Саем за вработување и кариера во Гостивар


Во Младинскиот ресурсен центар во Гостивар денеска почнува дводневниот Саем за вработување и кариера.

Како што соопштија од Министерство за труд и социјална политика, целта на настанот е директно поврзување на младите невработени лица со приватниот сектор од Полошкиот регион и пополнување на отворените работни позиции во неколку индустрии, како и поттикнување дискусија за соодветните модели за младинско активирање на пазарот на трудот.

На Саемот меѓу другото најавено се обраќања на заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, како и градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами.