Мик Џегер позитивен на корона, „Ролинг стоунс“ го откажаа концертот во Амстердам


Ролинг Стоунс го одложија денешниот концерт во Амстердам бидејќи пејачот Мик Џегер бил позитивен на корона вирусот, соопшти бендот. – На Ролинг Стоунс им е многу жал за вечерашното одложување, но приоритет е безбедноста на публиката, колегите музичари и придружниот персонал – се наведува во соопштението. pic.twitter.com/77xIYpxIJD — The Rolling Stones (@RollingStones) June 13, 2022 […]

Голем пад на реколтата во Украина


Жетвата на житото во Украина најверојатно ќе падне на околу 48,5 милиони тони оваа година од 86 милиони тони минатата година, изјави висок владин претставник. Првиот заменик-министер за земјоделство Тарас Висоцки изјави дека вкупната засеана површина е намалена за 25 отсто., пренесуваат британски медиуми. Украина е водечки светски производител на житарки и маслодајни семиња, но […]

Макрон: Франција и Европа влегоа во состојба на „воена економија“


Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека неговата земја и Европа влегле во состојба на „воена економија“. Тој посочи дека по руската инвазија на Украина во февруари годинава, Франција „влезе во состојба на воена економија“ во која, како што наведе, ќе остане уште долго. Говорејќи на отворањето на Eurosatory 2022, меѓународниот саем за трговија со оружје […]

Во поплавите во Анкара загинаа најмалку четири лица


Четири лица загинаа во невремето проследено со поројни дождови во турската престолнина Анкара, соопшти турското претседателство за управување со катастрофи и несреќи (АФАД) Спасувачките операции продолжуваат од почетокот на невремето, кое почна пред два дена. „Како резултат на дводневната операција за пребарување, во која учествуваа приближно 350 вработени, беше пронајдено безживотното тело на граѓанин зафатен […]

Јавниот долг 54,9 отсто од БДП, намален дополнителни 2,2 процентни поени


Дополнителни 2,2 процентни поени намалување забележа јавниот долг. Денеска објавените податоци покажуваат дека заклучно со првиот квартал од 2022 година јавниот долг се спушти на ниво од 54,9 отсто од БДП. Истовремено, намалување е забележано и кај државниот долг кој на крајот на март изнесува 46,8 отсто и е за 1,9 процентни поени понизок, соопшти […]

Повеќе од 18,4 милиони луѓе на Рогот на Африка се изложени на ризик од глад


По две години суша, 18,4 милиони луѓе во областа на Рогот на Африка се соочуваат со закана од глад, покажуваат денеска објавените податоци од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA). До септември, бројот на погодени луѓе во Етиопија, Сомалија и Кенија може да се искачи на 20 милиони. Веќе 7,1 милион деца […]

ЕИБ нема да инвестира во плински наоѓалишта, туку само во обновлива енергија


 Европската инвестициска банка (ЕИБ), инвестицискиот огранок на ЕУ, соопшти дека и покрај моменталната неизвесност околу снабдувањето со енергија за Европската унија, таа повеќе нема да финансира проекти за природен гас, туку само за обновливи извори на енергија. -Нашата политика е да престанеме да инвестираме во гасот. Сакаме 50 отсто од нашите средства да се инвестираат […]

Инфлацијата во САД и коронавирусот во Пекинг ја намалија цената на нафтата на 121 долар


Цените на нафтата денеска паднаа на 121 долар за барел поради новиот бран на Ковид-19 во Пекинг што предизвика загриженост за кинеската побарувачка и стравувања дека Федералните резерви на САД ќе ја ограничат инфлацијата со уште повисоки каматни стапки. Во Лондон цената на барелот падна попладне за 88 центи во однос на претходното затворање, на […]

Најголемата платформа за трговија со криптовалути BINANCE привремено ги запре исплатите во биткоини


BINANCE, најголемата светска дигитална платформа за тргување со криптовалути, денеска соопшти дека привремено ги прекинува плаќањата во биткоини поради, како што наведува, „застој во трансакциите“. Основачот и извршен директор на Binance, Чангпенг Жао, прво на Твитер објави дека проблемот ќе биде решен во рок од триесет минути.Но, подоцна тој се поправи и напиша дека „веројатно […]

МАТТО и ФТСО ќе соработуваат за воспоставување нова авио-линија помеѓу Скопје и Даламан – Фетије во 2023


