Мајмунски сипаници потврдени кај 1.600 лица


Швајцарија– Светската здравствена организација (СЗО) има информации дека од почетокот на годинава, мајмунски сипаници се потврдени кај 1.600 лица, а постојат сомнежи за уште 1.500 случаи во 39 земји, соопшти директорот Тедрос Адханом Гебрејесус. Тој прецизираше дека мајмунските сипаници се присутни со години во седум од тие земји, додека останатите 32 држави се погодени сега. Како […]

Можен опасен топлотен бран на американскиот среден запад


САД – Поголемиот дел од американскиот среден запад и дел од југот се подготвуваат за потенцијално опасен и смртоносен топлотен бран, со температури кои би можеле да бидат рекордни. Се очекува да бидат погодени повеќе од 100 милиони луѓе, а владата ги предупреди жителите што е можно повеќе да останат дома и да бидат свесни за […]

Чествување на ликот и делото на проф. д-р Драги Михајловски


Катедрата за англиски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ денеска организира настан за чествување на ликот и делото на проф. д-р Драги Михајловски. На настанот што ќе се одржи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, поздравно обраќање ќе има деканката проф. др. Анета Дучевска, а воведна реч проф. др. Соња Витанова – […]

Шефот на хрватската дипломатија Грлиќ Радман во Скопје


Министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска Гордан Грлиќ Радман, на покана на неговиот колега, шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Како што соопшти МНР, двајцата министри ќе имаат тет-а-тет средба по што ќе следи пленарен состанок меѓу делегациите на Министерството за надворешни работи […]

Скопје ќе настојува за решение за ветото до последен момент, во Софија превирања и неизвесност


Северна Македонија е ангажирана на постигнување решение со Бугарија за отворните прашања и се уште се надева дека ќе слушне убава вест на претстојниот јунски Самит на ЕУ и покрај тоа што засега нема јасни најави за повлекување на ветото од страна на Софија. Во Бугарија, пак, политичката криза по излезот на „Има таков народ“ […]

Пијанистката Мимоза Ќека со рецитал во МКЦ во Њујорк


Во Македонскиот културен центар (Gallery MC) во Њујорк денеска ќе се одржи рецитал на пијанистката Мимоза Ќека. Рециталната програма вклучува фундаментални дела за пијано од музиката на 18, 20 и 21 век, со дела од македонски современи композитори. – Рециталната програма му овозможува на слушателот да го осознае стилот на компонирање на современите македонски композитори […]

Променливо облачно и топло до 32 степена


Променливо облачно со мала до умерена облачност која ќе биде поголема во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени. УВ=8 Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 15 јуни 2022 година, 166-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 199 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 57 минути, а ќе зајде во 20 часот и 10 минути. Денов трае 15 часа и 13 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина ќе изгрее […]

Англија понижена од Унгарија со најтежок пораз дома за 94 години


  Каков неред. Герет Саутгејт, знаеше дека му треба победа за да ја врати смиреноста по длабоко неубедливиот почеток на оваа кампања во фудбалската Лига на нации, кој донесе два бода од првите три меча и еден гол; ниту еден од отворена игра. Она што го доби селекторот на Англија беше ново и загрижувачко ниско […]

Производството на електрична енергија во Словенија на историски најниско ниво


Словенија повеќе не ги произведува потребните количини електрична енергија, а нејзината цена за домаќинствата и економијата може енормно да се зголеми во наредните месеци, предупреди денеска во интервју за словенечкото радио Александар Мервар, директор на Електростопанство Словенија „ЕЛЕС“. – Војната во Украина во моментов влијае на високите цени на енергетскиот пазар, но и да се […]

Тајгер Вудс во клубот на милијардери


Американскиот голф играч Тајгер Вудс им се приклучи на кошаркарите Леброн Џејмс и Мајкл Џордан меѓу спортистите, чија заработка се проценува на повеќе од една милијарда долари, објави магазинот „Форбс“. Вудс, кој оваа пролет се врати на голф терените по тешката сообраќајна несреќа што ја доживеа минатата година, во својата кариера досега заработил 1.7 милијарди […]

