Убиен командантот на крајно десничарски баталјон во Украина


 

Според лидерот на украинската крајно десничарската партија Слобода, Олег Тјагнибок, командирот на волонтерскиот баталјон „Карпатска сеч“ Олег Куцин загинал „во правец на Изјум“.

Куцин го создаде и го предводеше волонтерскиот баталјон „Карпатска сеч“во 2014 година. Единицата учествуваше во битките во Донбас. Во 2015 година, баталјонот стана дел од Вооружените сили на Украина. По целосната руска инвазија на Украина, „Карпатска сеч“ ја држеше линијата во регионот на Киев, а потоа учествува во борбите во источна Украина.