Македонско-Турската стопанска комора – МАТТО и Стопанската индустриска комора на Фетије од Турција денеска реализираа работилница за соработка во областа на туризмот помеѓу Северна Македонија и познатиот туристички град Фетије во Турција, со цел воспоставување соработка меѓу членките на коморите и туристичките агенции од двете земји, како и воспоставување нова авио-линија помеѓу Скопје и аеродромот […]

Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ испрати 20 тони производи хуманитарна помош во Украина


Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ испрати 20 тони производи македонска хуманитарна помош за војската и за цивилното население во Украина, информираше на својот Фејсбук-профил поранешниот премиер Зоран Заев.     – Помошта ја доставивме во координација со Горениук Олександр, пратеник во Парламентот на Украина. Помошта пристигна во Одеса, стратешка позиција на демократска Украина, […]

Лажен балон на власта или алатка за справување со кризата – почна комисиската расправа за ребалансот на Буџетот


Еден документ – две дијаметрално спротивставени гледишта на Предлог – ребалансот на Буџетот за 2022 година, кој денеска се најде на седница на матичната Комисија за финансирање и буџет.  За опозицијата станува збор за „лажен балон“, како и дека „се симнати розовите очила на власта“, додека за пратениците од владејачкото мнозинство, предлогот нуди решенија за […]

Маричиќ во Брисел во последен обид да се тргне бугарското вето


  Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска во Брисел ги убедуваше своите соговорници дека лидерите на ЕУ мора да го искористат историскиот момент и да ги одобрат преговарачките рамки за Македонија и Албанија. Маричиќ се сретна со генералниот секретар на Европската служба за надворешно дејствување, Стефано Санино, со вршителката на должноста директор за Западен […]

Слави Трифонов дезертираше од владата, сега дезертираат пратеници од неговата партија


  Можеби министрите од партијата Има таков народ го послуша нивниот лидер Слави Трифонов да ја напуштат владата на премиерот Кирил Петков, но дел од пратениците не мислат така и тие ќе продолжат да ја поддржуваат владејачката коалиција. Слави Трифонов објави дека има информации дека неговата пратеничка група ќе се подели и дел од неа […]

Се продава болид на Ферари, кој во 1997 година го возеше Еди Ирвајн


Италија– Болидот на Ферари управуван од Еди Ирвајн на Големата награда на Шпанија во 1997 година е понуден на продажба. Станува збор за болидот F310B, кој беше произведен во девет примероци во текот на сезоната 1997 година, три користени исклучиво од Михаел Шумаехер, два само Еди Ирвајн, додека другите возачи ги споделуваа останатите болиди. Примерокот […]

Ковачевски на средба со Ердоган: Расте трговската размена меѓу двете земји


  Премиерот Димитар Ковачевски и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на денешната средба во Истанбул изразија взаемно задоволство односите меѓу двете земји и зголемувањето на економската соработка. На средбата, на која присуствуваа и министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заеднички беа констатирани традиционално […]

Инфлацијата во Србија над 10 отсто, раст и на потрошувачките цени


Потрошувачките цени на производите и услугите за лична потрошувачка во мај годинава се за 10,4 отсто повисоки во однос на мај лани, соопшти Републичкиот завод за статистика на Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Во однос на претходниот месец, цените скокнаа за 1,2 отсто, а од почетокот на годината растот на цените е 5,6 […]

Прв пат по 2003: Без Федерер, Надал или Ѓоковиќ на бр.1 или бр. 2 место на АТП листата


Ниту една од таканаречената голема тројка на машкиот тенис – Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ – не беше на првото или бр. 2 места на АТП рангирањето во понеделникот, првпат тоа е случај по речиси 20 години. Даниил Медведев се искачи за едно место за да се врати на број 1, каде што […]

Вистинските цели на Путин


Според сите стандардни показатели кои ги мерат постигнувањата според степенот на постигнување на планираните цели, војната што Русија ја води против Украина е неуспешна. Украина е помилитаризирана од кога било. Во моментов, таа е веројатно една од најмилитаризираните земји во светот. Безбедноста на Русија значително се влоши: НАТО не само што не се врати на […]

Пекинг тестира милиони луѓе, изолира илјадници поради група заразена со Ковид во бар


Кина– Властите во главниот град на Кина, Пекинг, денеска преземаат мерки да ја спречат епидемијата на зараза со Ковид-19 што избувна во 24-часовен бар познат по евтин алкохол и голем метеж, при што милиони се соочуваат со задолжително тестирање, а илјадници се во изолација. Избувнувањето на скоро 200 случаи поврзани со барот во центарот на градот кој штотуку повторно се отвори по минатонеделното […]