Шаленберг: Имам чувство дека го губиме Балканот


Министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг се надева дека на самитот на Европската Унија ќе има јасно упатен сигнал не само во правец кон истокот, туку и кон југоистокот на Европа. Според Шаленберг, Украина не е во конкуренција со државите од Западен Балкан. Се работи за веродостојноста на ЕУ, смета Шаленберг, во постигнувањето […]

Британските железничари за неделава го најавуваат најголемиот штрајк во последните три децении


Британската железничка мрежа неделава се соочува со најголемиот штрајк на вработените во последните повеќе од три децении. Спорот е за барањата за повисоки плати во моменти кога зголемената инфлација ги намалува приходите. Синдикатот на железницата RMT соопшти дека повеќе од 50.000 работници ќе учествуваат во тридневниот национален штрајк што ќе се совпадне со големите настани, […]

Остар пад на цените на акциите, ризиците од рецесија растат


Цените на акциите на светските берзи драстично паднаа минатата недела, втора по ред, бидејќи централните банки во светот ги зголемуваат каматните стапки за да ја ограничат инфлацијата, а со тоа ги зголемуваат ризиците од рецесија. На Волстрит, Dow Jones минатата недела се лизна за 4,8 отсто на 29.888 поени, додека S&P 500 потона за 5,8 […]

Шпанија: На изборите во Андалузија победи десничарската Народна партија


Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на премиерот Педро Санчез на вчерашните регионални збори во Андалузија претрпе пораз од десничарската Народна партија (ПП). Според делумните резултати, ПП, чиј кандидат Хуан Мануел Морено претседава со регионот од 2018 година, освои апсолутно мнозинство во Парламентот на Андалузија односно 56 од 109 пратенички места, додека ПСОЕ – 32 места. […]

Жителите на бугарско Струмјани бараат побрзо отворање на граничниот пункт „Клепало“


Жителите на бугарската општина Струмјани во близина на идниот граничен премин со Северна Македонија „Клепало“, стравуваат дека неговото отворање најверојатно ќе биде повторно одложено, пренесува Бугарската национална телевизија. Како што јави дописникот на МИА, жителите на Струмјани инсистираат на јасни и прецизни рокови за отворање на граничниот пункт. Првичните очекувања се дека ќе профункционира во […]

Поранешниот герилец Густаво Петро е новиот претседател на Колумбија


Левичарот и поранешен герилец, Густаво Петро е избран за нов претседател на Колумбија, прв од редовите на левицата во колумбиската историја.Петро освои 50,5 отсто од гласовите, додека за неговиот противкандидат, независниот Родолфо Хернандез, гласаа 47,3 проценти од граѓаните. На изборите гласаа околу 20 милиони луѓе од Колумбија. Шеесет и двегодишниот Петро победи со разлика од […]

Тајван погоден од силен земјотрес


Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во источниот дел на Тајван. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри во близина на градот Хуалиен. За сега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Исто така не е објавено предупредување за појава на цунами. Во 1999 година […]

Азески: Чичко ништо од бизнисот!


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, во најновата писмена порака се осврнува на пазарот на електрична енергија и како и на проблемите со кои се соочуваат компаниите кои се обременети со високите цени на струјата. Неговата пораак ја пренесеуваме во целост:  Струјата константно нè дрма вече девет месеци, а ќе нè дрм […]

Финската премиерка Сана Марин во посета на Северна Македонија


Премиерката на Финска, Сана Марин денеска ќе престојува во еднодневна посета на Северна Македонија.   Според агендата, Марин ќе биде пречекана пред Владата од премиерот Димитар Ковачевски по што ќе има билатерален состанок на двете делегации. Најавена е и заедничка прес-конференција на премиерот Ковачевски и премиерката Марин во 15:15 часот. Финската премиерка ќе се сретне […]

Продолжува комисиската расправа за ребалансот на Буџетот


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата за ребалансот на Буџетот за 2022 година. За говор по општата расправа се пријавени уште двајца пратенци по што треба да почне амандманската расправа во која треба да се разгледаат повеќе од 200 амандмани поднесени претежно од опозицијата. Во претходните три дена од […]

