По одлуката на Цариград Ковачевски отиде кај архиепископот Стефан


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари средба со архиепископот Охридски и Македонски и поглавар Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан. На средбата Ковачевски упатил честитки за одлуката на Светиот синод на Вселенската патријаршија со која Македонската православна црква – Охридска архиепископија се прима во евхаристичко заедништво со останатите православни цркви. Според Ковачевски станува […]

Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина доби мијаваки урбана шума


На Институтот за патофизилогија и нуклеарна медицина денеска беше отворена мијаваки шума, прва од таков вид, донација на невладината организација „Зелена планета за сите“. Станува збор за урбани шуми кои даваат три пати повеќе зеленило од вообичаените насади. – Заменик-министерката за заштита на животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска нагласи дека минатата година преку […]

Во куќа во Лос Анџелес најдени тела на три мртви деца, мајката уапсена


  Во куќа во Лос Анџелес во текот на викендот најдени се три мртви деца, а полицијата ја уапси нивната мајка и тинејџер. Полицијата во неделата наутро реагирала на дојава за насилство во станбен објект во долината Сан Фернандо. Кога влегле во куќата, пронашле три деца кои не покажувале знаци на живот. Болничарите набрзо стигнале […]

Решението со Бугарија е близу, ЕУ има геополитичка задача да почнат преговорите, вели Шаленберг


  Европската унија се наоѓа пред огромна геостратешка одлука. Најважниот инструмент против оваа војна на европско тло е перспективата на ЕУ и проширувањето. Тоа е геополитичка задача на ЕУ и никогаш досега не било толку важно да се реализира проширувањето. Затоа сметам дека што побрзо треба да се отворат преговорите со Северна Македонија и Албанија, […]

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пред Џафери со транспаренти „Активна блокада за национален спас“


Собранието ја почна 71. седница, ВМРО-ДПМНЕ со транспаренти за најавената блокада Скопје, 10 мај 2022 (МИА) – Во Собранието денеска со доцнење од речиси два часа почна 71. пленарна седница, со пратениците од опозицијата иако најавија блокада на работата на законодавниот дом. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ Мицевски […]

Пропагандистите на Путин не можат да се начудат за лошата состојба во руската војска


  Пропагандистите на Путин почнаа отворено да ја критикуваат состојбата на руската војска, во ситуација кога и најтврдокорните поддржувачи на Кремљ се борат да најдат начин како да го игнорираат неуспехот на фронтот во Украина. Владимир Соловјов, една од најистакнатите пропагандисти на Путин, се жалеше минатата недела за „срамното“ време потребно за оружјето да стигне […]

Рокот за доставување на ракописи за издавање на учебници за основно образование е до 20 мај


Министерството за образование и наука информира рокот за доставување на ракописи во рамки на конкурсот за издавање на учебници за предмети од прво, второ, четврто и петто одделение во деветогодишното основно образование за кои се изработени нови наставни програми е продолжен до 20 мај. Сите останати конкурсни услови остануваат непроменети.    Право на учество на […]

Музеите лани организирале 91 изложба и имале 184 156 посетители


Mузеите во земјава лани ги посетиле 184 156 луѓе, покажува евиденцијата на Државниот завод за статистика.   Од вкупно 25 музеи, според основачот, 16 се јавни (национални) музеи, 8 се јавни (локални) музеи и еден е приватен музеј. Според предметот на работа, 16 се општи и 9 се специјализирани музеи.   Во 2021 година, музеите […]

Просторот спроти „Блок кафе“ во Аеродром ослободен за пешаци


Заштитни столпчиња се поставени спроти „Блок кафе“ во Стар Аеродром, со што конечно тротоарот и целиот простор кој често беше заземан од непрописно паркирани возила е оспособен за слободно движење на пешаците и велосипедистите. Изминатиот период се поставени заштитни столпчиња на повеќе локации низ Аеродром со што се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот. […]

Излезе првиот трејлер за „Аватар: Патот на водата“ ( видео)


САД– Студиото „Твенти сенчури“ го објави првиот кус трејлер за долгоочекуваното, осумкратно одложувано продолжение на „Аватар“, со поднаслов „Патот на водата“ (Avatar: The Way of Water). Вториот дел на остварувањето од над милијарда долари на режисерот Џејмс Камерон, конечно ќе се појави во кината во САД на 16 декември годинава. Во новата приказна, На’ви воинот […]

