Во 700 цркви и манастири ќе се спроведе мониторинг на православното културно наследство


Точен увид во состојбата на зачуваноста на православните добра и потребата од заштитни интервенции на црквите и манастирите во државава е целта на мониторингот кој ќе го спроведува Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети ИКОМОС Македонија, во соработка со Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија. Мониторингот ќе го спроведуваат специјалисти од областа […]

Во Мариупол нема луѓе и храна, а Русите донесоа камена статуа


Заменик-шефот на кабинетот на рускиот претседател Владимир Путин откри статуа што ја симболизира поддршката за руската инвазија на Украина во окупираниот град Мариупол.Сергеј Кириенко одржа говор покрај споменикот, на кој е прикажана постара Украинка која држи советско знаме, на плоштадот „Ленински Комсомол“ во градот. Пензионерката, позната како бабушка Ања, стекна вирална популарност меѓу провоените Руси […]

Хороскопски знаци кои вечно ја „извртуваат“ вистината


Астрологијата открива кои хороскопски знаци сакаат да ги „извртуваат“ фактите само за да ги придобијат симпатиите на другите. Сепак, многу луѓе не се свесни дека тоа го прават поради длабоко вкоренета несигурност. Можеби тие се оние кои се навистина загрижени, бидејќи се плашат дека никој нема да се грижи за нив. Затоа често се способни […]

Има доволно време матурантите да се подготват за испитите, ќе нема прашања од периодот на штрајкот


На испитите од државната матура нема да има прашања од наставниот материјал од времето на штрајкот во училиштата. Пријавени за матура во јуни се 15.899 кандидати. Учениците кои не ја положија проектната задача, за која законскиот рок беше 21 април, ќе имаат дополнителен период да ја положат до 19 мај кога, според календарот за наставни […]

Распишан конкурс за проекти за манифестацијата „Цртај на македонски јазик“ во 2022 година


Министерството за култура денеска распиша конкурс за учество во финансирање проекти за манифестацијата „Цртај на македонски јазик“ во 2022 година. Конкурсот денеска го најави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на одбележувањето на 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. На настанот се обратија премиерот Димитар Ковачевски, министерот за образование и наука Јетон Шаќири и министерката за труд […]

Европол добива поголеми овластувања


 Пратениците од Европскиот парламент дадоа зелено светло за поголеми овластувања на Европол во борбата против новите закани, кои ќе бидат придружени со подобра заштита на податоците и построг надзор. Со 480 гласа „за“, 143 „против“ и 20 „воздржани“ Европарламентот формално го одобри договорот усвоен во февруари меѓу Парламентот и преговарачите на ЕУ за зајакнување на […]

Лукашенко тврди дека правел се за да ја запре војната во Украина


 Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека „направил се за да ја запре војната во Украина“. Во интервју за агенцијата Асошиејтед Прес, Лукашенко рече дека не мислел оти руската воена операција во Украина „ќе отиде во оваа насока“. – Не сум доволно задлабочен во овој проблем за да кажам дали се оди според планот, како што велат Русите. Сакам уште еднаш […]

Денот на Европа со концерт на Дуке Бојаџиев и Филхармонија во Градски парк


Делегацијата на ЕУ и Europe House Скопје, во соработка со меѓународно признатиот македонски филмски композитор, музички продуцент и пијанист Дуке Бојаџиев го одбележуваат 9 мај – Денот на Европа. Концертот ќе се одржи на 8 мај, во 20 часот. „На специјалната вечер во градскиот парк во Скопје, Дуке и неговите еминентни гости, двајца раскажувачи и […]

Рајков: За немањето напредок со Македонија виновни се други земји членки на ЕУ


   Марин Рајков, поранешен премиер и министер за надворешни работи на Бугарија, на трибината организирана во Софија порача дека интерес на Бугарија е Македонија да ги започне преговорите за идно членство во Европската Унија, но дека границата што не дели – мора да биде што е можно пониска.  Тој смета дека Бугарија не ја уценува […]

Сакаш да бидеш некој и нешто? Тогаш… читај и посети го Саемот на книга во Скопје (галерија)


Секоја година Саемот на книгата ја отвара дилемата: Дали во Македонија се читаат книги? Од една страна, напливот на медиуми и интернет сепак не ја истисна книгата, според експертите има читатели кои освен лесна литература и бестселери, читаат стручна литература. Од друга страна, во Македонија нема развиено култура на читање, која подразбира свест и потреба […]

