Напаѓачот во болницата во САД дошол да го убие лекарот што го оперирал


 

Вооружениот напаѓаќ кој усмрти четворица цо болницата „Свети Францис“ во Тулса, САД, го убил лекарот кој му го оперирал `рбетот, кажа шефот на полицијата во Тулса, Вендел Френклин.

Мажот кој пушаке во болничкиот кампус се вика Мајкл Луис, а во текот на нападот, убиена е уште една докторка.

Луис користел иста полуавтоматска пушка како и тинејџерот кој неодамна уби 21 лице во училиште во Текака, пишува Скај њус. Едната пушка ја купил три часа пред нападот, а другата три дена порано. Се верува дека двете пушкилегално ги купил.

Имал намера да го убие лекрот што му го оперирал грбот

Полицијата вели дека Луис дошол до вториот кат, каде е собата на д-р Престон Филипс, кој претходно му го оперирал грбот, и неселективно пукал на сите кои ги сретнал.

„Кај себе имаше писмо со кое ни стана јасно дека дошол со намера да го убие д-р Престон Филипс и секој што ќе му се најде на патот“, вели шефот на полицијата.

Убиена е д-р Стефани Хасен, ортопед, како и рецепционерката Аманда Грин, како и пациентот Вилијам Лав.

Ден пред нападот, Луис бил кај д-р Филипс кој се обидувал да му помогне со болките што ги имал по операцијата.

Сопругата на Луис се јавила во полиција затоа што тој ја контактирал при нападот и ѝ кажал што направил.

„Д-р Филипс беше господин и човек на кого сите требаше да се огледаат. Шокирани сме што некој тргна со оружје на него, затоа што токму тој како лекар секогаш посветуваше многу внимание на пациентите и сакаше да им помогне. Ова е голема загуба за нашата болница“, рече портпаролот на болницата.

Во текот на пукањето што траело пет минути повредени се уште неколку луѓе, но ним брзо им е пружена лекарска помош и истиот ден се отпуштени од болница.

По нападот Луис изврши самоубиство.