Наставник од Струмица осомничен за полов напад врз ученичка


 СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица осомничен за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години” , казниво по член 188 од Кривичниот законик. Пријавениот, наставник во основно училиште во Струмичко, соопштија денеска од МВР, е осомничен дека во периодот од октомври 2020 до […]

Дали Германија ја губи водечката улога во ЕУ?


  Пред една година, кога се ближеше крајот на мандатот на Ангела Меркел, таа беше фалена ширум светот како најважна политичка фигура во Европската унија и една од најважните на Западот. Сепак, достигнувањата на нејзиното шеснаесетгодишно владеење вклучуваат спречување на Украина да се приклучи на НАТО, како и изградба на „Северен тек 2“ од Русија […]

Пријателите на Борисов и на ВМРО-ДПМНЕ ја шират бугарската пропаганда во ЕП


  Гласањето за резолуцијата за Македонија во Европскиот парламент ги откри подземните политички игри околу спорот на Македонија и Бугарија. Покрај фактот дека известувачот Илхан Ќјучук ги поддржал амандманите на Групата на конзервативните и реформистички партии (во која припаѓа бугарското ВМРО  што во ЕП го преставува Ангел Џамбаски и други парламентарци), во одбрана на бугарската […]

ММФ: Глобалната економија е пред најголемиот тест од Втората светска војна


Меѓународниот монетарен фонд денеска на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, соопшти дека глобалната економија ја чека „можеби најголемиот тест од Втората светска војна“. „Се соочивме со низа немили настани“, изјави извршната директорка на ММФ Кристалина Георгиева. Таа предупреди дека руската инвазија на Украина ги потенцира негативните ефекти на пандемијата на Ковид-19 врз економијата, попречувајќи […]

Истражување: Над две третини од граѓаните не веруваат дека може да влијаат врз одлуките во општината и државата


Граѓаните немаат доверба и во голема мера сметаат дека не можат да влијаат на случувањата во општината во која живеат и државата, покажуваат податоците од телефонското и онлајн истражување со граѓани и граѓански организации, презентирано денеска на онлајн конференцијата „Високи надежи и големи падови: ставови на граѓаните и граѓанските организации и ефекти од секторските работни […]

Европски синдикати: Потребно е покачување на платите


Конфедерацијата на европските синдикати бараат Европската комисија целосно да ги укине буџетските правила за штедење, повикува на покачување на платите поради кризата, јави дописничката на МИА од Брисел. Европската комисија денеска соопшти дека ја пролонгира суспензијата на буџетските правила за долгот и дефицитот за земјите членки поради војната во Украина и инфлацијата што ја предизвика […]

Странци потрошиле 16,4 милиони евра на онлајн купувања од Северна Македонија, најмногу се од САД и Обединетото Кралство


Во текот на 2021 година странците кон домашни е-трговци реализирале вкупно 471.688 онлајн трансакции со вкупна вредност од 16,4 милиони евра, покажува анализата на податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, кои се однесуваат на број и вредност на реализирани е-трансакции со странски платежни картички кон домашни е-трговци изработена од Асоцијацијата за е-трговија на […]

Олаф Шолц доаѓа на Балканот најмногу поради Берлинскиот процес


  Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе биде на балканска турнеја околу 10 јуни, а таа ќе биде главно насочена кон подобра подготовка на самитот на Берлинскиот процес, кој веројатно ќе се одржи во август. Шолц во Белград би требало да биде на 10 јуни, јавува Дојче веле. Освен Белград, Шолц ќе оди и во Приштина, […]

Скопскиот регион во следните денови со натпросечни температури, а попладне со услови за грмежи, дожд и град


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека во следните денови во скопскиот регион времето ќе биде сончево и многу топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период и оти во делови од котлината во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Повремно процесите ќе бидат во форма […]

Поскапуваат бензините за половина денар, дизелот поевтинува за денар


Од полноќ, бензините поскапуваат за половина денар, а дизелот поевтинува за еден денар. Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 95 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 97 денари за литар, додека новата цена на дизелот ќе биде 85 денари за литар. За […]

Зеленски до светските лидери во Давос: Не можеме да дозволиме во светот да се владее со груба сила


