„Гугл“ го суспендира инженерот кој откри дека чет-ботот со вештачка интелигенција има чувства


  Суспендирањето на инженерот на „Гугл“ (Google), кој тврдеше дека компјутерскиот чет-бот на кој работел станал чувствителен и размислувал и расудувал како човечко суштество, го стави повторно на проверка капацитетот и тајноста околу светот на вештачката интелигенција (АИ). Технолошкиот гигант го пушти Блејк Лемоин на отсуство минатата недела, откако тој објави транскрипти од разговори помеѓу […]

Ирина Тошева слави 10 години на дизајнерската сцена: Јас сум за модна револуција


Со нова модна колекција и краток документарен филм Ирина Тошева ќе одбележи 10 години од постоењето на нејзиниот моден бренд. Останувајќи верна на својот моден етос, Тошева подлабоко се насочува кон културната одржливост, поминувајќи половина година во неуморно истражување, негување и афирмирање на културниот идентитет на „последните номади“ во Македонија. Инспирирана од овој социјално-културолошки феномен, користејќи го […]

Спасовски го отвори регионалниот семинар „За заедничка проценка на закани поврзани со организиран криминал”


  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска заедно со францускиот амбасадор во нашата земја Сирил Бомгартнер, го отворија дводневниот регионален семинар за Југоисточна Европа „За заедничка проценка на закани поврзани со организиран криминал”. Целта на семинарот, што го организира Амбасадата на Франција во замјава, е споделување на методологиите што се користат за спроведување на […]

ССМ: Одлуката за штрајк е доставена до Владата, Собранието и до градоначалниците


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повикува и поведува на штрајк со цел заштита на економските и социјалните права на своите членови и на вработените во јавен сектор од работниот однос. Како што соопштија од ССМ, штрајкот е најавен за 22 јуни, а рокот за исполнувања на нивните барања е до 21 јуни оваа година. […]

Новите генерации модни дизајнери во фокусот на 25. Моден викенд-Скопје: Сите во Градски парк


Четири дена по почетокот на календарското лето, едно од најголемите модни случувања во земјава се враќа во Скопје. 25-то издание на Моден Викенд под мотото: „Discover Who’s Next Graduation Show“ e за сите млади луѓе, за сите факултетлии, но и за сите оние бубачки и шумски ѕверки кои сакат да ја пренесат нивната приказна и […]

ДЗС ќе спроведе пробен попис на земјоделството од утре до 30 јуни


Од утре до 30 јуни Државниот завод за статистика ќе спроведе пробен попис на земјоделството со кој ќе бидат опфатени одреден број семејни земјоделски стопанства и деловни субјекти што се регистрирани и се занимаваат со активности поврзани со земјоделството. Основна цел на Пробниот попис, како што нагласуваат од ДЗС, е да се тестираат методологијата и […]

ЕУ купува околу 100.000 вакцини против мајмунски сипаници


Европската Унија денеска ќе потпише договор со непознат производител за околу 100.000 дози вакцини против мајмунски сипаници. Тие треба да бидат доставени до крајот на јуни. Информацијата е потврдена од еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес. По состанокот на министрите за здравство на државите членки на ЕУ во Луксембург, Киријакидес изјави дека вакцините ќе бидат купени […]

Новите антикризни мерки ќе почнат веднаш по изгласување на ребалансот на Буџетот, вели Битиќи


Новите мерки за справување со кризата почнуваат веднаш штом ќе биде изгласан ребалансот на Буџетот во Собранието. Мерките се насочени за најкритичните граѓани и компании, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.   Тој во гостувањето во „Утрински брифинг“ истакна дека сите мерки што се преземаат треба да бидат адекватни и возможни во одреден период, […]

Отворање на 59. Рацинови средби – годинашните награди за Александар Русјаков и Жарко Бошњаковиќ


Наградата „Рациново признание“ за најдобро прозно остварување за 2022 година му се доделува на авторот Александар Русјаков за романот „Хотел меѓу две војни“. Комисијата во состав Јасминка Делова-Силјанова (претседател) и членовите Снежана Петрова-Џамбазова и Маја Апостолска, едногласно одлучи од доставени 22 книги на конкурсот, наградата да се додели за ова прозно остварување кое плени со […]

