Горан Бреговиќ со концерт во „Де Факто“ Гевгелија


Големиот музичар, гитарист, продуцент, автор на филмска
музика и основач на популарниот сараевски бенд „Бијело Дугме“, една од
најпознатите југословенски поп/рок групи- Горан Бреговиќ, познат како
Брега, доаѓа во Македонија.

Со концерт  во „Де Факто“ во Гевгелија, на 25 јуни, најголемата балканска ѕвезда Бреговиќ, со својот оркестар од 12 музичари, пред околу 5000 гости, во стилот по кој е познат, секогаш забавен и неуморен, ќе го одбележи стартот на богатата летна музичка програма.