Коњ оставен на тераса во Дебар маало, згрижен во ЗОО Скопје


Полицијата добила неколку пријави од граѓани дека во Дебар Маало има коњ на тераса од стан во напуштена зграда. Од Зоолошката градина информираат дека коњот е згрижен кај нив. -Колегите од Скопје ЗОО, заедно со директорот Кристијан Стаменов, МВР и инспектор на АХВ излегоа на терен и ја започнаа спасувачката мисија на коњчето кое за […]

Пекинг ги продолжи рестриктивните анти-ковид мерки


Пекинг денеска ги продолжи рестриктивните мерки за вработените и студентите да останат во своите домови и нареди дополнителни масовни тестови бидејќи повторно се зголеми бројот на случаи на коронавирус во кинескиот главен град. Бројни станбени населби во градот го ограничија влезот и излезот, иако ситуацијата е многу помалку опасна отколку во Шангај, каде неколку милиони […]

Новиот француски министер Дамиен Абад обвинет за сексуално насилство врз две жени


Франција– Новиот министер за солидарност воп француската Влада, Дамиен Абад, е обвинет од две жени за сексуално насилство што би било сторено пред десет години. Тој жестоко ги оспори нападите и тврди дека биле „невозможно“ да се извршат поради неговата попреченост, јави дописникот на МИА.   Само што беше обелоденета владата на Елизабет Борн и […]

Шпанија зафатена од топлотен бран, температури до 40,3 степени


  Делови од Шпанија зафатени се од топлотен бран кој донесе рекордни температури за мај. Шпанската метеоролошка агенција АЕМЕТ издаде предупредувања за високи температури во 17 региони, а во градот Јаен во Андалузија измерени се 40,3 степени Целзиусови. „Ројтерс“ јавува дека луѓето на југот од Шпанија се обидуваат да се разладат со корситење вентилатор, со […]

Голоб: Словенечкиот Парламент веќе во среда би можел да гласа за нов премиер


 Претседателот на Словенија, Борут Пахор денеска ќе почне разговори со пратеничките групи за кандидатите за мандатар за состав на новата влада. Најверојатно, кандидат ќе биде лидерот на Движењето слобода, Роберт Голоб, а собранието би можело да гласа за новиот премиер во среда. Доколку при разговорите со пратеничките групи се потврди доволна поддршка за Голоб, Пахор и формално ќе го […]

Тедрос: Пандемијата од Ковид-19 не е завршена


Швајцарија– Пандемијата од Ковид-19 не е завршена, предупреди шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејесус и покрај падот на пријавени случаи. Генералниот директор на СЗО пред официнални лица, собрани на отворање на годишниот состанок во Женева, појасни дека „одбивање на тестирања и секвенцирања значи оти сме слепи за еволуцијата на вирусот“, јави Анадолија. Тој […]

Бочели ѝ пееше на свадбата на Кортни Кардашијан во Италија


Италија– Свадбената музика на Кортни Кардашијан и Тревис Баркер беше незаборавна. Андреа Бочели и неговиот син Матео настапија на свадбата на двојката во Италија во недела навечер, PEOPLE ексклузивно може да потврди. Андреа присуствуваше на свадбата со неговата сопруга Вероника Берти. Според извор близок до венчавката, Бочели и Матео ги отпеаја „I Found My Love […]

Борел: Поради поддршката за Украина, Европа ги истроши своите воени залихи


  Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика Жозеп Борел изјави дека војната во Украина тектонски го наруши европскиот сигурносен пејзаж и нагласи дека ЕУ треба да преземе повеќе одговорност за својата безбедност. Иако ЕУ, според Борел, делувала брзо и силно и пружила поддржка за Украина во борната против руската инвазија, нагласува дека на […]

Радоста на живеењето е иста – и во Слоештица и на боемската улица „Ру Муфетар“ во Париз: Интервју со Сергеј Андреевски, ликовен уметник


  „Паметам многу важни моменти од  минатото, но не се обѕрнувам назад, грабам напред; и во уметноста и во животот. За мене, јубилеите се еден вид роденденски прослави – денес славите, веќе утре продолжувате понатаму. Убавината на тие прослави е што ја споделувате радоста со пријателите, а во случајот со творечките јубилеи, ја споделувате радоста […]

Кина најави рекордна жетва на житото


Кина најави голема жетва на житото, за да ги подобри сопствените потреби за храна, среде растот на глобалните цени на храната поради војната во Украина, пишуваат странски медиуми. Околу 80 отсто од житото во југозападна Кина е собрано. Почна жетвата на жито во средниот и долниот тек на реката Јангце, соопшти кинеското Министерство за земјоделство […]

