Земјотрес ги разбуди Далматинците: „Без предупредување, само татнеж“


Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала утрово ја потресе областа околу Макарска во Хрватска, пренесоа хрватските медиуми.

Земјотрес со јачина од 3,3 степени ги разбуди Далматинците утрово во 5:43 часот. Неговиот епицентар бил во морето, 12 километри југозападно од Макарска, јавува ЕМСЦ, кој најпрвин објави дека јачината е 3,4, но подоцна ја намали. Според локалните портали, земјотресот бил почувствуван од Шибеник до Корчула.
И хрватските сеизмолози наведуваат магнитуда од 3,3 степени.

„Потресот беше краткотраен, секунда, два, но звучеше како бомба“, беше еден од коментарите на ЕМСЦ.

„Одеднаш, кратко, но силно. Без предупредување. Само татнеше“, е уште еден коментар.