Луфтханза купува 17 авиони од Боинг


Германската авиокомпанија Луфтханза соопшти дека планира да купи 17 патнички и товарни авиони Боинг за речиси шест милијарди долари по каталошки цени, за да ја модернизира својата флота и да ја задоволи големата побарувачка за превоз на товар.

Компанијата ќе купи седум патнички авиони 787-9 и десет товарни авиони 777, се вели во соопштението објавено вчера.

Информациите за цената не се објавени.

Според веб-страницата на Боинг, патничките авиони ќе ја чинат Луфтханза околу 2,05 милијарди долари, а товарните околу 3,9 милијарди долари.

Во исто време, Луфтханза планира да ги продолжи договорите за закуп на два товарни авиони Боинг 777 F до 2024 година, соопшти компанијата.

– Продолжуваме да инвестираме во авиони кои трошат помалку гориво, се потивки и поекономични и испуштаат значително помалку јаглерод диоксид, изјави извршниот директор на Луфтханза, Карстен Спор.

Компанијата годинава очекува нето инвестиции од околу 2,5 милијарди евра.