Војната во Украина и ризиците врз светската економија во фокусот на Светскиот економски форумот во Давос


Војната во Украина и ризиците што судирот ги претставува по светската економија ќе бидат во фокусот на Светскиот економски форум што од денеска се одржува во Давос. Соборот се враќа во швајцарското зимувалиште по двегодишна пауза поради епидемијата на коронаворусот, три месеци од почетокот на руската воена интервенција во Украина. Минатата година годишниот состанок се […]

Британско МО: Русија за три месеци во Украина претрпе загуби и жртви колку Советскиот Сојуз во Авганистан за девет години


За првите три месеци од својата „специјална воена операција“ во Украина, Русија најверојатно претрпе жртви колку Советскиот Сојуз за време на својата деветгодишна војна во Авганистан, се наведува во најновиот извештај на британското Министерство за одбрана. Комбинацијата на „лоша тактика, ограничена воздушна поддршка и недостаток на флексибилност“ и пристап кон командата што се карактеризира со […]

Турција загуби 4,8 милијарди долари резерви за само седум дена


Турција има најголема загуба во девизните резерви од почетокот на оваа година, при што загуби 4,8 милијарди американски долари за само една недела. Ова се смета за голем трошок во обидот да се зачува вредноста на домашната валута. Централната банка на Турција соопшти дека загубата настанала за седум дена до 13 мај, пренесува Klix.ba. Вкупните […]

Бројот на жртвите во силните бури во Онтарио и Квебек, во Канада се зголеми на осум


Бројот на жртвите на силните бури во двете најнаселени канадски провинции, Онтарио и Квебек, се зголеми на најмалку осум, соопштија локалните власти. Службите за итни случаи продолжуваат со обнова на уништените столбови за да може да се обнови снабдувањето со струја во домовите на половина милион жители на двете провиници, објави „Гардијан“. Невремето, што во […]

ММФ: Меѓународната заедница треба да ги намали трговските бариери за да се бори со инфлацијата


Меѓународната заедница треба да ги намали трговските бариери, за да се бори со инфлацијата. Оваа препорака ја има во заедничката статија, објавена денеска од извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, нејзиниот прв заменик Гита Гопинат и директорката на Одделот на стратегија, политика и анализа на ММФ, Џејла Пазарбасиоглу. Авторите повикаа на „враќање […]

Белгија ќе фрли над милион вакцини до крајот на летото


Белгискиот дневен весник „Ле Соар“ открива дека Белгија ќе фрли 436.800 дози на вакцината на АстраЗенека затоа што им е поминат рокот, јавува дописничката на МИА од Брисел. На половина милион дози им поминува рокот на 31 мај, додека во текот на летото уште 800 илјади дози на Модерна и 90 илјади на Фајзер ќе […]

Седум држави на АПЕК со барање до Русија неодложно да ги прекине воените дејствија во Украина


Претставниците на седум земји, вклучително и оние кои во знак на протест поради рускиот напад врз Украина го напуштија состанокот на министрите за економија на Азиско-тихоокеанската економска соработка (АПЕК), ја повикаа Русија веднаш да ги прекине воените дејствија. Претставниците на САД, Австралија, Канада, Чиле, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд во заедничко соопштение истакнаа дека […]

Земјотрес ги разбуди Далматинците: „Без предупредување, само татнеж“


Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала утрово ја потресе областа околу Макарска во Хрватска, пренесоа хрватските медиуми. Земјотрес со јачина од 3,3 степени ги разбуди Далматинците утрово во 5:43 часот. Неговиот епицентар бил во морето, 12 километри југозападно од Макарска, јавува ЕМСЦ, кој најпрвин објави дека јачината е 3,4, но подоцна ја […]

Состојбата со мајмунските сипаници сè посериозна: Уште една европска земја воведува карантин


Белгија стана првата земја која воведе задолжителен 21-дневен карантин за мајмунски сипаници, а набргу потоа слична одлука објави и Обединетото Кралство, пренесува „Дејли меил“. „Заразените со вирусот ќе мора да одат во самоизолација три недели“, соопштија белгиските здравствени власти откако беа пријавени три нови случаи во земјата. Сите заразени се поврзани со фестивалот во пристанишниот […]

Русија до есен планира да произведе 50 нови интерконтинентални балистички ракети „Сармат“


Русија планира до крајот на есента да произведе и распореди околу 50 нови интерконтинентални балистички ракети „Сармат“, способни за нуклеарни напади, изјави Дмитриј Рогозин, генералниот директор на руската вселенска агенција „Роскосмос“. Ракетите ќе бидат избработени во производствените капацитети во сибирскиот град Краснојарск, изјави тој синоќа за новинската агенција „Интерфакс“. Русија во април го изведе првото […]