Можен опасен топлотен бран на американскиот среден запад


САД – Поголемиот дел од американскиот среден запад и дел од југот се подготвуваат за потенцијално опасен и смртоносен топлотен бран, со температури кои би можеле да бидат рекордни.

Се очекува да бидат погодени повеќе од 100 милиони луѓе, а владата ги предупреди жителите што е можно повеќе да останат дома и да бидат свесни за здравствените ризици од високите температури.

Силното невреме вчера донесе силен дожд и ветер во многу погодени подрачја, а повеќе од 400.000 потрошувачи останаа без струја.

Според Националната метеоролошка служба, предупредувањата за топлотен бран биле на сила во поголемиот дел од Илиноис и Индијана, заедно со делови од јужен Мичиген и северозападен Охајо.