнис заедницата и во координација […]

Турција е подготвена да го блокира влезот на Шведска и Финска во НАТО повеќе од една година


Турција – Турција е подготвена да го блокира членството на Шведска и Финска во НАТО повеќе од една година доколку не добие гаранции од двете земји дека ќе се справат со курдските групи кои Анкара ги смета за терористички организации. Ова е прашање што може да го наруши Самитот на НАТО во Мадрид на 29 јуни, […]

Концерт на Фатос Керимај и Златко Ориѓански во Тирана- најдобрата филмска музика


Во организација и со финансиски средства од Општина Тирана, вчера вечер, се одржа голем концерт на двајца композитори, Фатос Керимај и Златко Ориѓански. Првиот од Тирана, вториот од Скопје, секој со половина час своја музика, изведена од симфонискиот оркестар „Hybrid symphony“ составен од музичари од Атина, Тирана и Приштина. Под диригентство  на Керимај, оркестарот изведе дел од неговата […]

Русија воведе санкции за 49 Британци, меѓу кои 30 медиумски работници


Русија– Руското Министерство за надворешни работи воведе санкции за 49 британски државјани, меѓу кои и речиси 30 медиумски работници. „Во врска со антируските дејствија на британската влада за воведување лични санкции за водечките новинари на нашата земја и директорите на компаниите во домашниот одбранбен комплекс, беше одлучено на руската стоп-листа да бидат вклучени шефовите и […]

Реџепи ја напушта Алтернатива, ќе дејствува како независен пратеник


Пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива, партија која е дел од владејачкото мнозинство, во иднина ќе делува како независен пратеник. Реџепи, како што објави ТВ 21, денеска упатил писмо до претседателот на Собранието Талат Џафери со кое го информира дека ќе делува надвор од пратеничката група на Алтернатива. Во писмото тој наведува дека ќе дејствува како […]

Новак Ѓоковиќ се соочува со забрана на УС Опен, но на Русите ќе им биде дозволено да играат


САД– Тениската асоцијација на Соединетите Држави се очекува да потврди дека нема да се применуваат политички мотивирани забрани на теренот на играчите на претстојниот УС Опен, каков што е случајот со Вимблдон. Сепак, се очекува Новак Ѓоковиќ да не може да учествува на последниот грен-слем настан годинава, бидејќи не се планира да се олабават американските […]

Кралското семејство на „Ројал Аскот“: Уникатна ревија на откачени шапки


Англија–„Ројал Аскот“ започна во вторник и веќе донесе многу гламурозна мода. Присуствуваа членови на кралското семејство, вклучително и принцот Чарлс, војвотката Камила, принцезата Беатрис и принцезата Ана, сопругата на Едвард Софи, грофицата од Весекс, како и пријателите на семејството, и познати личности . Кралицата Елизабета Втора на првиот ден го пропушти настанот, како и војводата […]

По речиси 50-годишен спор Канада и Данска поделија мал арктички остров


Данска и Канада ќе го поделат на еднакви делови малиот ненаселен остров на Арктикот, познат како Ханс Ајленд, со што ќе се стави крај на речиси 50-годишниот спор околу сопственоста на оваа територија, соопшти денеска данското Министерство за надворешни работи. Канада и Данска ќе го поделат островот од 1,2 квадратни километри, што се наоѓа на […]

Бајден ја продолжи за една година Извршната наредба за Западен Балкан


  Претседателот на САД синоќа објави соопштение во кое се вели дека ја продолжува важноста на извршната наредба за Западен Балкан, која се однесува и на Северна Македонија потпишана лани на 8 јуни.  „Со извршната наредба 13219 од 26 јуни 2001 година, претседателот прогласи национална вонредна состојба во однос на Западен Балкан во согласност со […]

Следната седмица вонредна средба на СЗО посветена на мајмунските сипаници


Светската здравствена организација свика состанок на 23 јуни на Комитетот за вонредни состојби, на кој треба да се оцени дали ширењето на мајмунски сипаници претставува вонредна состојба за јавното здравје во меѓународен контекст. Највисоко ниво на предупредувања од здравствената агенција на Обединетите нации досега се издадени само за пандемијата на Ковид и за детска парализа. […]

