Швајцарскиот банкарски гигант предупредува: Се раѓа нов светски поредок


  Швајцарската инвестициска банка Credit Suisse предупреди дека финансиските пазари се соочуваат со „нов светски поредок“ во услови на агресивни потези на некои централни банки кои се обидуваат да ја запрат инфлацијата со зголемување на референтните каматни стапки. „Пазарите паднаа во ‘совршена бура’. Имаме зголемена инфлација, повисоки каматни стапки и војната во Украина како фактори […]

„Московски комсомолец“ се извини што ги нарече руските војници „окупатори“


  Во каналот на Телеграм „’Московски комсомолец’: главната работа денес“ , се појави извинување во име на уредниците на весникот за „грубата грешка“ во онлајн изданието од 17 јуни, во објава за ослободувањето на украинската болничарка Јулија Паевска (Таира) од руско заробеништво. „Московски комсомолец“ ја нарече Таира „жесток украински националист“ и изјави дека одговорните за […]

Украина забрани музика и книги од Русија, а Молдавија информативни програми


  Врховната рада на Украина усвои закон со кој се забранува пуштање на руска музика во медиумите и јавните простори, изјави украинскиот пратеник Јарослав Железњак. Според материјалите на сајтот на Радата, за донесување на законот гласале 303 пратеници. Текстот на законот вели дека во Украина е забрането јавно да се изведуваат и прикажуваат „фонограми, видеограми […]

Уфе Елеман-Јенсен, поранешниот министер за надворешни работи на Данска, почина на 80 година


  Еден од најпознатите европски дипломати, особено во крајот на студената војна, Уфе Елеман-Јансен, почина на 80 години. Елеман-Јенсен беше министер за надворешни работи на Данска повеќе од 10 години од раните 1980-ти. Елеман-Јенсен е носител на највисокото македонско државно признание „8 Септември“, кое му беше доделено за исклучителен придонес во развивањето и зацврстувањето на […]

Со декларација СДСМ и партнерите го отфрлија барањето за предвремени избори


  Еден ден по митингот на опозицијата, коалициските партнери во владата го отфрлија барањето за одржување на превремени избори и тоа со декларација. За, на некој начин, партнерите во власта да го вообличат цврстиот став дека нема да попуштат пред барањата на опозицијата и заканите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе преземат целосна блокада на […]

Мора да балансирате меѓу националниот и европскиот интерес, вели специјалниот германски пратеник Сарацин


  На Балканот е важно да се знае каде оди патот. Ретко кој во регионот сака да биде дел од некоја нова верзија на Руската империја, вели Мануел Сарацин, специјален претставник на Германија во разговор за бугарската реадакција на Дојче веле. Осврнувајќи се на бугарската блокада за почеток на преговорите на Македонија, Сарацин вели: „Моето […]

Русија тврди дека во ракетен напад загинале 50 украински офицери


  Министерството за одбрана на Руската Федерација тврди дека најмалку 50 офицери загинале при ракетен напад врз командно место на украинските војници во областа Днепропетровск во Украина. Во пораката на руското Министерство за одбрана се вели дека на 18 јуни во 12:30 часот руската војска извршила напад со ракети со долг дострел од морето „Калибр“ […]

Германија ќе ја огранични употребата на гас за производство на струја


  Германскиот министер за економија во неделата изјави дека земјата ќе ја ограничи употребата на гас за производство на електрична енергија поради загриженоста за можниот недостиг предизвикан од намалувањето на испораките од Русија. Германија се обидува да ги наполни капацитетите за складирање гас пред зимските месеци, кога гасот е поитно потребен како гориво за греење. […]

На фронтот во Северодонецк нема промени, артилеријата безмилосно напаѓа


  Во последното ажурирање на разузнавањето, Министерството за одбрана на ика Британија вели дека Русија и Украина продолжиле со тешки артилериски бомбардирања на оските на север, исток и јужно од џебот на Северодонецк, но со мала промена во линијата на фронтот. Тие веруваат дека борбените единици од двете борбени страни во Донбас веројатно ќе доживеат […]

За Демократскиот сојуз францускиот предлог на „перфиден начин“ го оспорувал македонскиот идентитет


