Прва дама на црвениот килим: Карла Бруни-Саркози ѕвезда во Кан


Франција– Канскиот филмски фестивал, освен што важи за еден од најпрестижните настани во светот на филмаџиите, го држи првото место за најочекуван црвен килим на годината. Славните парадираат меѓу папараците и обожавателите во нивните гламурозни креации за време на целиот 11-дневен фестивал на француската ривиера.

По многу ѕвезди од Холивуд и Боливуд, на црвениот килим на Кроазета прошета и прва дама, воедно и супермодел и модна икона- Италијанката Карла Бруни -Саркози (54) .

Поранешната француска прва дамa воодушеви во светкава тоалета во боја на јоргован со прерамки на црвениот килим на Канскиот филмски фестивал , Бруни присуствуваше на проекцијата на филмот „Триаголник на тагата“ . Својот изглед го заврши со ѓердан и сребрени потпетици, додека нејзината шминка и беше едноставна. Се уште е вита иако има син тинејџер и 10-годишна ќерка во бракот со Саркози.

Карла Бруни-Саркози има носено многу различни шапки во нејзините 50 години како топ-модел, меѓу кои најверојатно најпозната е таа како прва дама на претседателот на Франција, Никола Саркози, од 2008 до 2012 година. Но, сепак, пред сѐ нејзината најголема страст остана музиката – кариера во која се најде откако го направи успешниот чекор како модел, и не се откажа дури и поради временските ограничувања со нејзините политички обврски во поддршката на нејзиниот сопруг.

Бруни досега има издадено пет албуми (еден од нив издаден додека Саркози беше на претседателската позиција); нејзиниот последен и шармантен е „French Touch“, под палката на легендарниот продуцент Дејвид Фостер, кој ги носи слушателите низ, на некој начин, бизарно одбрана селекција на преработки. Целосната колекција воопшто нема рима, ниту разум – содржи композиции почнувајќи од Вили Нелсон, АББА, „Клеш“, па сѐ до „Депеш мод“ – но некако успева да биде исклучително персонален и покажува креативна природа која најверојатно се должи на нејзиното напуштање на политичките води.