„ОМВ“: Европа не е подготвена за забрана на рускиот гас


 Европа не е подготвена за забрана на увозот на гас од Русија, а прекин на испораките би влијаел врз нејзината индустрија и стопанството во целина, изјави Алфред Стерн, првиот човек на австриската нафтена компанија „ОМВ“. – Мислам дека не сме подготвени за ембарго, освен ако не сме подготвени да ги прифатиме последиците. Една работа треба […]

Енди Мареј се повлече од турнирот во Мадрид


Британскиот тенисер Енди Мареј поради болест се повлече од турнирот во Мадрид. Мареј денес требаше да игра со првиот носител Новак Ѓоковиќ (Србија) во првиот меч од третото коло. Наместо нив, на централниот терен ќе играат Андреј Рубљев (Русија) и Даниел Еванс (Велика Британија). Почетокот е закажан за 13 часот. Новак Ѓоковиќ по откажувањето на настапот […]

Шеесет и тригодишно лице од Охрид е давеникот во Охридското Езеро


Шеесет и тригодишен жител на Охрид е починатото лице, пронајдено вчера во водите на Охридското Езеро. СВР Охрид денеска соопшти дека во 7:25 часот било пријавено дека во водите на Охридското Езеро кај комплексот „Горица“ било забележано едно повредено лице. – Од извршениот увид било констатирано дека се работи за Н.Н.(63) од Охрид, кој паднал […]

Регионална конференција на ФАО во Полска – цената на храната и одржливото производство во фокусот


Сигурноста на храната и трансформацијата на земјоделско-прехранбените системи ќе бидат клучна тема на 33. сесија на Регионалната конференција на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) за Европа што ќе се одржи од 10 до 13 мај во Полска. На конференцијата која е највисокото раководно тело на ФАО во Европа и Централна Азија, […]

Во Австралија по 25 години најдена желка која дише преку задникот


Научниците по пат на анализа на ДНК од примероците од водата во северен Квинсленд, Австралија открија дека на тоа подрачје во моментот, се наоѓа вид желка, која по потреба, може да дише низ задникот и која последен пат во тоа подрачје е видена пред повеќе од 25 години. Стручњаците од Универзитетот „Џемс Кук“ анализирале ДНК […]

Слоу фешн и слоу вајн на „Виноскоп“- тајната ја открива Света Богова- Јовановска


Зошто slow lifestyle & slow wine ? -Живееме во време на постојан недостиг на време, односно постојано брзање. Брзаме и кога сме ги завршиле веќе дневните обврски, и кога не би требало да брзаме. Затоа веруваме дека оваа понуда може да ви овозможи сосема ново доживување. Нашата земја е позната по традиционално, разновидно и квалитетно […]

Кирил Петков: Новите интерконектори овозможуваат да се направи нова енергетска карта на регионот


Бугарскиот премиер Кирил Петков на отворањето на меѓународната министерска тркалезна маса во Софија, посветена на регионалната соработка за енергетска безбедност, диверзификација и зелена транзиција, што се одржа во резиденцијата „Бојана“, рече дека новите интерконектори овозможуваат да се направи нов енергетска карта на регионот. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, енергетските миксови […]

Развојна банка: Бескаматни кредити за фирми погодени од енергетската и економската криза, аплицирање од 11 мај


Микро, мали и средни компании, трговци поединци и занаетчии погодени од енергетската и економската криза од 11 мај 2022 година ќе можат да аплицираат за средства од новата бескаматна кредитна линија наменета за обртни средства, соопшто Развојната банка. Јавниот повик ќе трае 15 дена, а барањето за кредит субјектите може да го достават електронски на […]

Скопје дел од „Стартувај го филмот“ за зелена Европа


Новиот EU Youth Cinema: Green Deal претставува европски филмови на теми како што се одржливост, заштита на климата и општествена одговорност, а првите ќе бидат прикажани на Деновите на Европа од денеска до 9-ти мај 2022 година. Климатските промени и деградацијата на животната средина се егзистенцијални закани за Европската унија и светот. Со извонредни филмови, […]

Пендаровски: Македонскиот јазик е наше основно човеково право, право на самоопределување и самоизразување


 Денеска оддаваме почит на нашата особеност, на нашиот идентитетски темел и лингвистичка гордост – македонскиот јазик. Јазикот на Конески, Шопов, Јаневски и на сите творци на македонската литературна реч е огледало на самобитноста. Тој е и наше основно човеково право, право на самоопределување и самоизразување, порача претседателот Стево Пендаровски по повод 5 мај – Денот на […]