Хрватскиот министер за надворешни работи Грлиќ Радман утре во посета на Скопје


Министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска Гордан Грлиќ Радман, на покана на неговиот колега, шфот на дипломатијата Бујар Османи утре ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Како што соопшти МНР, двајцата министри ќе имаат тет-а-тет средба по што ќе следи пленарен состанок меѓу делегациите на Министерството за надворешни работи […]

Лондон се обидува да ги ослободи заробените Британци, но не преку Москва


Англија– Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас изјави дека ќе стори „се што е можно“ за да бидат ослободени двајцата Британци, кои од страна на руските сепаратисти во Украина се осудени на смрт. Кремљ денеска информира дека Лондон не ја контактирал Москва во врска со ова прашање. – Ги уверувам семејствата дека ќе направам […]

ОПЕК очекува послаба побарувачка на нафта во 2023 година


Глобалната побарувачка на нафта ќе забави во 2023 година, изјавија претставници на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и извори од индустријата, бидејќи порастот на цените на нафтата и горивото ја поттикнува инфлацијата и ја задушува светската економија. Потрошувачката на гориво закрепна по падот во пандемијата во 2020 година и оваа година се очекува да ги надмине нивоата од 2019 година и […]

Љубомир Михајловски доби нов мандат да ја води Адвокатската комора, избран нов состав и на телата на Комората


Адвокатската комора на Република Северна Македонија го одржа 67-то годишно Собрание во рамки на кое беа избрани членови на новиот Управен одбор на Комората, а за претседател беше реизбран адвокатот Љубомир Михајловски. Како што соопштија денеска од адвокатската Комора, Михајловски, кој по втор пат ја добива довербата на адвокатите за прв човек на Комората, во […]

„Бруталниот путинизам“ го плаши Петков да го крене ветото


  На Бугарија ѝ се заканува силен антизападен бран среде руската пропаганда, а војната во Украина и укинувањето на ветото за Македонија може да доведе до „брутален путинизам“ дома, додека Скопје смета дека тоа е токму игра во рацете на Русија. „Еурактив“ праша бугарски политички аналитичари за политичката цена на укинувањето на ветото на земјата […]

Костадиновска-Стојчевска се сретна со премиерот на Фландрија


Негување на културното наследство како национален приоритет е во фокусот на ЕУ програмите за афирмација на младите луѓе од земјава кои ќе се обучуваат и волонтираат во Фландрија, со цел да се искористат позитивните практики. Важно е и младинското учество на летен курс кој е наменет за конзервација и археологија оваа година, рече министерката за […]

Тетово ќе оди на избори за Советот


  Можеби нема да има парламентарно гласање наесен, но Тетово ќе оди на нови избори на крајот од летово, што може да биде еден важен политички лакмус за тоа какво е расположението на гласачите. Владата на денешната седница донела решение за распуштање на Советот на Општина Тетово поради тоа што до 31 март не ја […]

„Лабораторија за млади од Западен Балкан“: Третина од младите се невработени


Невработеноста на младите од Западен Балкан во секоја од земјите е преку 25 проценти. Неусогласеноста на образованието со потребите на пазарот на трудот и потребата од нови ИТ решенија и нов пристап кој ќе ја отслика желбата на младите, со цел формирање исправни политики за вработување, се клучните проблеми кои ги посочуваат младите од регионот, […]

Навални префрлен на непозната локација, тврди негов сојузник


Русија – Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални е префрлен од неговата затворска единица на непозната локација, соопшти денеска неговиот сојузник Леонид Волков. – Не знаеме каде е сега Алексеј и во кое затворско одделение е одведен, објави Волков на Телеграм. Алексеј Навални беше уапсен во јануари 2021 година, кога се врати од лекување во Германија, откако претходно беше […]