Прва пресуда во Украина: Рускиот војник осуден на доживотен затвор


Вадим Шишимарин на судењето
 

 

Руски војник беше прогласен за виновен на првото судење за воени злосторства одржано во Украина од почетокот на војната.

Вадим Шишимарин (21) беше осуден на доживотен затвор за убиство на невооружен цивил неколку дена по почетокот на руската инвазија.

Шишимарин стоеше со наведната глава додека судиите ги изнесувале наводите во обвинението, јавува Би-Би-Си. Судиите изјавија дека рускиот војник ја убил жртвата Александар Шелипов, кој „не претставувал никаква закана“ за него.

На судењето беше кажано и дека Шишимарин сфатил дека Шелипов е цивил, но во страв да не го каже местото на групата војници во која се наоѓал, испукал три до четири истрели во главата на Шелипов, при што го усмртил.

Шишимарин на суд рече дека се исплачил и побара да му биде простено. Тој додаде дека „се кае и дека не сакал да убие, тоа  така се случило“.

Судиите рекоа и дека четворица руски војници се предале по убиството без никаков отпор.