Светот може да се донесе и дома – Македонската агенција ИДЕА ЛАБ дел од Глобалниот PROI Самит во Хрватска


Од 30 мај до 02 јуни 2022, во Дубровник во Хрватска, македонската агенција за маркетинг и односи со јавност од Скопје, ИДЕА ЛАБ, беше дел од Глобалниот Самит на ПРОИ (PROI Worldwide), водечки глобален конзорциум на претприемачки агенции за комуникации со партнери во 58 земји. „Можноста да се биде дел од светот на PROI е […]

Промотивнa кампања за НЛБ кредитите за физички лица – без трошоци за одобрување и проценка до крајот на јуни


Промотивната понуда за кредити на НЛБ Банка продолжува и во текот на месец јуни, кога за сите клиенти кои ќе аплицираат за некој од НЛБ Кредитите се овозможени низа промотивни поволности. Клиентите кои ќе одлучат да ја започнат својата станбена приказна со купување на нов дом, како и оние кои имаат потреба од дополнителни финансиски […]

Водостојот на Преспанското Езеро е за 1,86 метри понизок од повеќегодишниот просек за јуни


За по еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското и на Охридското Езеро, а нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера. Со тоа, согласно последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Преспанското Езеро е за 1,86 метри понизок од повеќегодишниот просек за јуни. Пониско од просечното и тоа за еден […]

ССМ ќе одлучува за генерален штрајк


Откако вчера Сојузот на синдикатите на Македонија не постигна договор со Владата за линеарно зголемување на платите, денеска ќе заседаваат претседателството и советот на ССМ кои треба да одлучат за почнување генерален штрајк. Претседателот на ССМ Дарко Димовски по вчерашната двочасовна средба во Владата изјави дека не е постигнат договор со Владата за линеарно зголемување […]

Бугарски научници ќе ги убедуваат европратениците во исправноста на ставовите на Софија за Македонија


 Бугарски историчарите и филолози ќе заминат за Стразбур, со мисија да ги убедат европратениците во „исправноста на бугарската позиција во спорот меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија“, објави софиски „Стандард“. – Ова патување доаѓа многу доцна. Две години предлагам да одиме со професор Пламен Павлов и Ана Кочева во европските метрополи и да убедуваме. […]

„Пари“: Првото тримесечје со 10 милиони евра поголема добивка од лани и раст на активите кај сите банки


Првото тримесечје од годинава македонскиот банкарски сектор го завршил со добивка по оданочување од 42,7 милиони евра. Тоа е за околу 10 милиони евра повеќе во однос на ланската добивка за истиот период кога банкарскиот сектор профитирал со 32,2 милиони евра, покажуваат податоците од Народната банка. Податоците покажуваат подобар успех во работењето, така што се […]

(Видео) Гори деловен центар во Москва: Има заробени луѓе


  Пожар изби во деловен центар во центарот на Москва, јавуваат руските медиуми кои наведуваат дека се стравува дека во зградата што гори има заробени луѓе. Пожарот избил во деловниот центар „Гранд сетун плаза“, а како што се наведува во огнената стихија во зградата има најмалку 20 заробени луѓе. 🇷🇺A fire broke out in the […]

Бостон поведе против Голден Стејт во финалето на НБА (видео)


Кошаркарите на Бостон поведоа со 1-0 во серијата до четири победи во финалето од разигрувањето за титулата во НБА лигата, откако синоќа на гостински терен со фантастична игра во последната четвртина го совладаа Голден Стејт со 120-108. Домаќините влегоа во завршните 12 минути со предност, но тогаш уследи неверојатно враќање на Бостон. Гостите ја отворија последната четвртина со серија […]

Повторно пукотници во САД: Тројца загинати во Ајова, двајца повредени во напад на погреб во Висконсин


Маж вчера застрела две жени на паркинг пред црква во сојузната држава Ајова, а потоа се самоуби, соопшти полицијата, што додава уште три жртви во серијата пукутници што деновиве го потресоа САД. Пукотницата во Ајова се случи веднаш откако претседателот Џо Бајден одржа говор за оруженото насилство по масовните престрелки во Бафало, Њујорк, Увалде, Тексас […]

