Десет балкански комори со ист став до владите – помогнете му на бизнисот


Претставниците од стопанските комори кои се дел од Асоцијацијата на балканските комори (АБК) на годишното Генерално Собрание, кое се одржа виртуелно на 31 мај 2022 година, во рамки на претседавањето на Стопанската комора на Кипар со АБК, дискутираа за повеќе теми осврнувајќи се на актуелните случувања во земјите-членки на АБК со акцент на плановите за […]

Русија го контролира поголемиот дел од Северодонецк


  Русија сега контролира околу 70 отсто од клучниот источен град Северодонецк, според гувернерот на регионот Луганск. Серхи Хаидаи рече дека украинските трупи сега прават тактичко повлекување на одбранбените позиции подалеку на запад. Заземањето на градот е клучна цел на руската инвазија. Тоа би значело дека тие го контролирале речиси целиот регион Луганск, една од […]

Во чудесна победа над Ѓоковиќ Надал покажа зошто е крал на Ролан Гарос (Галерија)


  Кога двајцата најголеми ривали во машкиот тенис уште еднаш се сретнаа на Отвореното првенство на Франција, многу фактори говореа во корист на Новак Ѓоковиќ. Кога и тој и Рафаел Надал пристигнаа во сезоната на земјени терени полна со неизвесност, оттогаш само Ѓоковиќ направи забележителни чекори напред. Надал, пак, сѐ уште ја бараше својата најдобра […]

Левче Китевски повеќе не е директор на ракометните репрезентации


Ракометната Федерација на Македонија денес соопшти дека ја прекина соработката со досегашниот директор на машките и женските репрезентации Левче Китевски. Двете страни взаемно се спогодија за прекин на соработката. – Ракометната Федерација на Македонија упатува благодарност за досегашниот ангажман на г-дин Левче Китевски кој ја извршуваше функцијата Директор на машки и женски репрезентации, стои во […]

Германија првпат рускиот гас го плати во рубли


Германските енергетски компании „РВЕ“ и „Унипер“ потврдија дека за прв пат рускиот гас го платиле според правилата на Москва односно во рубли преку посредничка банка во Русија. Според правилото усвоено на крајот март, набавувачите на руски гас од „непријателските земји“ мораат да отворат сметка во „Гаспром банка“ и на неа да уплатат дознаки во договорената […]

Радев не оди кај Макрон бидејќи немало напредок со Македонија


  Нема услови за моја посета, изјави денеска претседателот Румен Радев запрашан за неговата претстојна посета на Франција, поврзана со темата Република Северна Македонија. „Нема напредок за отворените прашања меѓу Софија и Скопје, така што нема услови за моја посета на Париз и на претседателот Макрон. Сакам да видам реални резултати, ја ценам посветеноста и […]

Намалена буџетската транспарентност – Македонија со пад во меѓународно рангирање за отворени Буџети


  Северна Македонија бележи пад во буџетската транспарентност, покажува истражувањето за отворени Буџети што го спроведе Центарот за економски анализи (ЦЕА) во соработка со International Budget Partnership’s (Меѓународното партнерство за буџети-МПБ) во кое се опфатени 120 земји. Повеќето од нив успеале да го задржат нивото на буџетска транспарентност и надзор како во претходниот 2019 циклус […]

Прогласени победничките зелени идеи за 2022 година


Здружението за социјални иновации – АРНО вчера ги прогласи победниците од натпреварот „Зелени идеи“ 2022 кој се одржа во Центарот за социјални претпријатија во Скопје. Како што соопштуваат од АРНО, на натпреварот пристигнаа 20 апликации, од кои 10 се натпреваруваа во македонското финале. Жирито составено од Дурим Зеќири од Стопанска комора на Северо-Западна Македонија, Игор […]

Три починати лица и 87 новозаболени со Ковид-19


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.384 тестови, а регистрирани се 87 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 54, Охрид – 9, Битола – 8, Прилеп и Берово – по 3, Велес, Штип и Кочани – по 2, Тетово, Кавадарци, Гостивар и Неготино […]

Горан Бреговиќ со концерт во „Де Факто“ Гевгелија


Големиот музичар, гитарист, продуцент, автор на филмска музика и основач на популарниот сараевски бенд „Бијело Дугме“, една од најпознатите југословенски поп/рок групи- Горан Бреговиќ, познат како Брега, доаѓа во Македонија. Со концерт  во „Де Факто“ во Гевгелија, на 25 јуни, најголемата балканска ѕвезда Бреговиќ, со својот оркестар од 12 музичари, пред околу 5000 гости, во […]

