Радев не оди кај Макрон бидејќи немало напредок со Македонија


 

Нема услови за моја посета, изјави денеска претседателот Румен Радев запрашан за неговата претстојна посета на Франција, поврзана со темата Република Северна Македонија.

„Нема напредок за отворените прашања меѓу Софија и Скопје, така што нема услови за моја посета на Париз и на претседателот Макрон. Сакам да видам реални резултати, ја ценам посветеноста и напорите на нашите европски партнери“, рече Радев.

За зборовите на премиерот на Бугарија, Кирил Петков дека сите одлуки на темата ќе минуваат низ Народното собрание, Радев рече: „Последна опција е секогаш народот“.

 

„Што се однесува до убедувањето на премиерот Кирил Петков дека последна опција за Република Северна Македонија е парламентот, морам да појаснам дека последна опција е секогаш народот и постојат уставни механизми за негова консултација“, рече Радев.