Дешам по поразот од Хрватска: Статусот на светски шампиони нема да ни помогне да победуваме


Франција– Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешам изјави дека статусот светски првак не е доволен да се победува.

Французите синоќа загубија од Хрватска на домашен терен со 1:0 и останаа без шанса да ја одбранат титулата во Лигата на нации. Во случај на пораз од Австрија наесен, тие ќе испаднат во Б-лигата.

– Ни се спротивстави многу силна хрватска репрезентација. Тие одиграа подинамично од нас. Статусот на светски шампиони нема да победи натпревари за нас, рече селекторот на Французите.

Во 2018 година, француската репрезентација го освои Светското првенство 2018 во Русија, победувајќи ја токму Хрватска (4:2) во финалето.