  Демократскиот сојуз изразува сериозни резерви за францускиот предлог за деблокада на почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ затоа што тој во суштина ги апсорбира националистичките и негаторските барања на Бугарија и билатералниот спор, преку преговарачката рамка, го претвора во спор помеѓу Македонија и Европската унија. ДС вели дека според документите кои […]

Во Црна Гора се удави момче од Македонија


  Момче од Македонија, на возраст од 22 години, се удави вчера на плажата „Утјеха“, помеѓу Бар и Улцињ, објави агенцијата СРНА. Момчето се удавило околу 18 часот. На телото немало траги на насилство, а дополнително треба да се утврди причината за смртта. Обвинителот ќе нареди обдукција, објавија црногорските електронски медиуми. Според објавите во локалните […]

Западен Балкан исчезна од приоритетите на чешкото претседателство со ЕУ


  Иако во последниве две години Прага зборуваше дека проширувањето на Европската унија кон Западен Балкан е еден од нејзините најважни приоритети, тоа го нема во врвната агенда на претседателството на Чешка со ЕУ кое почнува на 1 јули. Тој отклон беше најавуван последниве месеци откако во Прага има нова влада, а со презентирањето на […]

Францускиот предлог е многу добар за Бугарија, вели Христо Иванов од Демократска Бугарија


  Францускиот предлог за кревање на ветото е исклучително добар за Бугарија, а Слави Трифонов се обидува да ја искористи темата за да обезбеди алиби за некои негови внатрешно-политички дејствија, вели Христо Иванов, лидерот на владејачката партија во Софија, Демократска Бугарија. „Ова е во најмала рака неодговорен начин. Конечно го добивме резултатот од напорите за […]

Зошто човечкиот мозок бил поголем пред 3.000 години


  Вашите предци имале поголем мозок од вас. Пред неколку илјади години, луѓето достигнаа пресвртница во својата историја – почнаа да се појавуваат првите познати сложени цивилизации. Луѓето кои шетаа наоколу и се среќаваа во најраните градови во светот на многу начини им биле познати на современите урбани денес. Но, оттогаш, човечкиот мозок всушност малку […]

Литванија го забрани превозот на стоки до руската енклава Калининград


  Литванските власти го забранија транзитот преку нивната територија на стоки до руската енклава Калининград, кои се предмет на санкции од Европската унија, соопшти националната железничка служба. Енклавата – дом на руската балтичка флота и локација за распоредување на московските ракети „Искандер“ со нуклеарни боеви глави – е сместена во сендвич на балтичкиот брег меѓу […]

Гордон Браун вели дека Путин му се заканувал за време на посетата на Москва


  Поранешниот британски премиер Гордон Браун откри дека Владимир Путин му се заканувал за време на официјалната посета на Москва и вели дека Западот „не успеал“ да му се спротивстави на рускиот претседател со години пред неговата инвазија на Украина. „Немав илузии за тоа каков е Путин“, рече поранешниот премиер во интервју викендов. Потсетувајќи се […]

Столтенберг: Војната во Украина може да трае со години


  Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, не очекува брзо завршување на војната во Украина. „Мораме да се подготвиме за фактот дека тоа може да потрае со години“, вели тој. Но, не треба да се откажеме од поддршката на Украина. „Дури и ако трошоците се високи, не само за воена поддршка, туку и поради зголемените […]

Французите денеска решаваат дали ќе му дадат мнозинство на Макрон


  Во Франција денеска се одржува вториот круг од парламентарните избори. Кампањата заврши на полноќ во петокот со речиси борбен тон меѓу групацијата Заедно на претседателот Емануел Макрон и левичарскиот сојуз на Жан-Лук Меланшон, кои се рамо до рамо по првиот круг на 12 јуни. Вториот круг одлучува дали два месеци по неговиот реизбор за […]

Русија планира пак да прозведува автомобили „волга“


  Министерот за индустрија и трговија на Руската Федерација Денис Мантуров ги објави плановите за заживување на советските марки автомобили „волга“ и „победа“. „Можам малку да ги откријам плановите што ги има нашата автомобилска индустрија. Не е тајна дека ‘москвич’ ќе се произведува на поранешната локација на ‘Рено’. Колегите имаат планови да ги оживеат, на […]

Времето сончево, до 32 степени


  Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со услови за краткотраен пороен дожд попладне во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени Целзиусови. УВ индексот […]