Надал тренираше на трева, но настапот на Вимблдон се уште неизвесен


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го имаше првиот полесен тренинг на тревна подлога по триумфот на Ролан Гарос во Париз и освојувањето на својот 22 Грен – слем турнир во кариерата. Како што јавуваат агенции, настапот на Надал на Вимблдон, сепак, останува неизвесен поради проблемите со неговото повредено стапало. Вимлбдон стартува на 27 јуни, а Шпанецот […]

Богатството на Беџет Пацоли е 743 милиони евра


  Лидерот на Алијансата за ново Косово, Беџет Пацоли и официјално е најбогатиот човек во Косово, а неговото богатство е околу 743 милиони евра, пренесува „Косово онлајн“. Пацоли пријавил недвижен имот во вредност од 210 милиони евра, вклучувајќи куќи, земјиште и хотели. Само една негова куќа чини речиси 18 милиони евра. Тој изјави дека хотелот […]

„Гаспром“: Испораките на рускиот гас во Европа ќе паднат за 40 отсто во 2022


  Испораките на руски природен гас преку магистралниот гасовод за Европа ќе се намалат за околу 40 отсто оваа година, објави „Гаспром“. Канадските санкции против Русија поради инвазијата на Украина го спречуваат германскиот партнер „Сименс енерџи“ да испорачува ремонтирана опрема. Германската агенција за комунални мрежи соопшти дека не смета оти се загрозени испораките на гас […]

Дали Западен Балкан ќе биде жртва на поделбите во ЕУ околу кандидатскиот статус на Украина?


  Францускиот весник „Монд“ пишува дека 27 членки на ЕУ се поделени околу доделувањето кандидатски статус на Украина, „иако не сакаат да остават впечаток дека Брисел се двоуми дали да ја поддржи земјата да го издржи притисокот од војната“. Досега најчесто се споменуваше можноста ЕУ да ѝ додели на Украина статус на „потенцијален кандидат за […]

Бугарија бара помош од германски царинци за граничниот премин кон Турција


  Бугарскиот вицепремиер и министер за финансии, Асен Василев, побара од Германија да испрати помош во цариници на граничниот премин „Капитан Андреево“ за да се намали корупцијата и да се овозможи побрз проток на луѓето и стоките. Тоа  василев го побарал од германскиот министер за финансии, Кристијан Линднер, кој денеска е во Софија. „Првата тема […]

Навални е преместен во затвор со строг режим во Владимирската област


Русија– Рускиот дисидент Алексеј Навални е префрлен во казнена колонија со високо обезбедување (ИЦ-6) во селото Мелехово, во Владимирска област, денеска за Тасс изјави претседателот на комисијата за јавен надзор, Сергеј Јажан. Претходно адвокатите на Навални соопштија дека нивниот клиент бил префрлен од колонијата Покров, во Владимирска област, каде што престојуваше досега, на нова, непозната […]

Србија нема да отвори нов кластер поради невоведувањето санкции против Русија


Министерката за европска интеграција на Србија Јадранка Јоксимовиќ изјави дека кластерот 3 нема да биде отворен во јуни во Брисел, затоа што Србија нема воведено санкции против Русија, јави дописникот на МИА од Белград. Кластерот 3, кој Србија го очекува во евроинтеграциите, го вклучува, меѓу другото, информатичкото општество и медиумите, даночниот систем, економски и монетарни […]

Навивачи претепале до смрт фудбалски судија во Салвадор


Салвадорски фудбалски судија е претепан до смрт од фудбалски навивачи и играчи за време на натпревар одигран во главниот град на државата Сан Салвадор. Судијата Хозе Амолдо Амаја (63) го загубил животот како последица на повреди здобиени на натпревар, кој го судел на стадионот „Толука“ во Сан Салвадор. За време на натпреварот судијата прво бил […]

Преку два огласи за закуп ќе се понудат 4.000 хектари земјоделско земјиште


На денешната седница Владата ја усвои Информацијата за давање на согласност за распишување на два јавни огласи за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање. Со првиот оглас се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од […]