Ровињ избран за најубав крајбрежен град во Европа


На листата се најдоа најубавите крајбрежни локации во Европа, а по Истра се и плажата Салеќа на Корзика, островот Фавињана во Италија, Ваденското Море во Данска, Поркерол во Франција, Антиб во Франција, Фуертевентура на Канарските острови во Шпанија. Исто така тука се и Компорта во Португалија, Посилипо во Италија, Коста да Морте во Шпанија и […]

Изнајмиле соба преку „Ер-БНБ“, нашле 10 скриени камери


Кога се резервира сместување за патнички или туристички престој однапред, но и на самото место, најважно е местото да е чисто и уредно, но и да нема скриени камери во собите… Корисничка на Твитер по име Џоана Фокс открива што доживеала со своја пријателка, во врска со резервирањето сместување на познатата платформа „Ер-БНБ“. Проследено со […]

Кевин Спејси пред британски суд


Англија– Актерот Кевин Спејси е обвинет за сексуален напад и треба да се појави на суд в четврток, соопшти британската полиција во понеделникот. Тој треба да дојде во Вестминстерскиот суд в четврток во 10 часот. Минатиот месец обвинителите дадоа зелено светло за покренување обвинение за 62-годишниот Спејси по четири точки од обвинението за сексуален напад […]

Дарја Ризова најдобра актерка на Фестивалот на актерот во Коњиц


Македонската актерка Дарја Ризова е добитничка на наградата за најдобра актерка во улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ на деветтото издание на Фестивал на актерот во Коњиц, Босна и Херцеговина, информира Македонски народен театар. Директорот на фестивалот, Бенјамин Мушиновиќ истакна дека радува фактот што оваа награда како жири-комисија ја доделува […]

Абазовиќ: „Отворен Балкан“ откри рецепт за иднината


На Самитот „Отворен Балкан“ во Охрид се случи „пресврт на што регионот треба да биде горд“, а Европа „виде еден поинаков Западен Балкан, што отворено разговара за својата иднина“, смета црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ. – Наместо за тоа „кој прв започна војна“, се разговараше за туризам, слободна трговија, енергија, земјоделство, економска и здравствена криза, како […]

„Политико“: Европската комисија ќе препорача кандидатски статус за Украина


Европската комисија ќе препорача Украина да добие официјален статус на земја-кандидат за членство во ЕУ, објавува бриселскиот портал „Политико“ повикувајќи се на неколку неименувани дипломатски извори. Еврокомесарите разговарале за тоа прашање во текот на вчерашниот ден, по ненадејната посета на шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во саботата на Украина. „Комисијата не заборава дека […]

Во Скопје изречени се вкупно 157 мерки за сообраќајни прекршоци


Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изрече вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се и 13 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, осум мерки за поминување на затворен сигнал (црвено […]

Хороскоп: Супер полната месечина во Стрелец носи големи предизвици – Еве кој треба да направи промени


Пред нас е интересен астролошки настан – 14 јуни ќе биде полна месечина во Стрелец, која уште се нарекува и супер полна месечина, а еве што да му донесеме на секој знак од Зодијакот. За време на полната Месечина во Стрелец, ќе бидеме похрабри во донесувањето одлуки, повеќе ќе се водиме од интуицијата и ќе […]

Столтенберг: Грција и Турција да ги решат разликите во духот на довербата и сојузничка солидарност


Грција– Ги поттикнуваме Грција и Турција да ги решат нивните разлики во Егејското море во духот на довербата и сојузничка солидарност. Тоа значи самовоздржаност, умереност и воздржување од каква било акција или реторика што може да ја ескалира ситуацијата, вели генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА, додавајќи дека […]

Пожар на грчкиот остров Парос


Грција- Подобрена е ситуацијата со пожарот што синоќа избувна во источниот дел на грчкиот остров Парос, а продолжуваат напорите на пожарникарите, како од копно, така и од воздух, за огнените јазици да бидат ставени под контрола, јави дописничката на МИА од Атина. Причината за пожарот е непозната, доцна синоќа започна да гори ниска вегетација во […]