Литванија ќе купи 18 самоодни хаубици од Франција


Литванија– Литванија ќе купи 18 самоодни хаубици од Франција, информираа министерствата за одбрана на двете земји.

Литванија, членка на ЕУ и на НАТО, ќе инвестира дополнителни 300 милиони евра во својот воен буџет за годинава, поради тоа што војната во Украина ја зголеми безбедносната грижа во земјата, јави Гардијан.

„Литванија ќе купи 18 хаубици од типот „Цезар Марк II“. Тие значително ќе ги зајакнат одбранбените капацитети на литванските вооружени сили“, напиша министерот Арвидас Анушаускас на Твитер.