Од утре нестабилно време со пороен дожд и грмежи


Утре на повеќе места, а во недела претежно во западните делови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се движат во интервал до 12, а максималните ќе достигнат до 29 степени, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, […]

Ролан Гарос доаѓа, Надал не знае што да прави со повреденото стапало


  Рафаел Надал вели дека ќе стори сé што е во негова моќ – вклучително и да го има при рака својот лекар во Париз – за да биде конкурентен за освојување на Ролан Гарос и покрај тоа што беше подолу во четвртокот под најдоброто ниво на Мастерсот во Рим  поради хроничната повреда на стапалото. […]

Џонсон отпушта една петтина од јавната администрација


Петтина од вработените во јавните институции на Велика Британија ќе бидат отпуштени со одлука на премиерот Борис Џонсон, кој им наложи на членовите на неговиот кабинет да направат план со цел да се врати бројот на вработени на ниво од 2016 година. Министрите треба да направат план со кој ќе се заштедат повеќе од 1 […]

Претстои тешка 2022 година и тешка следна грејна сезона


Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски учествуваше на четвртиот кординативен состанок на компаниите за производство на електрична енергија на Енергетската заедница кој се одржа во Виена. Ковачевски на состанокот ја презентирал актуелната состојба со електро-енергетскиот систем во Република Северна Македонија, со акцент на менаџирањето на енергетската криза, односно кризата со електрична и со топлинска […]

Октоподите се самоуништуваат по парењето поради хормонална нерамнотежа


Природата предодредила октоподите да остануваат „сираци“ уште од раѓањето. Откако женката октопод ќе ги положи јајцата, престанува да јаде и почнува да се повредува себеси со гризење на кожата и на врвовите на пипалата. Кога младите октоподи излегуваат од јајцето, нивната мајка е веќе мртва. Неколку месеци подоцна, и татко им угинува… Во 1944 година, […]

Ковачевски: Не се врзуваме за датум зашто ни треба решение со Бугарија прифатено во двете држави


Министерствата за надворешните работи на Северна Македонија и Бугарија комуницираат, но немаат усогласено документ кој може да биде основа за носење одлуки во двете држави, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на фабриката „Брако“ во Велес, Ковачевски истакна дека на земјава и треба решение кое ќе биде прифатено во двете […]

Илон Маск го замрзна купувањето на Твитер, акциите пропаднаа


  Илон Маск го стави својот договор од 44 милијарди долари за Твитер „привремено замрзнат“ во петокот додека ги чека податоците за процентот на неговите лажни профили, поради што акциите на платформата за социјалните медиуми паѓаат. Акциите на Твитер паднаа за 17,7% до 37,10 долари во претпазарното тргување, што е нивно најниско ниво откако Маск […]

Јордан Плевнеш во Тирана: Магична ноќ со „Осмото светско чудо“ 


Во присуство на повеќе гости од дипломатскиот кор, од јавниот и од културниот живот, меѓу кои и духовниот водач на бектешите Баба Монди, во Македонскиот културно-информативен центар  во Тирана, Р Албанија, се одржа промоција на романот „Осмото светско чудо“ (Mrekullia e Tet ë Botërore) од македонскиот писател и поранешен дипломат Јордан Плевнеш.   На промоцијата, […]

„Дајте музика“ со две Златни бубамари и најава за голем концерт


Како манифестација за најдобрите и најпопуларните медиумски проекти во земјава, која годинава се одржа под мотото „Да живнеме“, „Златна Бубамара на популарноста“ додели две статуетки за идолите на новите генерации од проектот „Дајте музика“: еден за најпопуларна детска серија и една за најпопуларен тинејџерски хит за 2021 година. Миха, Стаси, Филип и Кики на сцената […]

Петков: Продолжуваат разговорите меѓу двете влади


Бугарскиот премиер Кирил Петков вели дека разговорите меѓу владите на Северна Македонија и Бугарија продoлжуваат, но ги отфрла тврдењата дека ќе биде потпишан конкретен договор во тек на посетата на бугарската делегација на Северна Македонија на 22 мај, објави БГНЕС. Тој, стои во објавата, исто така уверил дека продолжуваат разговорите меѓу двете влади. – Средбата […]