Самостојна изложба на Наташа Неделкова во МСУ


На 7 мај (сабота), во 12 часот на пладне ќе биде отворена самостојна изложба „Изведувајќи го безличното/Манифестирање на спекулумот“ (Performing the Impersonal / Manifesting Speculum) на уметницата Наташа Неделкова. Наедно ќе може да се ужива и во пролетно матине со единствениот поглед кон градот.  Куратори на изложбата се: Ива Димовски, Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец. Неделкова е една од […]

Радев си формираше проруска партија во Бугарија


  Стефан Јанев, разрешениот министер за одбрана од владата на Кирил Петков, денеска ја промовираше својата инстант политичка партија зад која, според бугарски оценки , стои инспирација од претседателот Румен Радев кој  ја губи контролата врз премиерот, па сака да му ја одземе власта. Јанев беше експресно сменет од владата откако излезе со проруска позиција […]

Директорот на ЈСП – Скопје поднел оставка, Град Скопје тврди дека му завршил мандатот


Директорот на ЈСП „Скопје“ Иван Илиевски си поднел оставка само пет месеци откако беше назначен од скопската градоначалничка Данела Арсовска, дознава СДК. Јавното претпријатие е во лоша финансиска состојба со години и се одржува од субвенции кои месечно надминуваат милион евра.   Илиевски е втор директор од тимот на градоначалничката Арсовска кој си заминува од функцијата. […]

Во СВР Тетово пријавена измама за добивање стан преку хуманитарна организација ако се платат трошоци


Триесет и деветгодишна жителка на скопско село вчера во тетовската полиција пријавила измама.  Таа поверувала на измамник дека ако даде пари за трошоци, тој преку хуманитарна организација ќе и обезбеди стан. -Според пријавеното, лицето и ветило дека ќе и помогне да ѝ доделат стан преку хуманитарна организација, но за подмирување на одредени трошоци побарало од […]

„Анима Мунди“ реагира: Запрете ја забавата со измачување на коњите во Берово


Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ бара од надлежните институции да го запрат натпреварувањето во влечење трупци во Берово во кое учествуваат коњи.    “Во петок во Берово ќе се одржи Штрапаријада, настан во кој коњите се натпреваруваат во влечење трупци кои тежат до неколку тони” – вака започнува разгласот за еден импровизиран и […]

Утре попладне локален пороен дожд со грмежи и засилен ветер


УХМР за утре попладне најавува зголемена облачност, локално со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските минимални температури ќе се движат од 4 до 10 степени, а максималните дневни од 15 до 24. Во следните денови, според УХМР, времето ќе биде претежно стабилно и релативно топло.

„Норма“ ги отвора, а „Аида“ ги затвора јубилејните 50. „Мајски оперски вечери“


Традиционално, со звуците на „Триумфалниот марш“ од „Аида“ и палење на фестивалскиот оган, во Националната опера и балет на 9 мај 2022, со почеток во 19.30 часот, ќе бидат отворени јубилејните 50. „Мајски оперски вечери“. Оваа година, фестивалскиот оган ќе го запали нашата оперска примадона г-ѓа Милка Ефтимова. Меѓународниот фестивал на оперската уметност „Мајски оперски […]

КСС избира ново раководство, Ралповски единствен кандидат за уште еден мандат


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска на конгрес го избира новото раководство, а единствен кандидат за претседател е досегашниот претседател Благоја Ралповски. – Очигледно се задоволни од она што се случуваше во изминатите години. Мислам дека синдикатот го издигнавме на едно повисоко ниво и докажавме дека синдикалното организирање не е мртво, туку напротив го оживеавме […]

Бектеши: Северна Македонија е вклучена во сите регионални иницијативи за сигурно снабдување со гас


Министерот за економија Крешник Бектеши во обраќањето на меѓународната конференција на министрите за енергетика од Западен Балкан, заедно со нивните колеги од Украина, Турција и Азербејџан, истакна дека дека учесниците во Софија се исправени пред воената агресија на Русија во Украина која предизвикува големи загуби за сите. Како што јави дописникот на МИА од Софија, […]

Македонскиот јазик е дел од најстарите книжевно-јазични традиции


Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска организираше четврто чествување на 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, кој со одлука на Владата се одбележува од 2019 година како потсетник на историскиот 5 мај 1945 година кога со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик. Заменик-министерот за образование Љуљзим […]