За време на руската окупација на Чернобил изчезнале 700 компјутери, 300 автомобили и 1.500 дозиметри
Руската војска ѝ нанела штета на нуклеарната централа во Чернобил во износ од над 135 милиони долари, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на шефот на државната агенција на Украина за управување со зоната на исклучување, Евгениј Крамаренко.
Според написот, Русите украле или уништиле 698 компјутери, 344 автомобили, 1.500 дозиметри, како и речиси целата противпожарна опрема потребна за гаснење на шумските пожари во зоната на исклучување.
Според Евгениј Крамаренко, дел од украдената опрема е опремена со ГПС сензори кои продолжуваат да пренесуваат информации за локацијата. Според овие податоци, уредите се наоѓаат на територијата на Белорусија.
„Вашингтон пост“ пишува и за смртта на девет вработени во станицата и за киднапирањето на пет лица. Во написот не се дадени детали за тоа што се случило. Претходно беше објавено за киднапирање на чувари од Националната гарда која го обезбедувала објектот.
Руските трупи ја окупираа нуклеарната централа Чернобил на првиот ден од војната. Вработените кои тогаш биле на станицата биле принудени да работат неколку недели без смена. На крајот на март, руските трупи се повлекоа од териториите во северна Украина.
Руските власти категорично ги отфрлаат извештаите за злосторства извршени на окупираните територии на Украина. Секое сведочење на очевидци, како и фото или видео материјали, во Руската Федерација се нарекуваат фалсификат или провокација.