Српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ нуди над 61 милион евра за „Будванска ривиера“ и „Свети Стефан“


Компанијата MKG Properties, која е дел од МК Групацијата, во сопственост на познатиот српски бизнисмен Миодраг Костиќ, се очекува да објави проспект за преземање на преостанатите акции на хотелите „Будванска ривиера“ и „Свети Стефан“ по вкупна цена од 61,5 милиони евра. потврдија за „Дан“ од повеќе извори блиски до берзата.

Проспектот за преземање на преостанатите акции на овие две државни компании ќе биде објавен врз основа на одлуката на Комисијата за пазар на капитал и врз основа на Законот за преземање на друштвата, пишуваат медиумите во Црна Гора.

Откако пред речиси 20 дена „МКГ пропертис“ стана сопственик на повеќе од 30 отсто од акциите на „Будванска ривиера“ и „Хотели Свети Стефан“, со закон беше обврзана да понуди на други сопственици да ги преземе акциите. „МК Груп“ потоа го зголеми својот удел во двете компании за 3,24 отсто, односно 1,51 отсто, а „МКГ пропертис“ стана сопственик на сите акции кои претходно беа во сопственост на АИК Банка и „Тандексон Лимитед“. Мнозински сопственик на двете компании е државата преку неколку фондови. Во „Хотели Свети Стефан“ Владата има 41,6 отсто од акциите, „МКГ пропертис“ 31,2 отсто, Пензискиот фонд 12,8 отсто, а Бирото за вработување 4,3 отсто. Според тоа, државата поседува 58,8 отсто, „МКГ пропертис“ 31,2 отсто, додека остатокот им припаѓа на малите акционери. Речиси иста е состојбата и во „Будванска ривиера“, каде „МКГ пропертис“ со поврзаната компанија „Тандексон лимитед“ сега има 32,2 отсто, а државата исто така 58,8 отсто.

Миодраг Костиќ

Во одлуките на Комисијата за пазар на капитал, донесени во четвртокот, се наведува дека „МКГ пропертис“ нуди 7,3 евра по акција за мнозинскиот пакет акции на „Будванска ривиера“, односно за 67,8 отсто од акциите или 5.498.740 акции, што е вкупно од 40, 14 милиони. „МКГ пропертис“ на крајот на мај ги купи акциите на „Будванска ривиера“ по просечна цена од 7,35 евра.

Кога станува збор за хотелите „Свети Стефан“, „МКГ пропертис“ нуди 68,8 отсто од акциите или 5.576.201 акција, 3,85 евра по акција или 21,45 милиони евра. Тоа се вкупно 61,5 милиони евра за двете компании.