Украина забрани музика и книги од Русија, а Молдавија информативни програми


 

Врховната рада на Украина усвои закон со кој се забранува пуштање на руска музика во медиумите и јавните простори, изјави украинскиот пратеник Јарослав Железњак. Според материјалите на сајтот на Радата, за донесување на законот гласале 303 пратеници.

Текстот на законот вели дека во Украина е забрането јавно да се изведуваат и прикажуваат „фонограми, видеограми и музички спотови“ доколку ова е дело на граѓанин на земја прогласена за „агресор“ во Украина. Врховната Рада во 2015 година ја прогласи Русија за „држава агресор“.

Во исто време, Рада усвои закон со кој се забранува увоз и дистрибуција на книги и други издавачки производи од Русија, Белорусија и окупираните територии на Украина.

Во исто време, претседателката на Молдавија, Маја Санду, потпиша закон со кој се забрануваат информативни програми од Русија, соопшти директорката на Советот за телевизија и радио, Лилијана Вицу.

„Се воспоставува концептот на борба против дезинформации, што значи воведување на многу построги санкции. Доколку тоа се докаже, на фирмите ќе им се одземат лиценците на седум години. По правило, во предизборниот период забележуваме изобилство на дезинформации“, рече Вицу.

На 2 јуни молдавскиот парламент усвои закон за заштита на информативниот простор, со кој се забранува реемитување на информативно-аналитички програми и воени филмови од Русија.