Голем пад на реколтата во Украина


Жетвата на житото во Украина најверојатно ќе падне на околу 48,5 милиони тони оваа година од 86 милиони тони минатата година, изјави висок владин претставник.

Првиот заменик-министер за земјоделство Тарас Висоцки изјави дека вкупната засеана површина е намалена за 25 отсто., пренесуваат британски медиуми.

Украина е водечки светски производител на житарки и маслодајни семиња, но нејзиниот извоз е сериозно погоден од руската инвазија.