Македонска вечер за почеток на OFFEST


Отворањето на дваесет и првото издание на OFFest (1-4 јуни), односно првата фестивалска вечер, ќе биде целосно во знакот на домашните артисти. OFFest 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно состав „Перија“, како и маестралниот тандем на две наши исклучителни творечки фигури „Добрила & Дориан дуо“, со домашна концертна премиера на музичкото ремек-дело, албумот „Апокриф“ […]

Претседателот и членовите на РКЕ на средба со директорот на ЕЗ, Лорковски


Размена на мислења во врска со снабдувањето со природниот гас, но и за отпорноста на енергетскиот систем и функционирањето на регулативата во време на енергетската криза, беа тема на денешниот состанок во Скопје на членовите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) со Артур Лорковски, новоименуваниот директор на Енергетска заедница (ЕЗ). Претседателот на […]

„Путин нѐ зароби. Гласот беше прилично мек, на германски“


Дали Соединетите Држави и нивните сојузници, преку прекумерен оптимизам или наивност, едноставно згрешија со г-дин Путин од самиот почеток? Или тој со текот на времето се трансформираше во денешниот реваншистички воин Еден месец по инвазијата на Украина Роџер Коен, шеф на бирото во Париз на „Њујорк тајмс“ напиша еден подолг есеј за подемот, всушност, за […]

Економија, енергетика, инвестиции, демократија, одбрана – дел од областите опфатени со Стратешкиот дијалог со САД


Економијата, енергетиката, инвестициите, јакнењето на демократските институции, одбраната и безбедноста, културата и други сфери се опфатени со Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, кој ќе се одржи утре во Вашингтон. Делегацијата на Северна Македонија, ја предводи министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој од работната посета на Токио замина за Вашингтон, а во неа […]

Државно тестирање на третоодделенци за мајчин јазик и математика


Во Основното училиште „26 Јули“ во општина Шуто Оризари денеска почна првото главно тестирање во рамки на државното тестирање на ученици од трето одделение. Го спроведува Државниот испитен центар (ДИЦ) и ќе бидат опфатени ученици од 79 училишта на македонски наставен јазик и 41 училиште на албански наставен јазик. Ќе бидат тестирани 4.200 ученици по […]

Ковачев: Макрон не може да ги гарантира нашите интереси во Македонија


  Бугарија не може да прифати како гаранција ниту една усна или писмена изјава. Изјава во име на претседателот на Франција, Емануел Макрон, или во име на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, или кој било друг, не е гаранција. Ова во интервју за БГНЕС го изјави европратеникот Андреј Ковачев, потпретседател на Европската […]

Шаќири: Отворен сум за дијалог и соработка со синдикатот за високо образование


 Како што имавме социјален дијалог за основно и за средно образование, отворен сум за соработка и ја очекувам со репрезентативниот синдикат за високото образование, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири во врска со протестот кој за утре е најавен од професори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои бараат потпишување на Колективниот договор […]

Обнова на патот од Пуста Река до Цер за поврзување на Крушево и Кичево


 Општина Крушево денеска најави дека ќе започне со санација на патот од село Пуста Река до кичевското село Цер. -Со поддршка на централната власт ќе се започне со санација и порамнување на патот кој ги поврзува општините Крушево и Кичево. Ова е прва фаза, а во наредната ќе инсистираме на изнаоѓање извори на финансирање за […]

Мексико ја забрани продажбата на електронски цигари


Мексико ја забрани продажбата на електронски цигари поради загриженоста за нивните опасни здравствени ефекти, соопшти владата. Претседателот Лопез Обрадор го нарече „лага“ тврдењето дека електронските цигари се безбедна алтернатива на чадот од тутунот. „ Испарувањата се штетни  по здравјето“, додаде Лопез Обрадор, која потпиша декрет за забрана на Светскиот ден против пушењето. Тој покажа розова е-цигара […]

САД испратија авиони ловци „Ф-35“ за заштита на бугарскиот воздушен простор


Американски ловци „Ф-35“ слетаа во воздухопловната база „Граф Игнатиево“ во Бугарија како продолжение на мисијата на НАТО за заштита на воздушниот простор, јави БНР. Како што јави дописникот на МИА од Софија, веста на Твитер ја потврди Сојузна воздушна команда на НАТО. Во пораката не се наведува бројот на авиони. Кон крајот на мај требаше […]