Кремљ: Ќе одговориме на барање на другарите од Северна Кореја за вакцини


Русија внимателно ќе го разгледа секое барање од Северна Кореја за набавка на антиковид вакцини, изјави денеска портпаролот на кремљ, Дмитри Песков. „Другарите од Северна Кореја се добро запознати со нашите бројни вакцини, свесни се и за нашето искуство во борбата против Ковид. Ако има барања од Пјонгјанг, на нив ќе биде одговорено адекватно“, рече […]

Од кабинетот на Џафери нема да ги објаснат навредите кон службениците


Претседателот на Собранието Талат Џафери нема да дава никаква изјава денеска за новинарите во врска со вчерашниот инцидент, велат од кабинетот на спикерот во изјава за „Слободен печат“. Ваквиот став следи откако во јавноста се појави снимка од пленарна седница на која се слуша како претседателот на Законодавниот дом, Талат Џафери, со вулгарности и висок тон им […]

Рускоска за Камчев: Човекот ми веруваше, си плати и доби една година затвор


Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во гостување на српската телевизија „Хепи”, одговарајќи на прашања за својата работа, ја споменува спогодбата склучена со бизнисменот Јордан  Камчев во случајот „Империја“ велејќи дека таа се случила бидејќи тој имал доверба во неа. Таа низ смеа вели: „Човекот си уплати и […]

Државниот правобранител бара ДКСК да ги суспендира Бубевски и Ајро


Државното правобранителство од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) побарало да донесе одлука за суспензија на обвинителите од ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и Артан Ајро поради сомневања за судир на интереси во врска со случајот „Трансмет“. ДКСК вели дека нема таква надлежнот и оти забрана за привремено вршење на јавнообвинителска дејност согласно закон може […]

Уште еден руски брод потопен кај Змискиот Остров


  Се појави сателитска снимка на која се гледа руски воен брод кој потонал во близина на Змискиот Остров, кој беше окупиран од Русија на почетокот на војната и стана бојно поле од стратешка вредност за Русија да добие контрола над Црното Море. Сликите објавени од „Максар“ги покажуваат последиците од, како што се вели, веројатните […]

Бесплатната Академија на Инфинум со програма за развој на мобилни апликации првпат во нашата земја


Скопје првпат ќе биде домаќин на петнеделната бесплатна едукативна програма наменета за студенти, кои сакаат да научат како да креираат апликации за паметни телефони. За да се квалификуваат на Инфинум академијата, апликантите треба да поминат приемен испит, а пријавувањата се до 15 мај. – Ја основавме Инфинум академијата со мисија да им помогнеме на студентите […]

ДКСК бара од ЈО отчетност за нивните иницијативи, констатирани сериозни злоупотреби во автомобилската федерација


Членовите на Антикорупциската комисија на денешната седница побараа отчетност од Јавното обвинителството односно било каква да е одлуката што ќе биде донесена да бидат повратно известени и да знаат што се случува со нивните иницијативи. Бараат од ЈО да доставува одговор до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) дали и како е постапено, а […]

Донфрид: САД развиваат мерки за поддршка на Бугарија за гас


САД разработуваат мерки за поддршка на Бугарија по прекинот на испораките на гас од Русија, изјави помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид. „Сакам јасно да кажам дека администрацијата на претседателот Џо Бајден во целост ја поддржува Бугарија“, рече Донфрид.

Сеул: Северна Кореја се подготвува за седми нуклеарен тест


 Северна Кореја се подготвува за седмо нуклеарно тестирање, изјави денеска неименуван висок јужнокорејски претставник. Според него, Пјонгјанг пред нуклеарната проба би можел да тестира балистички проектили. И портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки синоќа изјави дека процените на САД се дека Пјонгјанг е подготвен да изврши нуклеарна проба и тоа уште овој месец, и оти таквата информација е споделена […]

Инфлацијата во регионот: Словенците најдобро се држат, Босанците нека му ја мислат


  Од сите страни стигнуваат вознемирувачки вести дека се уште е рано да се каже дека престанува трендот на растот на инфлацијата. Македонија веќе зачекори во сферата на двоцифрена инфлација, а за двоцифрен пораст на потрошувачките цени известија и од многу други земји низ светот. Компаративната анализа што ја направи порталот „Пари“  покажува дека во […]