Литванија ќе купи 18 самоодни хаубици од Франција


Литванија– Литванија ќе купи 18 самоодни хаубици од Франција, информираа министерствата за одбрана на двете земји. Литванија, членка на ЕУ и на НАТО, ќе инвестира дополнителни 300 милиони евра во својот воен буџет за годинава, поради тоа што војната во Украина ја зголеми безбедносната грижа во земјата, јави Гардијан. „Литванија ќе купи 18 хаубици од типот […]

Вселенскиот патријарх му подари на архиепископот Стефан комплет архиепископски панагии


Раскошен комплет од архиепископски панагии за време на официјалниот прием на целата црковна и државна делегација од Република Северна Македонија, му подари Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј на охридскиот архиепископ г. г. Стефан. По завршувањето на неделната богослужба во соборниот храм на Вселенската патријаршија, на која за првпат после повеќе од два века вселенски патријарх […]

Завршна изложба на учениците од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“


Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје вечер во 20 часот ќе отвори завршна изложба на која ќе бидат претставени трудови на учениците од прва до четврта година. Ќе бидат изложени слики, скулптури, графики, ентериерни решенија, цртежи, керамики, како и видеа, фотографии и дигитални принтови. На изложбата ќе бидат доделени и наградите за првенци на […]

Mакедонските атлетичари со импресивни резултати на меѓународни натпреварувања


 Македонските атлетичари Дарио Ивановски, Јован Стојовски, Андрес Трајковски и Адријана Поп Арсова, изминатиот викенд забележаа одлични резултати. На Европското првенство за мали земји што се одржа во Малта, Ивановски и Стојовски изборија подиум. Ивановски настапи на трката на 5 000 метри и патеката ја мина за време 14:08.99 минути, што му донесе убедливо прво место […]

Тешка кражба во Мексико, украдени контејнери со скапоцености


Мексико– Дваесетина контејнери, дел од нив со злато и со сребро, се украдени од пристаништето на градот Манзанило во западно Мексико. Надлежните органи во текот на вчерашниот ден ја опишаа операцијата како „невообичаена“ и „многу сериозна“. Криминалната операција, што некои медиуми ја нарекоа и „кражба на векот“, е извршена на 5 јуни на приватна парцела во […]

Дешам по поразот од Хрватска: Статусот на светски шампиони нема да ни помогне да победуваме


Франција– Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешам изјави дека статусот светски првак не е доволен да се победува. Французите синоќа загубија од Хрватска на домашен терен со 1:0 и останаа без шанса да ја одбранат титулата во Лигата на нации. Во случај на пораз од Австрија наесен, тие ќе испаднат во Б-лигата. – Ни се […]

Декларациите на сладоледите никој не ги чита, знаете ли што јадете?


Дали некогаш сте се запрашале од што се направени сладоледите што ги купувате денес и колку се здрави или не? Признајте, дали некогаш во животот сте прочитале декларација за сладолед? Тоа денес изгледа го прават инспекциите, додека ние избираме дали ќе јадеме „вода“ или „млеко“. Бидејќи речиси никој не обрнува внимание на информациите на амбалажата, […]

Доживотен затвор за авторката на „Како да го убиеш сопругот“ за убиство на нејзиниот сопатник


САД– Ненси Кремптон – Брофи, авторка на есејот „Како да го убиеш сопругот“, е осудена на доживотен затвор поради убиство на нејзиниот сопатник, јави Си-Ен-Ен. Таа е обвинета за убиство на нејзиниот сопруг, готвачот Даниел Брофи, кој беше убиен во училиштето каде што држеше часови за готвење во јуни 2018 година. Според судски документи, обвинители изјавија […]

Сто години стар „Лajка“ фотоапарат продаден за 14,4 милиони евра


Германија – Еден од првите некогаш произведени фотоапарати на „Лajка“, беше продаден на аукција во Германија за 14,4 милиони евра. Прототипот на „Лajка 0 серија“ (сериски број 105) е стар речиси 100 години и е многу редок. Таа е една од првите камери со 35 мм калибар. Уредот му припаѓал на германскиот фотограф и пронаоѓач на […]

