Слави Трифонов дезертираше од владата, сега дезертираат пратеници од неговата партија


 

Можеби министрите од партијата Има таков народ го послуша нивниот лидер Слави Трифонов да ја напуштат владата на премиерот Кирил Петков, но дел од пратениците не мислат така и тие ќе продолжат да ја поддржуваат владејачката коалиција.

Слави Трифонов објави дека има информации дека неговата пратеничка група ќе се подели и дел од неа ќе ги поддржи лидерите на формацијата Продолжуваме со промената на Петков и министерот за финансии Асен Василев. Оваа порака стигна од стандардниот канал на Трифонов – неговиот Фејсбук профил. И тоа неполн час откако прес-службата на Има таков народ и неговата телевизија телевизија Седум осмини објавија дека „немаме поим“ дали информациите за напуштање на пратеници на пратеничката група се точни.

Трифонов објави дека пратениците кои остануваат на страната на Петков и Василев „најверојатно се купени со пари и позиции. Ќе се види и кој што ќе стане“.

Слави Трифонов прогнозира дека пратениците што го напуштаат ќе „кажат многу лаги и измислици“ за да ја оправдаат својата одлука „и да си ја смират грижата на совест“. Лидерот на партијата не пишува за колку луѓе се работи.

Бугарските медиуми претходно објавија дека може да стане збор за шест до осум пратеници. Има таков народ има 25 пратеници во собранието. На премиерот Петков му требаат 12 пратеници за да го има неопходното мнозинство од 121 пратеници.