Поради посетата на финската премиерка посебен режим на сообраќај во Скопје


Поради официјална посета на премиерката на Република Финска, Сана Марин денеска и утре во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, информира Министерството за внатрешни работи. -Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје, соопшти МВР и […]

Неделава паѓа одлука за блок тарифите за електрична енергија


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) до крајот на неделава треба да ги усвои измените на тарифниот систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија со кои се воведуваат четири блок тарифи за високата дневна тарифа, односно за скапата струја. Блоковите ќе важат само за скапата струја и предвидено е во првиот блок да […]

Презентација на документ „Бугарското вето на македонските евроинтеграции: какво јаболко може да загризе Македонија?“


Институтот за демократија (ИДСЦС) и Институтот за европска политика (ЕПИ) денеска ќе го презентираат документот „Бугарското вето на македонските евроинтеграции: какво јаболко може да загризе Македонија?“. Како што информираат од ИДСЦС, документот има за цел да ја информира општата и политичка јавноста и да го изостри нејзиниот фокус за суптилностите кои евентуалниот компромис со Бугарија […]

Изложба „Ателје за цртање и сликање“


Во Галерија„КО-РА“ вечер ќе биде отворена изложбата на „Ателје за цртање и сликање“ На изложбата ќе бидат претставени бројни дела во повеќе техники, со разнородна тематика, настанати во текот на повеќе студиски години под менторство на Лара Ташковска Ларсон и академикот Васко Ташковски.

Неделава значителен пораст на температурите, денеска до 34 степени, УВ индексот ќе изнесува 8


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 7 до 16, а максималните ќе се движат од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 8, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.  Во Скопје ќе преовладува […]

„Путин е на пат кој ќе доведе до негова смрт“, тврди Михаил Ходорковски


  Поранешниот олигарх Михаил Ходорковски, некогаш најбогатиот човек во Русија, сега е еден од нејзините истакнати дисиденти и голем критичар на рускиот претседател Владимир Путин. Човекот кој собра огромно богатство преку сомнителни приватизации и руска анархија во 1990-тите и добро ја познава руската политичка елита, е убеден дека „Путин е на пат кој ќе доведе […]

Убиен командантот на крајно десничарски баталјон во Украина


  Според лидерот на украинската крајно десничарската партија Слобода, Олег Тјагнибок, командирот на волонтерскиот баталјон „Карпатска сеч“ Олег Куцин загинал „во правец на Изјум“. Куцин го создаде и го предводеше волонтерскиот баталјон „Карпатска сеч“во 2014 година. Единицата учествуваше во битките во Донбас. Во 2015 година, баталјонот стана дел од Вооружените сили на Украина. По целосната […]

Ахмети не е песимист, верува дека до крајот на јуни ќе се најде решение со Бугарија


  Јас не сум во кампусот на песимистите и сметам дека до крајот на месецот ќе се најде решение за спорот со Бугарија и ќе има епилог во прилог на мирот, стабилноста и иднината, истакна вечерва на прес-конференција претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети. „Сега овој процес го олеснува претседателот Макрон. Јас […]

Нема време до крајот на француското претседателство да се крене блокадата, соопшти бугарското МНР


  Целата бурна расправа околу тоа дали францускиот предлог за кревање на бугарското вето за почеток на преговорите на ЕУ со Македонија е адекватен или лош, веројатно паѓа во вода, затоа што денеска бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека веќе нема време да се расправа за тој документ. Особено затоа што Комисијата за надворешни […]

Мрачен ден за Макрон, го загуби мнозинството во парламентот


  Во тежок удар, францускиот претседател Емануел Макрон е на патот да го загуби своето парламентарно мнозинство во вториот круг гласање што забележа значителни придобивки и за тврдокорната левица и за екстремната десница. Во она што е голема вознемиреност за францускиот претседател, гласачите масовно излегоа во поддршка на десничарскиот Национален собир, како и на левичарската […]