Жељко Бебек добитник на „Златна бубамара“ за животно дело


Жељко Бебек, рок легенда најпозната како пејач на групата „Бијело дугме“ но и како солист, е годинашниот добитник на Златна бубамара за животно дело, соопшти манифестацијата чие 25. издание ќе се одржи на 12 мај во арената „Борис Трајковски“, а мотото ќе биде „Да живнеме!“. „Со ‘Бијело дугме’ Бебек сними 12 албуми кои се основа […]

Грковска во Естонија по искуства за процесот на дигитализација


  Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска, е во Естонија во прибирање искуства за извонредно успешниот начин на дигитализацијата на тамошното општество. Таа денеска оствари средба со директорот на естонскиот Центар за регистри и информациски системи Риво Рајтман, со кој разменија информации за процесот на дигитализација на општеството, но и за интероперабилноста на […]

Паѓа рејтингот на Милановиќ кај Хрватите, расте на Пленковиќ


Хрватска– Пад доживеа популарноста на претседателот Зоран Милановиќ кај Хрватите, додека раст на политичкиот рејтинг е забележан кај премиерот Андреј Пленковиќ, покажа истражување објавено од РТЛ. Милановиќ и понатаму е најпозитивен политичар во очите на гласачите. Но, тој сега има 20.6 отсто поддршка, за разлика од април, кога рејтингот му беше 22 проценти. Ова, од февруари […]

Литванскиот парламент ја прогласи Русија за терористичка држава


Литванскиот парламент, Сејм, денеска ја прогласи Русија за терористичка држава. Едногласно се усвои резолуцијата и за неа гласаа 128 пратеници, јавија локалните медиуми. Во резолуцијата се наведува дека руските вооружени сили и платеници извршиле масовни воени злосторства во Украина. Особено во градовите Бородјанка, Буча, Ирпин, Гостомел, Мариупол.

Почнува работата на нов Изборен законик


   Во текот на оваа и идната недела ќе го започнеме процесот на подготовка за донесување на нов Изборен законик, информира денеска на прес-конференција министерот за правда Никола Тупанчески. Како што појасни Тупанчески, тоа значи дека ова е консеквенција на тоа што се случуваше во 2015 година, кога беше формирана меѓуресорска работна група и која […]

Прво полуфинале на Евросонг во Торино


Вечерва, од 21 часот, е првото полуфинале на 66. Евросонг во Торино, организиран од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и нејзината италијанска членка Раи. На грандиозната сцена на Пала Олимпико според редоследот, ќе настапат 17 учесници од  Албанија, Латвија, Литванија, Швајцарија, Словенија, Украина, Бугарија, Холандија, Молдавија, Португалија, Хрватска, Данска, Австрија, Исланд, Грција, Норвешка и Ерменија.  Од […]

Акредитацијата за сертификати за квалитетот на отпадните води проширена со пет нови методи


Централната лабораторија за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање ја прошири акредитацијата со добивање сертификати за уште пет нови методи за мерење на параметри, со кои се определува квалитетот на отпадните води. Како што информираат од Министерството, новодобиените акредитации опфаќаат тестирање на отпадни води за количеството на амониум јони, сулфати, хлорид, […]

Луфтханза купува 17 авиони од Боинг


Германската авиокомпанија Луфтханза соопшти дека планира да купи 17 патнички и товарни авиони Боинг за речиси шест милијарди долари по каталошки цени, за да ја модернизира својата флота и да ја задоволи големата побарувачка за превоз на товар. Компанијата ќе купи седум патнички авиони 787-9 и десет товарни авиони 777, се вели во соопштението објавено вчера. Информациите […]

Шпански медиуми: Разрешенa директорката на Националната разузнавачка агенција


Шпанската влада ја разреши директорката на Националната разузнавачка агенција (ЦНИ), Паз Естебан, откако беше откриено дека се употребувал софтверот „Пегазус“ за шпионирање на шпански функционери, објави денеска „Ел Паис“, повикувајќи се на неименувани владини извори. Шпанската новинска агенција ЕФЕ и другите шпански медиуми јавуваат дека шпанскиот кабинет се согласил да ја разреши Паз Естебан од […]

Наставниците едвај забележуваат булинг во училиштата


Има значителните разлики меѓу перцепцијата на учениците и перцепцијата на наставниците за постоењето на говор на омраза и дискриминација во училиштата, имено перцепцијата на наставниците за постоење на овие феномени во училиштатата е значително пониска, стои во извештајот на Институтот за човекови права кој од декември 2021 година до февруари 2022 година спроведе анкета со […]