Тропски шмек на третата вечер од 21. „Oффест“


Третата вечер на OFFest (1-4 јуни), ќе ја одбележат три настани: проекција на документарниот филм “THE RUMBA KINGS” (20:00), потоа концертен настап на колумбиските тропски велемајстори LOS PIRAÑAS (22:00), како и ди-џеј сет на Mario Galeano попознат како FRENTE CUMBIERO (24:00). Целата програма ќе се одвива во МКЦ (Кино Фросина, Дансинг сала и Кафе МКЦ). Документарниот филм “THE RUMBA KINGS” (2021) на режисерот Алан […]

Столтенберг: Војната во Украина ќе трае долго


 Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг предупреди дека сојузниците на Украина мора да се подготват за „тешка исцрпувачка војна“. – Мораме да бидеме подготвени за војна на долг рок. Бидејќи она што го гледаме е дека оваа војна сега стана исцрпувачка војна, изјави Столтенберг по средбата со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа. Тој […]

Се продава јахтата на Дејвид Боуви


Јахта што некогаш му припаѓала на англискиот пејач, текстописец и глумец Дејвид Боуви е понудена на продажба. Првичната цена е 4,85 милиони евра Пловилото наречено „Ел Каран“ е долго 39 метри и е производ на италијанската компанија „Бенети“. На легендарниот Боуви му е доставено 1977 година. Оваа јахта имаше и промени во 2020, па сега […]

Напаѓачот во болницата во САД дошол да го убие лекарот што го оперирал


  Вооружениот напаѓаќ кој усмрти четворица цо болницата „Свети Францис“ во Тулса, САД, го убил лекарот кој му го оперирал `рбетот, кажа шефот на полицијата во Тулса, Вендел Френклин. Мажот кој пушаке во болничкиот кампус се вика Мајкл Луис, а во текот на нападот, убиена е уште една докторка. Луис користел иста полуавтоматска пушка како […]

Лажна дојава за поставена бомба во авион на летот Рим – Приштина


 Меѓународниот аеродром во Приштина синоќа добил закана дека во авионот кој летал од Рим кон косовската престолнина е подметната бомба, меѓуоа се испоставило дека дојавата е лажна, јави дописникот на МИА од Приштина. Полициските власти информираа дека по приемот на дојавата, која стасала во време додека авионот бил во лет, била извршена контрола на авионот […]

Доларот ослабе, цената на нафтата малку се намали


На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 101,7 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 102,57 поени. Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 130,1 […]

Бектеши на Стратешкиот дијалог со САД ги презентираше можностите за стратешки инвестиции


Северна Македонија има стратешка географска позиција. За странските инвеститори е од клучна важност тоа што земјата е главна транспортна рута низ Европа. Даваме голема поддршка на странските инвеститори кои ќе донесат одлука да реализираат инвестициски проекти во земјата, а преку оваа поддршка за странските инвеститори директно се поттикнува целокупната економија, порача министерот за економија Крешник […]

Грковска: Стратешкиот дијалог со САД значаен за доброто владеење


Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска синоќа, преку конференциска врска, учествуваше на првиот Стратешки дијалог помеѓу Северна Македонија и САД, на панелот посветен на „Владеење на правото и добро владеење“, што се одржа во просториите на Стејт департментот во Вашингтон.   Во своето обраќање вицепремиерката Грковска истакна дека Стратешкиот дијалог претставува подигнување […]

Педесетгодишник го загуби животот во сообраќајка во тетовско Желино


Педесетгодишен жител на Желино го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи  синоќа во ова тетовско село околу 20 часот и 30 минути. -Во СВР Тетово во 20 часот и 30 минути било пријавено дека на локален пат во Желино патничко моторно возило удрило и усмртило 50-годишник кој бил пешак. По пријавената несреќа во […]

Промоција на Романот на годината за 2021 во Кавадарци


Во Галеријата при Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци денеска ќе биде промовирана книгата „Денот на црвот“ од Симона Јовановска, добитник на наградата Роман на годината за 2021, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. За наградениот роман ќе зборуваат промоторката Ноне Ноциќ, претседателот на Фондацијата […]

Саем за вработување и кариера во Гостивар


Во Младинскиот ресурсен центар во Гостивар денеска почнува дводневниот Саем за вработување и кариера. Како што соопштија од Министерство за труд и социјална политика, целта на настанот е директно поврзување на младите невработени лица со приватниот сектор од Полошкиот регион и пополнување на отворените работни позиции во неколку индустрии, како и поттикнување дискусија за соодветните […]