Тетово ќе оди на избори за Советот


Тетово

 

Можеби нема да има парламентарно гласање наесен, но Тетово ќе оди на нови избори на крајот од летово, што може да биде еден важен политички лакмус за тоа какво е расположението на гласачите. Владата на денешната седница донела решение за распуштање на Советот на Општина Тетово поради тоа што до 31 март не ја усвоил завршната сметка за 20121.

Нуесвојувањето на овој документ беше последица на комплицирани политички игри во мнозинството и опозицијата во Советот. Седницата на која требаше да се гласа за завршната сметка на Општината беше прекината откако не беше усвоен дневниот ред за кој гласаа 15 советници, а 15 беа воздржани. Во мнозинството на тетовскиот Совет се Беса, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, како и двајца независни советници. Но тие тогаш не гласаа за дневниот ред.

Одлуката на Владата е донесена врз база на информацијата поднесена од Министерството за локална самоуправа. За датумот на гласањето треба да одлучи претседателот на Собранието, Талат Џафери. Претпоставка е дека тоа ќе биде 20 август, бидејќи на тој ден ќе се одржи гласање и за избор на градоначалници на општините Маврово-Ростуше и Центар Жупа.

Денеска независните советници од „Подобро за Тетово“ реагираа дека ако Владата донесе одлука за распуштање на Советот таа ќе била правно ништовна, бидејќи, според нив, биле се истечени роковите за реакција во однос на завршната сметка на општина Тетово.