Мајмунските сипаници не се шират како корона вирусот


  Треба да внимаваме што се случува во светот на вирусите. Во случајот со мајмунска сипаница, две работи се издвојуваат – дека заразените немаат врска со земјите каде што болеста е ендемична и дека многу од заразените моментално се хомосексуалци. Ова за Бугарското национално радио го објасни вирологот проф.Радостина Александрова. Оваа болест е ретка, се […]

Атентат во Техеран – убиен полковник на Револуционерната гарда


  Полковник на Иранската гарда на исламската револуција (ИРГЦ) е убиен во редок атентат во Техеран. Се наведува дека двајца вооружени напаѓачи на мотор го застрелале полковникот Сајад Кодаи пет пати во автомобил пред неговиот дом. Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот во неделата, а во тек е потера по вооружените […]

Комисијата за заразни болести во среда ќе расправа за состојбата со мајмунските сипаници


Комисијата за заразни болести ја следи состојбата со мајмунските сипаници во светот, како и препораките на Светската здравствена организација кои во моментот не предвидуваат ограничување на движење на луѓе и стока во рамки на земјите каде не се регистрирани, изјави за МИА портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ. Во среда, посочи тој, е закажан состанок на […]

Азески: Пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – „Абе, ајде, пули си ја работата…“


Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во најновиот негов „Став“, се осврнува на случувањата во економијата како и на најновата анкета на Стопанската комора за проблемите со кои се соочува бизнис-секторот во постапките пред администрацијата која јасно потврдува дека ни се потребни сериозни реформи. Го пренесуваме текстот интегрално:    Месеци наназад, во интензивна комуникација со […]

Австрија замрзна имот на руски олигарси „тежок“ 253 милиони евра


Австрија- Австрија досега се замрзнати 253 милиони евра, имот на руски олигарси, соопшти австриската влада. Надлежната работна група, предводена од Управата за државна безбедност и разузнавачки служби во МВР, како што пишуваат медиумите, ги „замрзнала“ парите на вкупно 97 жиро сметки. Тоа е речиси двојно повеќе отколку што Германија најави во март, се наведува во […]

Радев го предупредува Петков


„Колку повеќе владата се придржува до официјалниот бугарски став изразен во документите усвоени од Националното собрание и последниот Консултативен совет за национална сигурност, колку повеќе ги слуша Бугарите во нашата земја и во Република Северна Македонија, колку поодговорно се однесуваме како  членка на Европската унија и  се придржуваме до вредностите на Унијата, толку полесно ќе […]

Некои морски видови повторно се појавија во Мраморно Море по долго време


Турција– Некои морски видови што со години не биле забележани во Мраморното Море, повторно се појавија, благодарение на плодот од преземаните мерки, тврдат турски морски експерти, јави Анадолија. – Ограничувањето на испуштање отпадни води, контролата на нелегалниот лов или ограничување на ловот и проширувањето на заштитените подрачја помагаат за ширење и размножување на видови и зголемување […]

Каде се руските шпиони?


Повеќе од 400 руски дипломати мораа да ја напуштат Европа од почетокот на војната во Украина. Се вели дека биле шпиони. Безбедносните власти претпоставуваат дека Русија ги прилагодува своите шпионски активности. Линк до целиот текст на Дојче Веле тука

Петар Колев очекува промена на однесувањето по средбата во Рим


Бугарското општество изгубило доверба во  потпишувањето договори со Македонија, тврди Петар Колев, претседател на Граѓанско-демократскиот сојуз во Македонија. Тој  наедно ја критикува „неодамнешната тактика на РСМ да бара опции за решавање на семејните проблеми преку притисок од надвор“. „Македонската политичка елита не може да му објасни на македонското општество одредени реалности од блиското минато. Луѓето кои […]

Бајден најави ново азиско-пацифичко економско партнерство со 13 земји


Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Токио го најави почетокот на ново азиско-пацифичко економско партнерство со 13 земји учеснички, вклучувајќи ги САД и Јапонија, но без Кина, која не гледа позитивно на проектот. Индо-пацифичката економска рамка (ИПЕФ) не е договор за слободна трговија, туку предвидува поголема интеграција меѓу земјите-учеснички во четири клучни области: дигитална економија, […]

„Шпигел“: Неонацисти се борат на страната на Русија


  Германската Федерална разузнавачка служба подготви доверлив извештај за учеството на десничарските екстремистички и неонацистички групи во војната во Украина на страната на Русија. Содржината на документот испратен до германските оддели ја објави весникот „Шпигел“ на 22 мај. Извештајот ги спомнува групите наречени „Русич“ и „Империјална легија“ (фракција на организацијата „Руско царско движење“), кои учествуваа […]

„Пари“: Дали со новата просечна плата претркавме некоја земја од поранешна Југославија?!


