Мицкоски ја нарече ДУИ „длабока држава“


  За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ДУИ нема повод да слави 20 години од постоењето во време кога државата е во тешка ситуација и во беспарица. Според него ДУИ не е државотворна партија, бидејќи тоа го правела само со зборови, а не со дела. И плус ја нарече „длабока држава“. „Тие функционираат како длабока […]

„Макпетрол“ останува овластен дистрибутер на „Хонда“ во земјава


Целосно неточни се информациите дека јапонскиот бренд „Хонда“ нема да биде застапуван од „Макпетрол“. Компанијата ја демантира веста со наслов: „Макпетрол“ повеќе не е застапник на „Хонда“, јапонскиот бренд во земјава ќе го претставува „Хонда Ауто центар“, објавена на некои медиуми на 03.06.2022 г. Во веста се тврди дека „Макпетрол АД“ нема повеќе да биде […]

Ковачевски – Хегер: Да започнат пристапните преговори без одлагање


 На маргините на конференцијата за безбедност ГлобСек 2022 што се одржува во Братислава, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски оствари средба со неговиот колега, премиерот на Словачка Република Едуард Хегер. На средбата, како што соопшти владината прес-служба, двајцата премиери изразија задоволство од билатералните односи меѓу двете земји кои во последно време дополнително се […]

100 дена од војната – Русија исполни малку цели, Украина е девастирана


  КИЕВ – Руските сили напредуваа подлабоко во разурнатиот источен фабрички град Сиевиеродонецк, но украинските војници сè уште се држат таму во петокот додека рускиот напад врз соседот влезе во својот 100-ти ден. Војната за која западните земји веруваат дека Русија планирала да ја добие за неколку часа трае повеќе од три месеци, при што […]

(Видео) Обраќање на премиерот Ковачевски на ГЛОБСЕК Форум 2022 во Братислава


Премиерот Димитар Ковачевски учествува на Форумот за безбедност „ГлобСек“ што се одржува во Братислава, при што ќе има излагање на панелот „Сега или никогаш: Откривање на европската иднина за Западен Балкан“. Во рамки на форумот, предвидени се и неколку билатерални средби на премиерот Ковачевски.

Генерален штрајк во јавниот сектор доколку не се исполнат барањата до 21 јуни


ССМ донесе одлука за повикување на генерален штрајк во јавниот сектор доколку не се исполнат нивните барања до 21.06. Тие побараа: -Потпишување на колективен договор со кој ќе се утврди линерлното зголемување на платите од 2.806 денари за сите работници во јавниот сектор и враќање на изгубеното право регрес од 2023 година во износ од […]

Маск: Имам лошо чувство за економијата, треба да паузира вработувањето во светот


Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, има „супер лошо чувство“ за економијата и сака да укине околу 10 отсто од работните места во компанијата за електрични автомобили. Маск преку меил вели дека треба да има пауза од вработување ширум светот. Мејлот бил испратен два дена откако најбогатиот човек на светот им рекол на вработените дека […]

Во 2020 година годишниот просек на издатоци на работодавач по вработен изнесувал 545.015 денари


Годишниот просек на издатоци на работодавач по вработен во државава во 2020 година изнесува 545.015 денари, објави денеска Државниот завод за статистика. Најголем годишен просек на издатоци на работодавецот по вработен има во секторот Информации и комуникации и изнесува 958.664 денари. Во 2020 година, годишниот просек на издатоци на работодавачот по фактички одработен час изнесува […]

Стапката на невработеност во првиот квартал 14,8 отсто


 Во првото тримесечје од 2022 година, активното население во земјава изнесувало 811.197 лица, од кои вработени биле 691.498, а 119.699 лица се воделе како невработени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Стапката на активност во овој период е 55,3 отсто, стапката на вработеност 47,1, додека стапката на невработеност изнесува 14,8 проценти и бележи намалување […]

Оксфорд: Бебињата кои се дојат подолго, се поинтелигентни


Истражување спроведено во Универзитетот Оксфорд посочува дека кај бебињата кои се дојат подолго, нивото на интелигенција подоцна е повисоко. Научниот труд опфатил повеќе од 7.800 британски деца кои биле доени помалку од два месеци, па два до четири месеци, четири до шест месеци или повеќе од една година. Истражувачите велат дека оние деца кои доеле […]