Канадскиот премиер Трудо вторпат позитивен на Ковид-19


Канада– Канадскиот премиер Џастин Трудо по вторпат е позитивен на Ковид-19, неколку дена по средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден, објави бриселскиот портал „Политико“. „Ќе ги следам упатствата на здравствените експерти и ќе се изолирам. Се чувствувам добро, но тоа е затоа што ги добив вакцините“, напиша Трудо преку Твитер. Канадскиот премиер е вакциниран трипати. Во […]

Балетските претстави „Шехерезада“ и „Валпургиска ноќ“ вечер во НОБ


Во Националната опера и балет вечер ќе бидат изведени балетските претстави „Шехерезада“ и „Валпургиска ноќ“. -Приказните од „Илјада и една ноќ“ преточени во балетот „Шехерезада“ од Н.Р. Корсаков, под диригентската палка на Бисера Чадловска, кореографијата ја пренесе познатиот балет-мајстор од Москва, Михаил Крапивин, со првична постановка на Михаил Фокин, велат од НОБ. Сценографијата е на […]

Министерот Чупи побара авиолинија Тревизо – Охрид на иницијатива на иселениците во Италија


Министерот задолжен за дијаспора Џемаил Чупи испрати барање до Министерството за транспорт и врски за дополнителни авиолинии на релација Тревизо – Охрид откако престојуваше во Италија и имаше средби со претставници на здруженијата на нашинците во регионот на Венето.   -Нашите активни здруженија во регионот Венето изразија потреба од авиолинија Тревизо – Охрид, бидејќи во […]

Фестивал за класичен балет и модерен танц во организација на Детскиот културен центар „Карпош“


Од денеска до 16 јуни Детскиот културен центар „Карпош“ го организира второто издание на Фестивалот за класичен балет и модерен танц. Според директорката на установата, Билјана Лалчевска-Серафимовска, овој фестивал е единствен од ваков вид кај нас и е референтна точка за сите вљубеници во балтеската уметност и модерниот танц. -Фестивалската програма опфаќа класичен балет и […]

ЕУ: Дигиталните сертификати за Ковид-19 остануваат на сила уште една година


Белгија – Правилата на Европската унија за дигиталните сертификати за коронавирусот ќе останат во сила уште една година поради се уште актуелната пандемија на болеста. Претставниците на Европскиот парламент и на владите на земјите-членки синоќа се согласија да ги продолжат правилата до 30 јули 2023 година, соопшти француското претседателство со Советот на ЕУ, додавајќи дека прописите […]

Во студија се нагласува за широко распространето сексуално злоставување во бискупија во западниот дел од Германија


Германија–   Бројот на свештеници обвинети за злоупотреба, како и бројот на нивните малолетни жртви во бискупијата Мунстер во Западна Германија е значително поголем отколку што се мислеше, покажува студија. Истражувањето траеше две години и го спроведе петчлен тим од Универзитетот во Мунстер. Резултатите покажуваат дека во периодот од 1945 до 2020 година речиси 200 припадници […]

Сообраќаен режим на патот Маврови Анови – Жировница во наредните 45 дена


Од денеска од 10 до 16 часот и во наредните 45 дена се воведува привремен сообраќаен режим заради активности за асфалтирање на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница. -Во овој период ќе има комплетно затворање на патот Маврови Анови – Жировница во делот од брана Маврови Анови до ресторан „Трница“. Градежните активности ги […]

Шарл Мишел во посета на Црна Гора


Црна Гора– Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска ќе престојува во официјална посета на Црна Гора, соопшти Службата за информирање на претседателот на Црна Гора. Како што се наведува, Мишел во вилата Горица со највисоки воени и државни почести ќе го пречека црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ. Разговорите ќе започнат со средба на двајцата претседатели во […]

Претпладне сончево, попладне нестабилно со дожд и грмежи


Сончево време со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец се очекува до претпладневните часови. Попладне времето ќе биде нестабилно и облачно со пороен дожд и грмежи. локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 14 јуни 2022 година, 165-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 200 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 57 минути, а ќе зајде во 20 часот и 9 минути. Денов трае 15 часа и 12 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина ќе изгрее […]

Расправата за ребаланс на Буџетот продолжува утре


Комисиската расправа во Собранието за ребалансот на Буџетот за 2022 година продолжува утре во 11 часот. Во денешната расправа пратениците од опозицијата и власта останаа со спротивставени ставови. Според пратениците од власта, со ребалансот се проектираат повеќе средства од буџетот за поддршка на стандардот на граѓаните и се поддржува економска активност, а од опозицијата остануваат […]