Државниот завод за статистика објави дека во март просечната плата во државата изнесувала 31.080 денари. Јасно е дека порастот од 1.241 денари во однос на февруарскиот национален просек од  29.839 денари се должи на растот на минималната плата. Во март, минималната плата се зголеми од 15.194 денари на 18.000 денари. Минимална плата во државава примаат […]

Полска го раскина договорот за гас со Русија


Полската министерка за клима и животна средина Ана Москва објави дека Полска одлучила да го раскине договорот со Русија поврзан со гасоводот Јамал. – Полска го раскина меѓудржавниот договор од 1993 година поврзан со Јамал. Руската агресија врз Украина потврди дека одлуката на полската Влада да биде целосно независна од рускиот гас беше правилна. Отсекогаш знаевме дека Гаспром не […]

Ковачевски се сретна со папата Франциско


  Премиерот Димитар Ковачевски во придружба на ќерката Тамара Ковачевска и делегацијата на Владата што е во дводневна посета во Рим и Ватикан во рамките на традиционалните свечености во чест на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, денеска беше примена од неговата светост папата Франциско.  Ковачевски имаше тет-а-тет средба […]

Шерон Стоун со трик-тоалета на Кроазета: Важно е да е „Долче и Габана“


Франција– Филмската дива Шерон Стоун ја откри гламурозната фигура кога се појави на црвениот тепих за време на премиерата на „Forever Young“ на  75. Кански филмски фестивал во недела. Откако воодушеви во сино-бел фустан на Долче и Габана, 64-годишната актерка ги изненади сите присутни кога соблече едно парчеод колковите. Со мала асистенција од двајца манекени, […]

Министрите за ЕУ денеска разговараат за Украина и проширувањето


Министрите за европски прашања од земјите-членки на ЕУ се состануваат денеска од 10 часот во рамките на Советот за општи работи на ЕУ, и ги подготвуваат двата претстојни самити на лидерите, јави дописничката на МИА од Брисел. На дневен ред е првично Украина, финансиската и хуманитарната помош од ЕУ, енергетските и прехранбените последици за Европа […]

Во бојкотот на руската култура нема никаква логика


Серхиј Лозница е филмски режисер од Украина. Ова е неговиот говор на свеченоста на доделување на наградите на France Culture на Канскиот филмски фестивал. Во своето обраќање Лозница рече дека повиците за бојкот на рускиот јазик и култура се контрадикторни со европските вредности и, едноставно, барањето е исто толку неморално, колку и лудо. Претходно, тој […]

Последни подготовки пред утрешната заедничка литургија на г.г. Стефан и г.г. Порфириј


Во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје се вршат подготовки пред утрешната заедничка Божествена литургија на поглаварите на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан и на Српската православна црква г.г. Порфириј. -Во моментов се одвиваат подготовки на просторот за пречекот на српскиот патријарх, поглаварот на СПЦ г.г. Порфириј. Се уредува внатрешноста и […]

Прва дама на црвениот килим: Карла Бруни-Саркози ѕвезда во Кан


Франција– Канскиот филмски фестивал, освен што важи за еден од најпрестижните настани во светот на филмаџиите, го држи првото место за најочекуван црвен килим на годината. Славните парадираат меѓу папараците и обожавателите во нивните гламурозни креации за време на целиот 11-дневен фестивал на француската ривиера. По многу ѕвезди од Холивуд и Боливуд, на црвениот килим […]

Малолетник настрадал во сообраќајна незгода, потоа го претепале


Полицијата информираше дека утрово во 01.50 часот во Полициска станица Гази Баба В.Ј.(44) од Скопје пријавил дека на 21.05.2022 околу 22.00 часот пред банка на подрачје на Гази Баба неговиот син  бил удрен со возило и потоа физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.