За Бугарите, Унгарците и Словаците Путин не е виновен за војната во Украина


  Речиси половина од испитаниците во Унгарија, Бугарија и Словачка сè уште не ја гледаат Русија како првенствено одговорна страна за војната во Украина, покажа новото истражување на Институтот ГЛОБСЕК. Резултатите од истражувањето беа објавени денеска, додека во Братислава се одржува форумот ГЛОБСЕК 2022. Истражувањето, кое Институтот ГЛОБСЕК редовно го спроведува во девет земји од […]

СДСМ вели дека Мицкоски ги поткопал позициите на Македонија на конгресот на ЕПП


Владејачката СДСМ уште еднаш ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски дека се согласиле на конгресот на Европската народна партија (ЕПП) во Ротердам во резолуцијата за Македонија да натежнат бугарските ставови. „Поткопани се државните позиции на Република Северна Македонија од страна на Христијан Мицкоски. На конгрес на Европската народна партија, каде што учествувал и Христијан Мицкоски, […]

Попладне дожд, за викендот многу топло


Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена локална облачност и умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени, а УВ-индексот ќе биде 8. Како што соопшти Управата за […]

Пропагандните конспирации за кампови за бегалци и мигранти во Македонија


Пропагандните теории на заговори дека Западот сака да ја искористи Македонија како земја во која ќе се сместуваат стотици илјади мигранти и бегалци се ширеa со години во македонските медиуми од страна на повеќе политички субјекти.   Што стана со приказната за „милион Африканци“ во Македонија? Дезинформациите не се состојат секогаш од „лажни вести“. Понекогаш, […]

Каде бил Мицкоски кога се гласала резолуцијата за Македонија на ЕПП?


  Власта и опозицијата од утрово се обвинуваат за штотуку изгласаната резолуција на Групата на народни партии (ЕПП) во која се дава поддршка на започнувањето преговори со Македонија – но со исполнување на бугарските барања. Иако оваа резолуција нема директно влијание на одлуките во Европската унија, фактот дека таа била донесена во присуство на Урсула […]

ЕС го одобри шестиот пакет санкции против Русија


 Советот на Европската Унија го одобри шестиот пакет санкции против Русија поради војната во Украина. Шестиот пакет содржи економски и лични санкции против Русија и Белорусија. Новите рестриктивни мерки опфаќаат: – Земјите-членки на ЕУ да запрат со увезување нафта од Русија во рок од шест месеци, а за нафтени деревати осум месеци; – Постепено откажување […]

Битиќи: Ќе има антикризни мерки, но таргетирани


– Ќе има антикризните мерки но тие нема да бидат сеопфатни, вели министерот за финансии Фатмир Битиќи. Според министертот, мерките ќе бидат таргетирани за најзагрозени компании и целни групи. Обвини и дека трговците и останатите дејности во голем дел користат манипулации со цените и побара реакција од инспекциските служби. – Компаниите кои ги зголемија цените […]

Експертска мисија на СЗО за зајакнување на системот за подготвеност и одговор на јавноздравствени вонредни состојби


Експерти од Главната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) и од Балканскиот центар за вонредни состојби на СЗО спроведоа техничка мисија во Северна Македонија во периодот 31 мај – 2 јуни 2022 година, како дел од континуираната соработка со здраствените власти за зајакнување на системот за подготвеност и одговор на јавноздравствени вонредни состојби, вклучувајќи ја […]

Курти против „Отворен Балкан“: Приштина и Скопје треба да ја спречат Србија да го шири рускиот и кинескиот интерес


Владата на Косово објави дека нејзиниот претседател Албин Курти добил покана од неговиот македонски колега Димитар Ковачевски за учество на самитот на „Отворен Балкан“, што ќе се одржи на 7 и 8 јуни во Охрид, на што одговорил со писмо до македонскиот премиер, во кое го повторил неговото противење на иницијативата покрената од Северна Македонија, […]

Заедничка изјава на САД и Македонија: Ќе се јакнат сите врски и историски точното сеќавање


По вчерашниот Стратешки дијалог меѓу САД и Македонија двете земји издадоа заедничко соопштение во кое се наведува не само за што разговарале делагацииите, туку какви ќе бидат правците на идната соработка на двата докажани пријатели. Таа соработка е во регионалните иницијативи, одбраната и безбедноста, економијата, енергијата и животната средина, како и врските меѓу луѓето. Еве […]