Се продава јахтата на Дејвид Боуви


Јахта што некогаш му припаѓала на англискиот пејач, текстописец и глумец Дејвид Боуви е понудена на продажба. Првичната цена е 4,85 милиони евра

Пловилото наречено „Ел Каран“ е долго 39 метри и е производ на италијанската компанија „Бенети“. На легендарниот Боуви му е доставено 1977 година. Оваа јахта имаше и промени во 2020, па сега може да прими до 12 гости во шест кабини, во целосно реновирана внатрешност, уредена од дизајнерката Симона Ламбоља.


Има палуба којашто е одлично место за сончање или забави под Месечината, а внатре има и трпезарија со главниот салон и дневен простор. Кабините се опремени со големи телевизори, ДВД-плеери и бањи. Јахтата нуди и сместување за седумчлен екипаж.

Внатрешноста е украсена со слики и содржи мебел со дизајн инспириран од стилот на 60-тите.

Максималниот домет на јахтата е 4.000 наутички милји, а може да достигне максимална брзина од 12 јазли. Го придвижуваат два МТУ-мотори кои развиваат 824 коњски сили. Боуви ја користел јахтата во 80-тите. Тој почина 2016, на 70 години.