Уфе Елеман-Јенсен, поранешниот министер за надворешни работи на Данска, почина на 80 година
Еден од најпознатите европски дипломати, особено во крајот на студената војна, Уфе Елеман-Јансен, почина на 80 години. Елеман-Јенсен беше министер за надворешни работи на Данска повеќе од 10 години од раните 1980-ти.
Елеман-Јенсен е носител на највисокото македонско државно признание „8 Септември“, кое му беше доделено за исклучителен придонес во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката на Македонија со Данска, како и поради неговиот придонес во јакнењето на меѓународната положба и углед на македонската држава.
Конзервативно-либералната партија Венстре, предводена од Елеман-Јенсен од 1984 до 1998 година, денеска соопшти дека тој починал во текот на ноќта по долго боледување.
Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека Елеман-Јенсен бил остар политичар, голема личност и човек со голема храброст.
„Тој вешто ја претставуваше нашата земја за време на студената војна“, рече Фредериксен, додавајќи дека Елеман-Јенсен инсистираше Данска да остане посветена на заедничката политика на НАТО и повика на одржување блиски врски меѓу Европа и САД.