Анкета на Народната банка: Банките и штедилниците најавуваат нови производи за „зелено кредитирање“


Речиси 90 отсто од сите банки и штедилници кај нас сметаат дека климатските промени се важен извор на ризик за финансиската стабилност, покажува најновата Анкета за ризиците од климатските промени, којашто Народната банка ја спроведе на почетокот на 2022 година. Само 40 отсто од банките и штедилниците имаат воведено нови производи и услуги како реакција […]

Лани животот го осигурале над 260.000 граѓани, вложиле над две милијарди денари


Вкупните вложувања на граѓаните во животно осигурување минатата година надминаа две милијарди денари или 32,5 милиони евра. Ова е рекордно односно највисоко годишно ниво на вложувања во животно осигурување од востановувањето на пазар за животно осигурување во 2005 година, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Како што информираат од АСО, повеќе […]

(Во живо) Одбележување на Денот на македонскиот јазик


Со неколку настани денеска се одбележува Денот на македонскиот јазик – 5 Мај, кој беше прогласен во 2019 година со одлука на Владата. На овој ден во 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 […]

Суперѕвездата Џиљола Чинкети ќе пее на финалето на Евросонг во Торино


Италија– Италијанската суперѕвезда и првата победничка на натпреварот во Италија, Џиљола Чинкети, ќе биде специјална гостинка на финалето на Евросонг на 14 мај во Пала Олимпико во Торино. Се наближуваат неверојатни 60 години откако Џиљола победи на Изборот за песна на Евровизија со нејзината песна Non Ho L’età (Per Amarti). Од таа победа во 1964 […]

Украински олигарх ја користи својата империја во борбата против Путин


  Американската медиумска куќа Си-ен-ен разговараше со украинскиот олигарх Дмитро Фирташ, кој ја користи својата империја во борбата против Путин, но нему му се заканува испорачување во САД поради обвинение за корупција. Фирташ со причина се грижи за својата сигурност, затоа што издашно ги финансира напорите на украинската војска. Се вози во лимузина со стакла […]

Променливото време и врнежите добредојдени за земјоделството


Топлото време со температури и над 25 степени во претходните денови, ги изнесе земјоделците на нивите. Ваквите температури, надпросечни за овој период на годината, беа добредојдени за културите кои имаат потреба од повеќе сонце за развој. Како што велат метеоролозите, поволно влијаат и повремените врнежи дожд поради потребата од влага во почвата. Според метеоролозите, овој […]

Ден Ајкројд се разделува од сопругата по речиси 40 години брак


САД- Ден Ајкројд и неговата сопруга Дона Диксон се разделуваат по речиси 40 години брак. Двојката ја објави својата разделба во заедничка изјава за PEOPLE во петокот, истакнувајќи дека тие продолжуваат да бидат легално во брак. „После 39 години како двојка, сега сме на одвоени животни патеки. Остануваме законски во брак, колеги родители, соработници и […]

Одбележување 60 години од отворањето на првиот лекторат по македонски јазик во светот


Денеска, на Денот на македонскиот јазик, со свечен, виртуелен настан ќе бидат одбележани 60 години од отпочнувањето на изучувањето на македонискиот јазик, литература и култура на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана. Во академската 1961/1962 година, во Љубљана беше отворен првиот лекторат по македонски јазик во светот, за набрзо потоа да прерасне во Катедра за […]

САД со најголем број починати со Ковид-19


САД– Бројот на починати од последици од коронавирус во САД надмина еден милион, покажуваат податоците на интернет-страницата „Ворлдометерс“ (Worldometers). Повеќе од еден милион луѓе починале 27 месеци откако во САД беше потврден првиот случај на Ковид-19. По САД, најмногу починати од последици од Ковид-19 има Бразил – повеќе од 600.000 лица. Третото место го зазема Индија […]

Денеска штрајкувачите од матично ќе блокираат неколку скопски улици


Вработените од Управата за водење на матичните книги, кои штрајкуваат веќе шести ден, најавија дека денеска попладне ќе одржат протест од 15 до 17 часот пред Министерството за правда, каде што ќе бидат блокирани улиците.  Независниот синдикат на Управата бара донесување колективен договор на ниво на работодавец, линеарно покачување на платите за 30 отсто и подобрување […]