Со „Народен непријател“ на МНТ почнува 56. издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“


Со претставата во конкуренција за награди „Народен непријател“ на МНТ и со доделувањето на наградите за животно дело, вечер во Прилеп свечено ќе биде отворен 56. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. По корона кризата, Фестивалот го прескокна јубилејното 55-то издание во 2020 година, а лани се одржа во октомври. Најреномираната манифестација за продукцијата на македонските […]

Почнува манифестацијата „Охрид трчаТ“


Со доделување на стартните пакети денеска почнува манифестацијата „Охрид трчаТ“, чиј централен настан односно атлетската трка е се одржи в недела. Според најавата на организаторот здружението „Охрид трчаТ“, за вечер предвидена е ноќна трка пропратена со хуманитарна забава и концерт. – Ревијалната трка од два километри ќе почне во 21 часот пред плажата „Куба либре“ […]

Тркалезна маса „Рани знаци на предупредување за настанување на инсолвентност на фирмите“


  Стопанската комора на Северна Македонија и Меѓународната финансиска корпорација – ИФЦ организираат тркалезната маса на која ќе се дискутираат неколку теми поврзани со Предлог законот за инсолвентност, раните знаци за предупредување за настанување на инсолвентност и можностите за поефикасно преструктуирање, предоговарање и задржување на добрите деловни односи со партнерите со помош на медијацијата. Фокусот […]

Почнува „Скопски Брас Фестивал“


Од денеска во просториите на Филхармонија почнува „Скопски Брас Фестивал“, и ќе трае до 5 јуни. Фестивалот ќе го отвори камерниот оркестар „Les étoiles“. Диригент е Ана Спасовска, а солисти се Марио Јанковиќ и Стефан Илиев. Утре, како што информираат од организаторите, публиката ќе има можност да го слушне унгарскиот тромбонист Ѓорѓи Живишијан, придружен од […]

Како против ценовниот шок – бизнис секторот нуди решенија, Владата најавува таргетирани мерки


По зголемувањето на цените на храната и горивата во изминатите два дена и најавите на Владата и опозицијата за нови антикризни мерки, вчера со предлог мерки излезе и бизнис секторот. За полесно да се пребродат ценовните шокови, од Сојузот на стопански комори бараат активирање на државните резерви, зголемување на домашното производство и елиминирање на непотребните […]

Дендиас во посета на Србија


Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас денеска ја продолжува турнејата на Западен Балкан и ќе биде во посета на Белград, каде што ќе одржи низа средби со српскиот државен врв, јави дописничката на МИА од Атина. Дендиас утрово ќе биде примен од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а потоа ќе се сретне со […]

Продолжува седницата на Комисија за избори и именувања за избор на уставни судии


Комисијата за избори и именувања денеска во 11 часот треба да ја продолжи 13-та седница на која треба да бидат утврдени предлозите за избор на судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Продолжението на седницата, беше најавено вчера од претседателката на Комисијата за избори и именувања Марија Георгиевска. Комисијата вчера го утврди предлогот Фатмир […]

Сончево и топло до 35 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Попладне претежно во северните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 35 […]

Вучиќ: Се „компликува“ посетата на Лавров на Белград


  Посетата на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, на Белград, која до денес изгледаше несомнена, од денеска е под големо прашање. Во изјава за ТВ Пинк од Братислава, каде што учествува на форумот Глобсек, претседателот на Србија рече дека ситуацијата околу доаѓањето на Лавров, што според пишувањата на медиумите беше планирано за […]

Кавга во српската влада: Премиерката Брнабиќ бара казна за министерката Михајловиќ поради интервју во весникот „Нова“


  Српската премиерка Ана Брнабиќ практично потврди дека има соодветни и неподобни медиуми за власта. Таа при гостувањето на телевизија Хепи оцени дека е нечовечка постапката на министерката за инфраструктура и транспорт Зорана Михајловиќ да даде интервју за весникот „Нова“, које опозициски медиум. На социјалните мрежи продолжија реакциите и осудите на останатите членови на партијата, […]

Владата уверува дека дијалогот со синдикатите е во тек и ќе донесе решение


Владата останува на ставот дека усогласување на платите треба и ќе има, но во тој процес никако не смееме да заборавиме на моменталната ситуација, солидарноста и секако ефективноста на јавната администрација, се вели во владиното соопштение по средбата со Сојузот на синдикати на Македонија што се одржа попладнево. Станува збор за продолжување на дијалогот помеѓу синдикатите […]

