Мицкоски ја нарече ДУИ „длабока држава“


 

За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ДУИ нема повод да слави 20 години од постоењето во време кога државата е во тешка ситуација и во беспарица. Според него ДУИ не е државотворна партија, бидејќи тоа го правела само со зборови, а не со дела. И плус ја нарече „длабока држава“.

„Тие функционираат како длабока држава си имаат свои обвинители, свои судии и било кој да се дрзне да поднесе каква било пријава или обвинителот не ја прифаќа, или судијата ја одбива. Тоа е последицата од овие 20 години. Затоа бараме предвремени парламентарни избори за да може оваа длабока држава конечно да исчезне и да ја поразиме оваа длабока држава која што оваа политичка партија ја има направено од институциите“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Битола.