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им се обрати на светските лидери собрани во Давос, во Швајцарија, на првиот ден од работата на Светскиот економски форум (СЕФ). Тој на почетокот на својот говор, реалиизран преку видео линк, ги замоли учесниците на форумот да ја разгледаат важноста на темата на годинашниот СЕФ – историјата на пресвртница. -Оваа […]

На Технолошко-металуршки факултет отворена ИНО ФАБ ЛАБ – катче за младите иноватори 


Средношколци и студенти на возраст од 15 до 29 години ќе можат да ги реализираат своите иновативни идеи во новата лабораторија за производство што беше отворена денеска на Технолошко-металуршки факултет (ТМФ) во Скопје. Станува збор за ИНО ФАБ ЛАБ – катче во кое младите со помош на ментори ќе можат да крираат, иновираат и да […]

Британската влада размислува за данок на неочекувани приходи за компаниите за гас и нафта


Британската Влада не исклучува воведување данок на неочекуваните приходи за нафтените и гасните компании доколку компаниите не го инвестираат профитот во зголемување на капацитетот, изјави денеска секретарот за финансии Сајмон Кларк. Запрашан за можноста за таков данок, Кларк изјави за Скај њуз: „Сигурно не го исклучуваме тоа“. Windfall tax – неочекуваниот данок е данок што […]

Ангеловска-Бежоска: И во светот и кај нас сѐ уште се очекува економски раст за годинава


Рецесија за годинава во моментот не се очекува. И покрај сите предизвици, сите релевантни меѓународни финансиски институции сепак предвидуваат економски раст, но забавен. Рецесија не се предвидува ниту со песимистичките сценарија на меѓународните институции, како ММФ, Европската унија, Европската централна банка, туку дополнително забавување на растот, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју […]

Прва пресуда во Украина: Рускиот војник осуден на доживотен затвор


    Руски војник беше прогласен за виновен на првото судење за воени злосторства одржано во Украина од почетокот на војната. Вадим Шишимарин (21) беше осуден на доживотен затвор за убиство на невооружен цивил неколку дена по почетокот на руската инвазија. Шишимарин стоеше со наведната глава додека судиите ги изнесувале наводите во обвинението, јавува Би-Би-Си. […]

Од Владата демантираат дека службеници како новинари патувале во Софија


Службата за општи и заеднички работи на Владата најостро ги демантира и отфрла како дезинформација објавите на  дел од медиумите за наводното прикривање на вработени лица во Службата како новинари при посетата во Софија,  заради одржувањето на заедничката седница на Владите на Македонија и  Бугарија. „Шесте вработени лица во СОЗР при посетата во Бугарија присуствуваа […]

Управата за матични книги најавува блокада на Министерството за финансии


Поради штрајкот на Управата за водење матични книги, граѓаните не можат да вадат изводи од книгата на родени, венчани и умрени. Дел од вработените во Управата за водење матични книги, кои штрајкуваат речиси еден месец, денеска се пожалија дека наишле на арогантен однос од институциите. „Во ваква ситуација досега не сме се нашле, ваков однос […]

Петков: Големите умови ја нарекуваат Бугарија „културно чудо на Словените“


Вториот ден од официјалната посета на Рим, бугарскиот премиер Кирил Петков се поклони пред моштите на Свети Кирил и Методиј во базиликата Сан Клементе. „Како премиер, му оддавам почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј и ве повикувам  да се потсетиме и да го чуваме нивниот завет. Азбуката што ни ја дадоа светите […]

Хабек: Четири кризи што светот го водат кон глобална рецесија


Освен ако лидерите не решат дел од најголемите светски економски проблеми, тогаш ние можеби ќе се движиме кон глобална рецесија, изјави денеска германскиот министер за економија Роберт Хабек, на Светскиот економски форум во Швајцарија, јави ДПА. Тој тврди дека имало најмалку четири меѓусебно поврзани кризи што треба да се совладаат: високата инфлација, енергетската криза, недостигот […]

УХМР најавува топло и нестабилно време, со пороен дожд, врнежи и грмежи


Времето во следните денови, претежно попладне, ќе биде нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Локално, процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град, но нестабилноста повремено ќе се појавува и во вечерните часови, информира УХМР. Се препорачува поголема внимателност во случај […]