Мик Џегер позитивен на корона, „Ролинг стоунс“ го откажаа концертот во Амстердам


Ролинг Стоунс го одложија денешниот концерт во Амстердам бидејќи пејачот Мик Џегер бил позитивен на корона вирусот, соопшти бендот.

– На Ролинг Стоунс им е многу жал за вечерашното одложување, но приоритет е безбедноста на публиката, колегите музичари и придружниот персонал – се наведува во соопштението.

И самиот Џегер ја потврди информацијата на неговиот профил на Твитер, каде што го следат 2,4 милиони лица.

„Стоунс“ на 1 јуни во Мадрид ја започнаа европската концертна турнеја по повод 60-годишнината на бендот.