Донфрид: САД развиваат мерки за поддршка на Бугарија за гас


САД разработуваат мерки за поддршка на Бугарија по прекинот на испораките на гас од Русија, изјави помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид.

„Сакам јасно да кажам дека администрацијата на претседателот Џо Бајден во целост ја поддржува Бугарија“, рече Донфрид.