Во Србија објавен романот „Бродот. Конзархија“ на Томислав Османли


Во издание на српската издавачка куќа „Агора“ од Нови Сад, објавен е романот „Бродот. Конзархија“ на македонскиот писател Томислав Османли. Романот му припаѓа на жанрот негативна утопија, а неговото дејствие се случува во 2039 година. „Бродот. Конзархија“ со поднаслов „Холограф“ е роман во кој авторот ги слика својствата на новото прагматично време исполнето со симулакруми, […]

Извештај на Стејт департментот за верските слободи во Северна Македонија во 2021 година


Државниот секретар на САД Ентони Блинкен денеска го презентираше редовниот годишен извештај на Стејт департментот за верските слободи во светот. Во делот за Северна Македонија се вели дека Уставот на земјата забранува верска дискриминација и предвидува слобода на религијатa и верското изразувања.  За Сeверна Македонија во извештајот за 2021 година се нотира дека Министерството за правда […]

(ВИДЕО) Османи се сретна со Блинкен: САД и Македонија отвораат ново поглавје во односите


Врв на денешниот Стратешки дијалог меѓу САД и Македонија е средбата на државниот секретар Ентони Блинкен и министерот за надворешни работи Бујар Османи. На средбата беше нагласено дека Стратешкиот дијалог претставува нов исчекор во билатералните односи и надградба на стратешкото партнерство меѓу двете земји, соопшти МНР. „Нам ни претставува посебна чест што Северна Македонија е […]

Италија слави 76 години од републиката – дефиле на вејачи на знамиња во Скопје


Историското друштво од Кастиљон Фиорентино заедно со нивните вејачи на знамиња, попладнево продефилираа по плоштадот „Македонија“ во Скопје, по повод 76 години од Италијанската Република. Ова друштво ја негува и претставува средновековната традиција која датира уште од 13 век, кога секаде низ Европа, а особено во Италија, важните настани, како завршеток на некоја битка или […]

За време на руската окупација на Чернобил изчезнале 700 компјутери, 300 автомобили и 1.500 дозиметри


  Руската војска ѝ нанела штета на нуклеарната централа во Чернобил во износ од над 135 милиони долари, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на шефот на државната агенција на Украина за управување со зоната на исклучување, Евгениј Крамаренко. Според написот, Русите украле или уништиле 698 компјутери, 344 автомобили, 1.500 дозиметри, како и речиси целата противпожарна […]

„Бистра вода“ – нова серија во македонска продукција


Во манастирскиот комплекс Свети Пантелејмон  во Горно Нерези денеска почна снимањето на „Бистра вода“ – новата серија во македонска продукција. Продуцент, сценарист и режисер на серијата е Јани Бојаџи. Ова е првата серија по подолго време во земјава во жанрот трилер со сериозни драмски елементи на крими-драма. Актерската екипа вклучува плејада на македонски актери од […]

Дел од мерките ќе продолжат до крајот на годината, а дел ќе се редизејнираат


Дел од мерките ќе бидат продолжени до крајот на годината, а дел ќе се редизејнираат, со цел во периодот што претстои да бидат насочени кон поддршка на животниот стандард на оние граѓани кои се најпогодени од кризата. Мерките ќе бидат навремено подготвени и навремено презентирани, истакна премиерот Димитар Ковачевски. -Мора да се биде одговорен и […]

Мора да сме одговорни и во однос на ликвидноста на буџетот, вели Ковачевски


Премиерот Димитар Ковачевски порача дека освен кон граѓаните, мора да се одговорни и во однос на буџетот, ликвидноста, но и на стабилноста на финансискиот систем. -Ние ги следиме трошењата ги следиме движењата на цените во текот на сите периоди во годината, бидејќи едни се ценовните притисоци во текот на зимските месеци други во текот на […]

Русија, Турција, Украина и ОН подготвија план за извоз на храна од украинските пристаништа


Русија, Турција, Украина и ОН подготвија Мапа на патот што ќе обезбеди безбеден коридор за извоз на земјоделски производи од украинските пристаништа, јави агенцијата Анадолија, повикувајќи се на дипломатски извори. Според агенцијата, околу 20 милиони тони жито и сончогледово семе од Русија и Украина се очекува да бидат испорачани на светските пазари благодарение на механизмот […]